Фармацевти
Контакт

<< Назад

МОРАЧ

јули 1, 2018

Го чисти организмот и ги јакне крвните садовиБлаготворен за стомакот

Foeniculum vulgare Mill. – морач

(фамилија штитоцветни – Apiaceae)

 

Во античка Грција оваа билка е нарекувана маратон. После прочуената битка станала симбол на победа. Морачот како зачин го користеле Египќаните, Грците, Римјаните, но и Кинезите уште во бронзена доба.

 

Автор проф. д-р Радиша Јанчиќ

 

Морачот е повеќегодишна зелјеста билка со силен и пријатен мирис. Стебленцето е високо до 2 метра. Тркалезно е, ситно набраздено и празно. Листовите се од 3 до 5 пати делени во вид на перја со долги, речиси кончести резени, голи, сиво-сини. Темножолтите и жолтите цветови се собрани во прости штитести цутови. Од 4 до 25 цута градат сложен штит. Инволукрумот (листовите во основата на сложениот штит) и инволуцелумот (листовите во основа на простиот штит) ги нема. Плодот има димензија од 4 до 10 мм, издолжено е јајцевиден, со јасно изразени ребра. Браздите се со поединечни канали со етерични масла, на централната страна се со по 2 канала. Цвета во текот на јули, август и септември. Распространет е во природата, a исто  така, често се одгледува поради своите многубројни корисни особини. Од морачот се користат надземните делови, плодот и етеричното масло. Како извор на суровина главно се користат одгледувани билки, набрани по дозревањето.

 

Примена

Листовите се користат како зачин, а месестите лисни основи како салата. Исушен, зрел плод од морач се употребува во облик на чај како благо средство за искашлување, поттикнување на варење и подобрување на апетитот. Состојка е на официелен чај за чистење. Состојките на етеричното масло од плодовите (анетол) поволно дејствуваат кај полесни дигестивни пореметувања, се употребуваат во педијатријата кај грчеви во стомакот. Етеричното масло се користи за подобрување на искашлувањето слуз кај продуктивна кашлица и за подобрено варење на храната. Наоѓа примена во прехранбената и парфимериската индустрија.

 

Зачин популарен во многу рецепти

Зрел и исушен плод, сомелен или цел, се меша со брашно за леб или за колачи, давајќи им слаткаска, освежителна арома. Се користи како зачин за супи, сосови, јадења од риба, за масни јадења, како што се свинско или месо од питом шаран. Младите листови се добар додаток на зелена салата и салата од домат или јогурт. Зелените штитови се додаваат при подготвување кисели краставички.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>