Фармацевти
Контакт

<< Назад

НАЈГОЛЕМ ОРГАНИЗАМ ВО СВЕТОТ

мај 1, 2018

Веројатно кога повеќето читатели ќе го видат овој наслов ќе помислат на синиот кит и неговите фасцинантни 30 метри и 180 тони. Меѓутоа, ако како организам дефинираме група на генетски идентични клетки кои меѓусебе комуницираат и имаат заедничка цел, тогаш науката нè упатува во Орегон. Падините на тамошните Блу Планини се дом на огромно суштество кое го запрепастило научниот свет.

Овој гигант зазема територија од околу 965 хектари! Во прашање е медна печурка, што, всушност, е заеднички назив за неколку вида печурки од родот Armillaria. Откако одреден број стебла почнале да изумираат, во националната шума во Орегон во 1998 година, научниците покренале истрага. Откриле дека корењата на речиси секое од испитаните примероци било заразено со споменатата печурка, додека раздалеченоста помеѓу најоддалечените жртви на генетски идентичниот предизвикувач била поголема од 4 километри. Староста на оваа колонија печурки е проценета на повеќе од 8000 години.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>