Фармацевти
Контакт

<< Назад

БРЗО И ЛЕСНО

јули 1, 2018

Здрави летни оброци

 

Топлите летни денови се идеални за уживање во лесни јадења подготвени со многу свежи состојки.

 

Автор Билјана Божовиќ

 

Една од основните здравствени препораки кон која би требало да се придржуваме во текот на топлите денови е онаа која се однесува на приспособување на режимот на исхрана. Летните оброци не би смееле да бидат тешки, а со изобилство од свежи намирници на пазарите и во продавниците нема ни потреба за тоа. Оброците, исто така, не би требало да бидат преобилни, подобро е да се јаде почесто, а помалку. Ви препорачуваме да испробате некои од овие рецепти.

 

Летна медитеранска салата

Состојки:

100 г фета сирење

6 чери домати

1/2 главица зелена салата

1 шолја црни маслинки

1 кромид

маслиново масло

сол

бибер

оригано

 

Подготовка:

Кромидот исечкајте го на парчиња и посолете го. Овој чекор можете да го прескокнете и да го исфрлите од рецептот ако не ви годи кромидот. Зелената салата измијте ја и исцепкајте ја на поситни парчиња. Доматот исечете го на парчиња, маслинките на тркалца или оставете ги цели. Фета сирењето исечкајте го на коцки, прелијте го со маслиново масло и сè нежно промешајте. Со малку препечен леб ова е совршен летен оброк, а убаво оди и со риба на скара.

 

Телешко со зеленчук

Состојки:

200 г телешко месо

1 црвена пиперка

1 главица кромид

2 моркови

4 чери домати

1/2 главица салата

1 лимон

маслиново масло

сенф

сол

бибер

 

Подготовка:

Измешајте го сокот од лимон со лажица сенф и лажица малсиново масло. Парче месо „измасирајте“ со оваа мешавина, поселете, додадете бибер и оставете во фрижидер да отстои барем 45 минути. Потоа испржете го на врело масло така што ќе добие убава златеста боја од сите страни. Оставете да се излади 5-6 минути. За тоа време исечкајте го зеленчукот, измешајте го и распоредете го на чинии. Телешкото исечете го на тенки парчиња, распоредете го над зеленчукот и прелијте го со остатокот од мешавината од сенф, сок од лимон и масло.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>