Фармацевти
Контакт

<< Назад

МОМЧЕ ПРОНАШЛО НАЧИН ЗА РЕЦИКЛИРАЊЕ СТИРОПОР

септември 1, 2018

Ештон Кофер, млад пронаоѓач, со својот тим успеал да пронајде начин за рециклирање стиропор. На идеја дошол кога еден од членовите на тимот, по враќањето од патување во земјите од Централна Америка, соопштил дека видел плажи буквално прекриени со стиропор. На овој сеприсутен материјал му се потребни повеќе од 500 години за да се разгради во природата. Досегашните обиди за рециклажа на стиропор се отфрлани поради високата цена и потенцијално штетните нуспроизводи. Ештон со својот тим смислил како јаглеродот кој веќе е присутен во стиропорот да се преведе во форма идентична на активниот јаглен кој се користи во филтрите за прочистување вода. До откритие не дошлол веднаш, туку по многу обиди, од кои еден вклучувал и предизвикување помал пожар во рамките на неговиот дом.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>