Фармацевти
Контакт

<< Назад

БАДМИНТОН

септември 1, 2018

Спорт која бара повеќе отколку што се чини

 

Иако на прв поглед изгледа едноставно, оваа забавна игра е исклучително физички напорна.

 

Автор Марко Симиќ

 

Во Индија се пронајдени пештерски цртежи постари од две илјади години на кои се прикажани луѓе кои, со нешто што наликува на денешниот рекет, удираат долгнавесто топче направено од перја. Ова претставува најстар запис за играта која денес планетарно е популарна под името бадминтон.

Слична забава практикувале и Инките и Астеките пред Колумбо да го открие Новиот свет, а била популарна и во Кина, каде на тој начин го поминувале времето. Побројни биле жените и девојките кои се забавувале на овој начин. Европските дворци имале своја верзија на овој спорт, а доколку се најдете во Фиренца, тогаш во обиколката на галеријата Уфици ќе имате можност да го видите делото на францускиот сликар Жан Баптист Симеон Шарден. Сликата „La fillett au volante“ од 1741 година прикажува девојка која во едната рака држи рекет, а во другата топче направено од перја од гуска.

 

Развој на модерниот бадминтон

На крајот на 19 век група британски офицери по враќањето од Индија носи верзија на играта коај ја научиле додека престојувале во таа земја. Демонстрација на играта е изведена во 1873 година на југот на Англија, на имотот на грофот од Бофор. Дворецот на споменатиот граф имал назив Бадминтон па играта по него го добила името. Ова е единствен правилен назив, иако често може да се слушне  бадмингтон или багминтон.

 

Веќе во 1877 година е основан првиот бадминтон клуб, а правилата се дефинирани во 1893 година кога е основан и првиот бадминтон сојуз. Тие правила не се разликуваат во основа многу од оние кои денес се на сила. Новиот спорт набрзо станал популарен, па во 1934 г. е оформена и Меѓународна бадминтон федерација, која и денес игра клучна улога во донесувањето правила и организација на натпреварувањата. Олимписките игри во Барселона во 1992 година биле настан на кој бадминтонот официјално станал олимписки спорт.

 

Реквизити и опрема

Покрај основната спортска опрема и обувки, потребни ви се рекети и топче од перја. Рекетите по обликот потсетуваат на тениските, но постојат значајни разлики во тежината, конструкцијата и димензиите. Долгнавестото топче некогаш било правено од 16 перја од гуска забодени во врв кој лебди. Денес далеку побројна е пластичната варијанта. Интересно е дека, иако многу лесно, ова топче во текот на професионалните мечеви може да достигне брзина од дури 320 km/h. Може да се игра еден на еден, но и во парови. Теренот за сингл мечеви има димензии 5,18 x 13,40 m, додека оној за парови е нешто поширок, па пропишаната димензија за овој вид натпреварувања е 6,1 x 13,4 m. Мрежата е на висина од 1,55 m.

 

Забава за целото семејство

Бадминтон е исклучително забавна игра која може да се игра и надвор од официјалните правила, терени и натпреварувања. Рекетите и топчињата се достапни во секоја подобро снабдена продавница, а сè што ви е потребно е убав ден и малку слободен простор. Правилата можете да ги создадете на лице место, а најчестиот вид игра се состои во тоа рекреативните играчи да се обидат со удари да го задржат топчето што подолго во воздух, броејќи го притоа секое одбивање на топчето од рекетот. Кога топчето ќе го допре тлото, време е за нов почеток. За илустрација ќе го наведеме податокот дека натпреварувачите во текот на еден натпревар претрчуваат повеќе од 4 км, така што не би требало да ве чуди задишаноста по само неколку минути игра.

Покрај стекнување кондиција, бадминтонот е одличен и за развој на координација на движењата, особено кај најмладите. Покрај тоа, времето поминато во игра на отворено, со насмевки и радост, придонесува за опуштање, отстранување на стресот и јакнење на семејните и пријателските врски.

 

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>