Фармацевти
Контакт

<< Назад

Алергиски ринитис

април 12, 2016

[vc_column width="1/1"]

Совети за ублажување на алергискиот ринитис

Алергиски ринитис

Алергискиот ринитис претставува воспаление на слузницата на носот кое настанува како имунолошки одговор заради преосетливост на разни фактори на животната средина, кои ги нарекуваме алергени. Алергените може да бидат различни соединенија од храна, хигиенски производи, облека, животински измет (особено влакна од мачки), а најчесто тоа се домашна прашина, грињи и спори на мувла. Алерген, всушност, може да претставува што било околу нас. Најчеста е алергијата на полен, која се нарекува поленска алергија, а во последните години сè почесто се појавуваат и кожни реакции од сонцето, што, исто така, претставува облик на алергија.

Alergichen-rinit-2_site

Видови алергиски ринитис
• Алергискиот ринитис може да се јавува само повремено, по контакт со алергени од храна или животински влакна.
• Алергискиот ринитис може да се јавува секогаш во одредено време од годината, како последична реакција од поленот на дрвјата, тревата или плевелите, и се нарекува сезонски ринитис.
• Доколку алергискиот ринитис се појавува во текот на целата година, се нарекува несезонски, а негови причинители се најверојатно домашната прашина и грињите.

Алергиски ринитис или настинка?
Алергискиот ринитис е сличен на ринитисот кој се јавува како последица од обична настинка, но сепак постојат разлики според кои лекарите ги дијагностицираат причините за ринитисот.
• Како симптом на алергиски ринитис се појавува редок, воденест исцедок од носот, често придружен со кивање и чешање во носот, очите и грлото како и солзење на очите.
• Кај настинка исцедокот од носот е обично густ и обоен, многу ретко е придружен со чешање, а се појавуваат и други симптоми како: покачена телесна температура, болки во грлото, кашлица.
• Болеста се дијагностицира како хронична кога симптомите траат подолго од четири дена во неделата, односно подолго од четири недели и кога се со умерен до силен интензитет, што се рефлектира со отежнато спиење и нарушувања во вршењето на секојдневните активности, а тоа може да предизвика проблеми на работното место или во училиштето.

ДОПОЛНИТЕЛЕН СОВЕТ:
Алергискиот ринитис, особено ако се јавува уште во детството и ако е од потежок вид, честопати подоцна може да се поврзе со појава на астма, која претставува тешка форма на алергија на целиот респираторен систем. Понекогаш, во исклучителни случаи, алергиската реакција може да биде многу бурна и може да дојде до отекување на дишните патишта или да се појави реакција на целото тело која се нарекува анафилактички шок. За среќа, ваквите реакции се многу ретки, а познати се случаи, како реакција на убод од пчели или некои лекови.

Поставување дијагноза
Дијагнозата се поставува со физички и лабораториски испитувања преку кои се откриваат зголемените вредности во крвта на вкупните и специфични антитела: имуноглобулин E (IgE). А преку алергиските тестирања на кожата и таканаречениот тест со провокациска инхалација да се одреди причината за алергија.

АЛЕРГИСКИОТ РИНИТИС НЕ Е СЕРИОЗНА И ТЕШКА БОЛЕСТ, НО ИМА ЗНАЧИТЕЛНО ВЛИЈАНИЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТ И СЕКОЈДНЕВНИТЕ АКТИВНОСТИ – НИЕ ВО BETTY АПТЕКИТЕ ВЕ СОВЕТУВАМЕ КАКО ДА ГИ УБЛАЖИТЕ СИМПТОМИТЕ НА АЛЕРГИСКИ РИНИТИС.

Лекување на алергиски ринитис
Алергискиот ринитис се лекува со лекови кои ги потиснуваат алергиските реакции.
• За лекување на благи форми на алергија се користат лекови од групата орални антихистамини H1, кои се посебно ефективни при алергиски ринитис и благи форми на кожни алергии. Новите антихистамини добро се поднесуваат и не предизвикуваат поспаност како некои постари лекови. Некои од нив се достапни без рецепт, посебно кога лицето веќе има дијагностициран алергиски ринитис.
• Кај тешки форми на алергија се користат лекови од групата орални кортикостероиди. Тие се многу ефикасни, но може да имаат и сериозни несакани реакции па затоа се применуваат само во итни случаи, кога другите лекови не делуваат или немаат доволен ефект.
• За лекување на тешки форми на алергиски ринитис и астма се користат инхалациски кортикостероиди. Тие, за разлика од оралните кортикостероиди, немаат изразени несакани последици бидејќи се применуваат во многу мали дози и локално, во самите дишни патишта, односно речиси и да нема нивна ресорпција во крвта.
• За лекување на некои алергии може да се примени и имунотерапија. Таа се спроведува со постапка на хипосензибилизација, намерно изложување на организмот на многу мали количини од алергенот, со што се намалува алергиската реакција, односно реакцијата на организмот на алергенот.

Како можеме да си помогнеме самите себеси?
Алергискиот ринитис не е сериозна и тешка болест, меѓутоа значително влијае на квалитетот на животот и може да предизвика голем број други проблеми: замор, раздразливост, тешкотии во социјалните односи. Самите можеме да си помогнеме преку избегнување на алергенот.
• Кај алергиите на полен треба да се следи „алергиската прогноза“, во случај на зголемена концентрација на полен намалете ги излегувањата надвор (наутро, навечер), затворајте ги прозорците, односно проветрувајте ги просториите во поплад-невните часови. Маските за лице на помагаат бидејќи се навлажнуваат и на нив се лепат поленовите честички.
• Кај алергиите на грињи или домашна прашина треба да се отстранат теписите и останатите „собирачи“ на прашина, да се намали влажноста на воздухот во просториите каде престојувате, да се користи антиалергиска постелнина, и истата да се одржува со посебни средства за перење и брзо да се суши. Постојат и многу моќни правосмукалки со посебни филтри кои спречуваат враќање на алергените во воздухот.
• Кај алергии на животински влакна, за жал, треба да избегнувате престој во близина на животни. Се верува дека алергените всушност се наоѓаат во плунката на животните, која посебно се задржува на влакната.
• Кај алергиите на мувла треба да се намали влажноста на воздухот во просториите во кои престојувате, да се отстранат собните растенија, добро да се чисти бањата и останатите влажни простории.
• Кај алергиите на храна треба да се проверува составот на храната која се јаде, но и декларацијата на производите бидејќи поголемите количини на конзерванси и бои исто така предизвикуваат алергиски реакции.

За повеќе совети обратете се во аптеките на BETTY.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>