Фармацевти
Контакт

<< Назад

АЛЕРГИСКИ РИНИТИС

јули 1, 2018

Како да ја намалите непријатноста

Симптомите на ринитис личат на настинка, но ако настинката трае подолго од една недела и се јавува секогаш во исто време најверојатно се работи за алергиски ринитис.

 

Автор: д-р Весна Атанасовска

Алергиски ринитис е воспалителна реакција на носната слузница која се јавува после допир со алергени од околината. Некои луѓе имаат алергиски ринитис само во одреден период од годината, напролет или наесен (сезонски ринитис или поленска треска). Некои луѓе може да го имаат во кој било период од годината (несезонски ринитис или целогодишен). Според податоците на Светската здравствена организација, 10-25% од луѓето  во светот имаат некој облик на алергиски ринитис.

Причини за појава на алергиски ринитис

Сезонскиот алергиски ринитис може да биде предизвикан од полен од дрвја, цвеќиња, трева или плевел. Домашната прашина, влакната од животни, мувлата можат да предизвикаат несезонски ринитис. Нагли промени на температура, магла, физички напор, загаден воздух можат да ги влошат симптомите.

Фактори кои влијаат на развој на алергиски ринитис

Алергија во семејството, кај машкиот пол почесто се јавува, деца кои се предвремено родени, рана употреба на антибиотици, претерана изложеност на чад од цигари, деца родени во месец кога цветаат растенија (бреза, амброзија, топола).

Симптоми на алергиски ринитис

Најчести симптоми на алергиски ринитис се: често кивање (повеќе пати дневно), затнат нос и течење на воденикав секрет од носот, чешање и црвенило на носот и очите, чувство на пецкање и солзење на очите, потоа надразнителна кашлица и гребење во грлото. Симптомите на алергиски ринитис може да исчезнат спонтано или со користење одредени лекови.

Иако алергискиот ринитис може да се јави во кој било период од животот, вообичаено е да се развие во текот на детството и младоста. Co текот на годините симптомите на алергиски ринитис кај повеќето пациенти полека се намалуваат.

 

Третман на алергиски ринитис

Избегнување алергени се препорачува само ако тие предизвикуваат значајни симптоми.

Деконгестиви - се препорачува краткотрајно користење (не подолго од 7 до 10 дена) за ослободување на затнатост на носот, а често се потребни пред започнување на терапија со локални стероиди.

Антихистаминици - ефективни лекови во контрола на кивањето и продукцијата на секрет.

Локални стероиди -  ефикасни против сите симптоми на алергиски ринитис.

Капки за очи

Солени раствори - за влажнење на слузницата на носот ако се користат антихистаминици и тописки кортикостероиди кои причинуваат сувост или иритација.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>