Фармацевти
Контакт

<< Назад

РАЗВЕСЕЛЕТЕ ГО ВАШИОТ ДОМ СО „ЈАДЛИВИ“ ПЕРНИЦИ

април 1, 2018

Бојана Бугарски

Ситните детали се она што секој ентериер го прави единствен, а внесуваат и посебна атмосфера. Перниците може да бидат еден од нив!

Доколку сте посакале да го освежите својот дом и да внесете бои во него, или стариот кревет или фотелја да добијат нов изглед, ви предлагаме да ги украсите со слатки перници во облик на некоја од вашите омилени слатки.

Ние направивме две – една со облик на овошно колаче, а другата со облик на крофна.

  1. Овошно колаче – за оваа перница потребен ви е памучен материјал кој ќе го искороите во облик на правоаголник со обли рабови. За да си олесните и да избегнете шиење, ви предлагаме да користите лепило за ткаенина. Залапете ги рабовите, но оставете десетина сантиметри отвор, за, кога лепилото ќе се исуши, да ја завртите перницата и низ отворот да ја наполните со кофлин (термо вата). Розе „овошен прелив“ добивме од филц (материјал), кој го скроивме во неправилен облик на правоаголник и на него залепивме шарени зрнца, а потоа сето тоа го заливме на перницата. Кога сте ја наполниле перницата со вата ви останува уште само да го затворите отворот.

  2. Крофна – како и во случајот на првиот предлог, потребен ви е материјал во портокалова боја кој најмногу би асоцирал на крофна. Материјалот исечете го во облик на круг со дупка во средината. Можете да користите некои калапи за кругови, а можете и сами да направите шестар со помош на коноп и молив, држете го прстот во центарот и вртете за да исцртате круг. Спојте ги материјалите со лепило по рабовите, исто така, оставете отвор од десетина сантиметри, а помалиот круг сошијте го дури откако перницата ќе ја завртите од лице. Од виолетовиот филц направивме прелив, а шарените лентички ги залепивме на филцот да потсетуваат на трошки нанесени на крофна. Наполнете ја перницата со вата и затворете го отворот.


Овие перници дефинитивно ќе ви го развеселат домот, а и слатките сни при попладневната дремка нема да изостанат.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>