Фармацевти
Контакт

<< Назад

НЕВРАЛГИЈА НА ФАЦИЈАЛНИОТ НЕРВ

септември 1, 2018

Кога провевот е навистина опасен

 

Поради својата анатомска позиција нервите на лицето се многу чувствителни на температурни промени. Летото е период од годината кога доаѓа до воспаление на фацијалниот нерв, а оваа болна состојба, за среќа, во најголем број случаи лесно се лекува.

 

Автор Јасна Петровиќ

 

Седмиот мозочен нерв (фацијален нерв или нерв на лицето) покрај тоа што ги инервира мускулите на лицето одговорни за мимиката, како и мускулот на узенгијата, обезбедува и инервација на солзните и плунковните жлезди (освен паротидната жлезда). Во случај на воспаление на овој нерв доаѓа до привремена одземеност на мускулите на половина лице, што изгледа застрашувачки за пациентот, но со адекватна терапија доаѓа до целосно излекување. Подеднакво се загрозени двата пола, најчесто на возраст од 30-тата до 50-тата година од животот.

 

Симптоми

Пецкање е почетно чувство кое се јавува кај пациенти со воспаление на фацијалниот нерв. Тоа преминува во слабост на мускулите, која продолжува во состојба во текот на која мускулите, како резултат на пречките во дотокот на нервните импулси, доведуваат до искривеност на лицето. Со оглед на тоа што овој нерв прима и сетилни информации од јазикот, можно е да се јави чувство на променет вкус на храната. Делот кој го инервира мускулот на узенгијата во слушниот апарат, исто така, може на мозокот да му достави изменети информации, па доаѓа до промена во слухот. Посебно внимание треба да се посвети на превенција на оштетувања на окото. Имено, како резултат на воспалението на овој нерв може да дојде до престанок на лачењето солзи, како и до неможност за затворање на очниот капак. Ова доведува до сушење што може да биде причина за сериозни оштетувања на окото. Како и сите невралгии, и оваа е исклучително болна состојба.

 

Причини

Нагли промени на температурата и останати микроклиматски услови доведуваат до реакција на крвните садови во смисла на собирања и ширења. Нервите се обложени со капилари, секоја промена во нивниот тонус и пречник има директно влијание на нервната спроведливост. На својот пат помеѓу мозокот и лицето фацијалниот нерв  поминува низ одредени коскени структури. Ова го прави посебно чувствителен на споменатите промени, бидејќи капиларите во каналот кој води низ темпоралната коска нема каде да се шират па вршат притисок на нервот. Најчесто до ова доаѓа при изложеност на директно струење на воздух од клима-уредите, престој на провев со мокра коса, возење со отворен прозорец и слично.

 

Лекување

Повеќе од половина пациенти со ова воспаление успеваат да се вратат во нормална состојба по неколку недели спонтано, без терапија. Закрепнувањето кај постари пациенти трае нешто подолго. Иако оваа состојба би можела да се смета за вид на настинка, посетата на лекар е неопходна штом ќе се забележат првите симптоми. Ова е неопходно и за со дијагностика да се исклучат други можни причини за одземеност на мускулите на лицето. Вообичаено се применува терапија со кортикостероиди со цел намалување на отокот околу нервот и враќање на неговата функција. По потреба лекарот препишува и средства за намалување на болката и опуштање на мускулите.

 

Помош со терапија

Во договор со лекар и фармацевт може да се земат некои од додатоците на исхрана кои позитивно влијаат на воспалениот нерв. Исто така, се советува држење топли облоги. Нежна масажа на лицето и вежбање на мимиката пред огледало помагаат во придвижување на заспаните мускули

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>