Во текот на идната година во Норвешка ќе биде завршена изградбата на највисоката зграда во светот со дрвена конструкција. Сместена стотина километри северно од Осло, на брегот на езерото Мјос, овој градителски потфат ќе биде висок 85,4 метри, и ќе има осумнаесет ката. Во изградбата е користено ламинирано дрво, а поборниците на ваквата градба тврдат дека тоа е еколошки исправно решение кое ќе влијае на намалување на емисиите на јаглерод диоксид.
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци