Фармацевти
Контакт

<< Назад

СТАРО ТЕНЏЕРЕ, НОВИ ИДЕИ

октомври 1, 2018

Решение од креативната кујна

 

Некогаш старите тенџериња го завршувале својот век отфрлени, или во најдобар случај станувале дом на украсни растенија. Ние решивме да направиме нешто различно.

 

Автор Светлана Сушиќ

 

Постојат работи од кои со не драго срце се откажуваме, а често водечки меѓу нив се старите тенџерињата. Иако добро знаеме дека поради својата истрошеност веќе не се безбедни за употреба во кујната, ние, сепак, упорно ги чуваме меѓу останатите садови. Кога ја чистиме кујната ќе тргнеме да ги фрлиме, па ќе се сетиме на сите оние убави јадења и сите оние убави дружења со специјалитети направени во нив. Тогаш ги враќаме назад и така до следниот пат. Нашиот предлог ви овозможува да го задржите вашето омилено тенџере, со малку променета намена.

 

Што сè ни е потребно?

Прво и основно е да бидете сосема сигурни дека е време за нов живот на вашето тенџере. Потоа измерете го пречникот и пресметајте го обемот (за оние кои заборавиле само помножете ја вредноста на пречникот со 3,14). Ќе ви бидат потребни и остри ножички, како и пиштол за лепење. Потоа набавете коноп со дебелина околу 10 мм. Доколку земете потенок, ќе си зададете доста работа при изработката, а подебел од тоа ќе ви пружи многу отпор прв свиткувањето (не нè прашувајте како го научивме тоа).

 

Колку коноп е потребен?

Ако висината на тенџерето е 16 см, ќе ви бидат потребни 16 намотувања за да го обвиткате цело (ако дебелината на конопот е 10 мм). Помножете го бројот на намотувања со обемот на тенџерето и додадете уште малку за секој случај. Значи, формулата е: број на намотувања x обем на тенџере (+ должина барем уште едно намотување).

 

Од каде да почнете?

Тенџерињата обично имаат мало проширување на врвот што го прави тој дел идеална основа за почеток на лепењето. Свртете го тенџерето наопаку, засечето го конопот малку накосо, ставете малку лепило на ободот од тенџерето, наслонете го почетокот на конопот и притиснете со прсти додека лепилото не се стегне (ова се одвива побргу отколку што очекувате).

 

Како да продолжите?

Нанесете лепило неколку сантиметри подалеку од почетната точка и повторно притиснете го конопот до ободот од тенџерето. Повторувајте ја постапката додека не го завршите првото обвиткување. Потоа нанесувајте лепило рамномерно на конопот и на тенџерето, водејќи сметка за тоа да не претерате со количината (вишокот ќе се истисне и ќе се гледа, па ќе морате да го отстранувате со скалпел). Две раце кои го ротираат тенџерето додека вие нанесувате лепило се од голема помош, но сето ова можете сами да го направите со малку внимание и доста трпение.

 

Што кога ќе дојдеме до крајот?

Конопот повторно засечете го водејќи сметка за тоа да нема вишок кој преминува на дното на тенџерето. Крајот внимателно залепете го, проверете дали сè добро е залепено и свртете го тенџерето. Штотуку го завршивте креирањето на атрактивен сад во кој може да чувате пешкири, ситници во купатило, или нешто по сопствен избор. Саксии со убави растенија, исто така, може да бидат жители на овој сад, а со помош на пиштол за лепење со коноп можете да украсувате шишиња, чинии, картонски кутии и др. Можете да користите и разнобојни конопи. Вашата фантазија сигурно ќе открие што е тоа што најдобро ќе одговара на вашиот дом.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>