д-р Дејан Филиповиќ
спец. дерматовенеролог
Кожни инфекции и причинители
Кожните инфекции се едни од најчестите воспаленија на телото. Според причинителот на инфекцијата, тие се поделени на бактериски, вирусни и габични.
Почести се бактериските и габичните инфекции.
Најчести причинители на бактериските кожни инфекции се групата на стафилококите и стрептококите.
Како да ги препознаете кожните инфекции
Манифестацијата на овие инфекции се движи од лесно црвени петна со мали групи на меури околу нив, па сè до гнојни пустули со црвенило околу нив. Симптомите со кои се презентира инфекцијата се движат од лесно чешање до силна болка.
Превенција, самолекување и нега на кожните инфекции
Во склоп на лекувањето, освен редовно плакнење на инфицираното место со дезинфекциски раствор, потребна е и употреба на антибиотска маст.
Целта на локалната антибактериска терапија е контрола на развиток на бактериите и нивна колонизација и со тоа превенирање на развивање инвазивни инфекции, како и заштита и третман на истите.
Една од најефикасните комбинации на антибиотици користена за локална употреба се
бацитрацинот и неомицинот поради широкиот спектар на дејствување врз голем број бактерии причинители на инфекцијата.
Бацитрацинот дејствува на стопирање на развиток на бактериите и нивно уништување, а е активен против многу грам-позитивни бактерии (стафилококи, стрептококи, анаеробни коки, клостридии и коринебактерии) и против некои грам-негативни бактерии (гонококи, менингококи и фузобактерии).
Неомицинот има силно дејство врз грам-негативните бактерии и делумно врз грам-позитивните бактерии.
Препаратите за локална употреба подготвени од комбинација на бацитрацин и неомицин, поради своето синергистичко дејство, обезбедуваат широк спектар на индикации:
- лекување на
бактериски кожни болести,
-
секундарни инфекции на површински рани,
-
изгореници,
-
чиреви,
- секундарни инфекции на веќе заболена кожа (херпес симплекс, херпес зостер, после убоди од инсекти и др.),
- превенција на инфекции после
тетовирање и циркумцизија,
- спречување на инфекции на
постоперативни рани,
-
акни.
Третман на акни
Комбинацијата на бацитрацин со неомицин дава одлични резултати кај акни, поради антимикробното дејство против пропионибактериум акнес (грам-позитивна бактерија, присутна кај акни) и ја спречува инфекцијата од други бактерии кои можат да се колонизираат на заразената кожа. Исто така, комбинацијата на овие два антибиотика дејствува превентивно и спречува да се инфицираат новосоздадените мозолчиња.
Топичните антибиотски масти ефективно ја елиминираат кожната инфекција без употреба на орални антибиотици, а комбинацијата од БАЦИТРАЦИН и НЕОМИЦИН е вистинскиот избор за ваквиот третман.