Фармацевти
Контакт

<< Назад

Ацетилсалицилна киселина

јуни 11, 2015

[vc_column width="1/1"]Приказна која продолжувадоц. д-р Фатмир Ферати
кардиолог
Клиничка болница Тетово

Ацетилсалицилната киселина (АСА) се користи од старите времиња, почнувајќи од времето на фараоните, но нејзиното синтетизирање датира од 1899 година.

АСА во прво време се користела како антипиретик до средината на ХХ век, но со примената на други лекови, како аналгетици и антипиретици, нејзиното користење многу се намалува. Со откривањето на нејзиниот ефект во секундарната превенција кај исхемичните заболувања, продажбата и употребата на АСА се зголемува, при што нејзината примена нагло расте во последните 2 декади на ХХ век.

Важноста на улогата на АСА од 100 мг се состои во нејзиното докажано дејство на намалување на кардиоваскуларниот ризик, особено после акутен миокардиален инфаркт, аортокоронарен бај-пас, атриални фибрилации, како и во многу други слични состојби. Во најголемиот број на овие болести кои се изразени особено во последните години и покрај новите лекови кои се користат, користењето на ацетилсалицилна киселина (АСА) е неодминливо и неопходно при лекување на голем број заболувања кои имаат за цел намалување на хиперкоагулабилната состојба. Ова е особено нагласено во земјите во развој, каде спаѓа и нашата земја, каде се регистрираат т.н. епидемични појави на исхемични заболувања, како на срцето така и на другите органи, тесно поврзани со промената на начинот на живот и исхрана, а самото користење на лековите кои служат за примарна и секундарна превенција ги прави особено важни.

И покрај големите откритија на антитромботични и антиагрегациони лекови, улогата на АСА не само што не се намалува, туку нејзината употреба уште повеќе станува неопходна, а се очекува да остане таква и уште еден подолг период во иднина.

Улогата на АСА е доста комплексна, преку користењето на АСА и нејзините ефекти се анализирала и станувала јасна комплексната функција на тромбоцитите.

За потполно разбирање на дејствувањето на АСА е потребно да се разбере самата функција на тромбоцитите, кои се откриени во XIX век, а нивната функција во хемостазата е откриена од Bizzozero во 1882 година.

Јасно е дека самите тромбоцити имаат главна улога во нормалната хемостаза, но можна е нивна активација и во случаи на нефизиолошки процеси. Двата процеса на активација на тромбоцитите, било нормалниот било патолошкиот, се како резултат на ист механизам.

Главна цел на терапевтското дејствување на оваа група на лекови каде спаѓа и АСА е намалување на хиперкоагулабилноста, како и антиагрегациониот ефект, кои имаат за цел намалување на агрегацијата на тромбоцитите, како и тенденција на создавање нови патолошки тромбитични маси. И покрај можните компликации, поради полезните ефекти, антитромботичната терапија е главниот столб на лекување на акутните тромбоемболични оклузии на артериите и вените, при што АСА е главниот столб на оваа терапија.

Антиагрегационата терапија во која АСА е главен претставник има голема улога во намалување на смртноста при миокардиален инфаркт од 25 до 30 %, кај цереброваскуларни инциденти до 15%.

AHA (American Heart Association) препорачува дневна доза на АСА за секундарна превенција во доза од 71 до 326 мг, кај сите пациенти кои немаат контраиндикација на истата.

USPSTF во 2009 година, врз база на неколку студии, покажува дека АСА е ефикасна во примарната превенција на заболувања на КБЦ и е потребно да се користи во случаи кога нуспојавите се мали.

Во мета анализата од 2012 „Ефект на АСА на васкуларните и неваскуларните компликации“ во која се вклучени 100 000 луѓе, во период од 6,1 години, е утврдено намалување на кардиоваскуларните настани за околу 12 % и тоа особено на нефаталните миокардиални инфаркти.

Од добиените податоци, примената на АСА во примарна превенција на КБ инциденти е поврзана не само со возраста на пациентите туку и со полот.

Примената на АСА во примарната превенција е потребно да се избегнува кај индивидуи кои имаат крвавења од ГИТ како и крвавења на ниво на ЦНС, кај пациенти со тешко оштетување на црнодробната функција, тромбоцитопении, како и истовремено користење антикоагулантна терапија.

Од друга страна, примената на АСА во секундарната превенција кај кардиоваскуларните заболувања е докажана, неспорна и се користи секојдневно. АСА се користи речиси кај сите заболувања, како исхемична болест на срцето со сите нејзини форми, исхемични заболувања на ЦНС, периферни заболувања на крвните садови, атриална фибрилација, валвуларни заболувања и бројни други заболувања. Овие индикации како и ефекти се потполно докажани и за нив постои општоприфатен консензус.

Од големите студии кои се направени за АСА, при мултиваријантни анализи е утврдено дека кај пациенти кои користеле АСА во хронична терапија е забележано намалување на појавата на колоректален карцином. Оваа појава е нотирана и се истражува.

Од сите наведени факти станува јасно зошто приказната за ацетилсалицилната киселина продолжува и секој пат овој лек ни дава нови изненадувања поврзани со неговите ефекти кои се покомплексни отколку што се мислело.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>