Фармацевти
Контакт

<< Назад

КАКО ДА ЈА ЗГОЛЕМИТЕ ЕНЕРГИЈАТА ВО ПРОЛЕТ

април 1, 2018

Душан Гољиќ

м-р по фармација

Заморувањето и чувството на тежина и замор кои се карактеристични за почетокот на пролетта, се надминуваат со здрава исхрана богата со витамини и минерали и со физичка активност, но и со суплементи, посебно ако поради темпото на живот не сме во можниост секогаш да се придржуваме до правилата за здрав начин на живот, или сме изложени на стрес и зголемени напори. Во аптеките постои широка лепеза на билни препарати или диететски суплементи кои фармацевтот ги издава без лекарски рецепт, со совет за адекватна примена.

Витаминските препарати го крепат организмот и ја зголемуваат енергијата. Витамините од Б-групата имаат низа физиолошки функции, од кои во овој случај најбитна е производство на енергија и активна регенерација на нервниот систем. Витаминот Б1 учествува во метаболизмот на шеќерот, додека витамините Б6, Б12 и фолна киселина придонесуваат за синтеза на протеините. Витаминот Б5 ја подобрува регенерацијата на клетките, а Б12 има улога на протектор на нервните влакна. Земањето витамини од оваа група, поединечно или во комбинација, е препорачливо во пролетниот период, во траење до 3 месеци во континуитет. Додека сè уште не сме излезени на силно сонце, корисно е да се земаат витамин Д3 и витамин Ц поради нивните заштитни улоги. По правило, витамините се земаат со обрак во дефинирани количини за дневен внес. Во природата ги наоѓаме во зелениот зеленчук, семките и житните растенија.

Минералите се внесуваат преку храната, но доколку оброците не секогаш ни се разновидни, или сме изложени на зголемени ментални и физички напори, се препорачува земање минерални комплекси со комбинирана содржина, особено поради нивното синергистичко дејство. Магнезиумот е користен кај зголемена работа на скелетните мускули и срцевиот мускул. Калциумот има функција во минерализација на коските, како и во контракција на мускулите. Цинкот, селенот, бакарот и манганот се препорачува да се земаат во вид на суплементи, првенствено затоа што имаат есенцијални функции во синтеза на хормоните неопходни за регулација на сите телесни функции. При интензивен физички напор се препорачува земање препарати богати со калиум, пред сè, поради оптимално одржување на функцијата на бубрезите. Комбинациите од минерали покажале практична примена и во борба против упорните алергии, и може да помогнат на оние кои се чувствителни на пролетни алергени.

Билните препарати може да бидат од помош и доколку сме изложени на интензивни напори кои бараат многу високо ниво на енергија. Производите на база на гинко, женшен, арктичка ружа, се наоѓаат во формулациите за подобра меморија и концентрација и поволно влијаат на протокот на крв во  мозокот и мускулите.

Суплементите имаат ефект во јакнење на имунитетот и способноста на нашиот организам со полна снага да  функционира на различни полиња и задачи. За изборот, составот и дозирањето треба да се консултирате со фармацевт.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>