Фармацевти
Контакт

<< Назад

АПТЕКАРСКО ЛЕКУВАЊЕ СТОМАЧЕН ВИРУС

јули 1, 2018

Најчеста летна тегоба

 

До инфекција често доаѓа како резултат на контакт со вирусот преку валкани раце или консумирање храна или вода контаминирани со фекална содржина.

 

Автор Душан Гољиќ

м-р по фармација

 

Почнува како лесна треска која се спушта низ ’рбетот и го зафаќа абдоменот. Прво личи на настинка, бидејќи обично се јавува малку покачена температура. Проследена е со чувство на непријатност во стомакот кое преминува во стегање, што има за последица мачнина. По неколку часови исклучително непријатно чувство го зафаќа стомакот, придружено со грчеви и гасови, што подоцна може да се манифестира како гадење на храна и вода, нагон за повраќање, а обично се јавуваат и тешки, зачестени водени дијареи.

 

Кај пациенти кои инаку немаат хронично заболување на дигестивниот тракт, овие симптоми се опишуваат како акутен вирусен гастроентеритис, заболување попознато под називот стомачен вирус. Лекувањето стомачен вирус подразбира комбинирана употреба на препарати кои дејствуваат на предизвикувачот (каузална терапија), како и на последицата (симптоматска терапија) на инфекцијата. Како прва линија се препорачува земање детоксиканти, т.е. препарати кои ги апсорбираат токсичните остатоци на вирусниот метаболизам во дигестивниот тракт и го чистат. Супстанциите како што се симетикон или активен јаглен се добри интестинални адсорбенти и се покажале како ефикасни во пракса како средства за брзо олеснување тегоби. По употребата на овие средства не се препорачува земање други лекови во текот на следниот час.

 

Со оглед на тоа дека доаѓа до дисбаланс на цревните микробиотици, индуцирано е земање пробиотици. Се препорачува употреба на пробиотици кои содржат бактериски соеви Lactobacillus, во комбинација со пробиотик на база на габата Saccharomyces bulardii.

 

Најсериозна компликација на стомачните инфекции е дехидратација. Се препорачува употреба на орални рехидратациски системи (ОРС). Тоа се сложени препарати кои содржат точно избалансиран однос на минерали и шеќери, кои се земаат орално. Кај интензивна дијареја е индицирана употреба на антидијареици, лекови против дијареја, како што се лоперамид или нифуроксазид.

 

Главни виновници

Најчести предизвикувачи се Ротавирус или Норовирус кои ги користат ензимите на дигестивниот тракт за свој опстанок, и го пореметуваат нормалното варење. Инфекцијата трае од 7 до 14 дена, а акутните симптоми сами поминуваат во период од 2 до 5 дена.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>