Фармацевти
Контакт

<< Назад

ЧОВЕКОТ КОЈ СПАСИЛ ОСТРОВ

ноември 1, 2018

Индиецот Јадав Пајенг над 30 години од својот живот ги посветил на пошумување на островот Мајули на реката Брамапутра. Како резултат на сечење на шумата и ерозија во текот на минатиот век дошло до намалување на островската површина. Индиската влада започнала процес на пошумување, но проектот е напуштен во 1983 година. Меѓутоа, Пајенг продолжил самостојно да работи на зачувување на островот. Прво садел бамбус, а потоа почнал на островот да носи и садници од други растенија. Резултатот од неговиот повеќедецениски труд е 550 хектари покриени со густо шумско зеленило кое претставува дом за многу животински видови. Индиската влада не била свесна што се случува на островот сè до 2008 година кога крдо диви слонови решило да почне да ја посетува шумата Молај, како што го нарекол своето дело Пајенг. Островот Мајули е сочуван од исчезнување, а упорниот Индиец со своето дело му даде пример на целиот свет.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>