Швајцарските научници после испитување на остатоци на метеорит кој експлодирал над северен Судан во 2008 година, заклучиле дека тоа небеско тело, всушност, е остаток од „прото планета“, една од десетината планети кои постоеле во нашиот Сончев систем. Дијамантите пронајдени во испитаните примероци може да настанат само под притисок поголем од 20 гигапаскали, што се услови можни само во внатрешноста на големите планети. Ова откритие оди во прилог на теоријата според која денешните планети настанале од остатоци од некогашни небески тела. Тие биле со големина на Марс, со текот на времето срастувале во поголеми планети, се губеле во меѓусебни судири, судири со Сонцето, или заминувале надвор од границите на Сончевиот систем, пред повеќе милијарди години.
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци