Фармацевти
Контакт

<< Назад

Апостолки за сите прилики

јули 1, 2017

Од обични до ефектниБојана Бугарски

Апостолките, познати како „јапонки“, се влечки незаобиколни за топлите летни денови. Некогаш се носеле само на плажа, но денес тоа веќе не е така...

Шарени, формални, гумени или кожени, апостолките го добиле своето место во модниот свет. Лежерни и неизбежни за децата, жените, но и за мажите.

Дали веќе имате еднобојни од минатата година, или ќе купите обични и ќе ги трансформирате во уникатни и по ваш вкус, тоа е ваш избор. Во оваа прилика, ви претставуваме три идеи и три модни предлози на можни комбинации.

На розови апостолки врзавме балончиња во разни бои (потребни се само неколку минути), а сигурни сме дека со овие егзотични апостолки нема да останете незабележани на плажа, особено во комбинација со костим за капење во некоја од модерните јаки бои.

На каивчињата на белите апостолки прво замотајте, односно залепете карирана лента. Од сатенска лента направете машничка и, исто така, залепете ја на спојот. Доколку сакате циркончиња, можете да ги додадете на машната, за да им дадете малку елеганција. Овие апостолки се целосен погодок со бело или црно фустанче.

За секојдневна комбинација, со незаобиколниот џинс, фармерки или шорц, тука се црните гумени апостолки кои го добија својот нов изглед преку неколку чекори. На подебел коноп во боја (ние користевме сребрен), закачете реси кои ќе ги центрирате на спојот кај прстите. Конопот залепете го по целата должина на каивчињата.

Направете педикир со тонот на своите нови апостолки, обујте ги и подготвени сте каде и да зачекорите ова лето.

Ние ги обожаваме, а вие?

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>