Фармацевти
Контакт

<< Назад

АПТЕКАРСКО ЛЕКУВАЊЕ АКНИ

ноември 1, 2018

Сериозен естетски проблем

 

Покрај адекватно лекување подеднакво е важно да се води сметка за хигиената, како и за активната и реконструктивната нега.

 

Автор Душан Гољиќ

м-р по фармација

 

Акните (acne vulgaris) претставуваат кожно заболување кое се карактеризира со засилена продукција на себум во лојните жлезди на кожата, кој заедно со мртвите кожни клетки формира чеп во фоликулите на влакната. Како резултат на зголемена продукција на себум доаѓа до насобирање мастен материјал во поткожното ткиво и блокади на физиолошкото дренирање на кожата, што може да биде проследено со локална бактериска инфекција. Постојат повеќе стадиуми на развојот на акни, почнувајќи од послаб, површински, до длабински воспалителен процес кој последично може да остави лузни на кожата на заболениот до крајот на животот. Акните не се животно загрозувачка медицинска состојба, но може да бидат сериозен и долготраен естетски проблем. Студиите велат дека 75 % од популацијата на возраст од 11 до 30 години има некој облик на акни. Генетската предиспозиција за развој на посериозно заболување е дури до 80 %, а останатите фактори се адекватна хигиена и исхрана. Се јавуваат во регии кои се најбогати со лојни жлезди, а тоа се лицето, челото, грбот и рамењата. Причините за појавата на акни се често хормонски, па тие најчесто се развиваат во периодот на адолесценција или во текот на менструалните циклуси кај жените. Може да се јават и како последица на земање некои лекови, како и при користење неадекватна козметика. Лекувањето на хормоналните причини и метаболистичките процеси кои може да бидат причина спаѓаат во домен на лекар специјалист.

 

Решенија од аптека

Аптекарскот пристап во лекување акни се сведува на третман на лицето со специјални, дерматолошки профилирани производи кои дејствуваат на површинските процеси, како што се локални инфекции на фоликулите или физиолошки пермеабилитет (пропустливост) на кожните бариери.

Хигиената на кожата зафатена со акни треба да се одржува со благи медицински сапуни, аптекарски тоници или гелови за миење. Примената на сулфурни сапуни е индицирана кај површински кожни инфекции. Кај воспалителни процеси се користат адстрингентни препарати во вид на лосиони со помош на кои доаѓа до собирање на клетките на кожата, елиминација на себумот од фоликулите и зголемено исушување. Такви се лосионите со цинк, талк, салицилна киселина, или, пак, бензоил пероксид. Денес во аптека можеме да најдеме гелови со честички од абразиви кои се користат за миење, а се формулирани така што длабински ги чистат слоевите на кожата.

 

Активна и реконструктивна нега

Активната нега на кожата подразбира примена на препарати, креми или лосиони, кои содржат активни супстанции што влијаат на процесот на формирање акни. Примената на ексфолијантни супстанции активно го симнува површинскиот слој на акнозното ткиво, го зголемува исушувањето и елиминацијата на масната содржина. Такви се производите со алфа-хидрокси киселини, како што се овошните киселини или, пак, гликолната киселина. Овие производи може да бидат и агресивни и да предизвикаат реакција на пречувствителната кожа, па тогаш се препорачува избор на природни, поблаги хемикалии, како што се екстракт од чајно дрво, жалфија, камилица или алое. Кај инфективни процеси се користат антибиотски лосиони со еритромицин или клиндамицин, за неутрализација на површинските бактерии.

Реконструктивната нега е неопходна за правилна регенерација на веќе третираната кожа и примерно подразбира хидратација. За таа цел се користат благи природни лосиони, креми со ефект на длабинска хидратација или специјално направени мицеларни лосиони.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>