Фармацевти
Контакт

<< Назад

Aerial hoop

март 1, 2021

Наталина Синдилиева
сертифициран персонален тренер од NASM за корективни вежби
сертифициран јога инструктор
инструктор во Pole People Skopje (Pole fitness, Aerial hoop, јога)

|



Aerial hoop е спорт (акробација, уметност) кој најчесто сме го гледале во циркус како една од точките каде што не можеме да трепнеме и да земеме воздух од возбуда, страв, очекување што ќе се случи. Многу често сме восхитени од артистите колку лесно се движат и сè прават со толкава леснотија. Од пред неколку години Aerial hoop веќе претставува и спортска дисциплина,  која е дел од европски и светски натпреварувања со точно определени правила и движења за оценување.

Aerial hoop, всушност, претставува метален обрач (круг) кој виси од плафон без да ја допре земјата, на него се изведуваат различни акробации, истегнувања, фрлања, танц.

Секако дека може сите да вежбаат. На часовите почнуваме од почеток, односно од најосновните вежби. Иако обрачот виси, вежбите кои ги правиме се подготовка за добивање сила понатаму. Дополнително се држат и часови за истегнување, бидејќи флексибилноста исто како и силата е доста клучен елемент на Aerial hoop.

Не е потребна никаква претходна физичка подготвеност, секако дека доколку сте подготвени  или сте вежбале претходно можеби ќе ви е полесно, сепак, тоа не е мерило за ништо. Има случаи кога девојки на кои никогаш ништо не им одело од рака во спортот или не се чувствувале сигурно во некоја дисциплина, се имаат пронајдено во вежбањето Aerial hoop.

Aerial hoop се вежба со хеланки, маица (добродојдена е и маица со долги ракави), во принцип не е убаво гола кожа да го допира обрачот (секако дека тоа се случува), но за почеток е доста болно и е препорачливо допирот да биде на облека, а не директно на кожа. Со текот на вежбање се добиваат и модринки, но, секако, тоа е дел од спортот и со тек на време кожата се навикнува и нема никаков проблем.

На прв поглед Aerial hoop изгледа доста страшно и предизвикувачки, посебно кога ќе видите дека нема стабилност и дека цело време обрачот се движи во воздух а и вие со него треба да се движите и да не ја допирате земјата. Секако дека тоа е чудно можеби првите 2-3 часа, но потоа кога ќе ја сфатите суштината и почнувате да правите некои елементи па дури и кореографија станува доста забавно.

Прво и најважно за мене е соочување со стравот, зголемување на самодовербата и неизмерна среќа кога ќе успеете да направите нешто. Исто така, станувате доста појаки бидејќи цело време вежбате со сопствената тежина (сами со сопствена сила мора да се кренете на обрачот, секако дека на почеток со моја помош), мобилност на движења и, секако, координацијата на телото драстично се зголемува. После неколку тренинзи нема да ви се верува дека тоа сте вие и дека може да направите такви движења. Резулататот многу брзо и лесно може да го видите.



Нема старосна граница ниту, пак, ограничување во килограми. Секој може да дојде, да проба и да се изненади од себе. Може да вежбаат деца, возрасни, дури и постари лица кои немаат проблем со позиција на инверзија, односно главата надолу нозете нагоре. Килограмите воопшто не се проблем за вежбање Aerial hoop. На почетокот можеби тие што имаат повеќе килограми ќе имаат потешкотии со вежбањето, но кога ќе се навикнат на силата на кревање на телото тогаш воопшто нема да им претставува проблем, дури ќе бидат во предност при намалување на килограмите во иднина.

Едно од најважните прашања за нас девојките/жените. Искрено да ви кажам мене воопшто не ми е мотив дали ќе ослабам или не, бидејќи со правилна исхрана и какво било вежбање (најминимално) може да ослабете и да имате супер фигура на телото. Секако дека се ослабува со Aerial hoop, но не како слабеење со трчање или теретана, слабеењето е пропорционално на вашата мускулатура и облик на тело. Што би значело тоа?! Бидејќи се вежба само со сопствена тежина и активирање на сите мускули, т.е. за да се кренете на обрачот мора да ги активирате рацете кои го активираат абдоменот кој последователно ги активира нозете и прави телото да биде една целина на перфектна координација во движење. Доколку рацете ви се јаки а абдоменот е јак но не е во фукнкција на заемна координација, тогаш најверојатно ќе ви е тешко да се кренете и да се движите во обрачот.

Како што секој спорт е машки и женски така и овој, секако дека може сите да вежбаат независно од полот. Во некои акробации мажите имаат повеќе предност од жените, а во некои е обратно. Многу често мажите имаат повеќе сила а жените повеќе флексибилност, но верувајте дека тоа повеќе воопшто не е репер, бидејќи има суперсилни жени и суперфлексибилни мажи. Најбитно е да го правите тоа што го сакате.

За детално читање на овој текст, погледнете на 28 стр. во електронското издание на BETTY магазин (МАРТ 2021).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>