Научниците од Јапонија ја изолирале бактеријата Ideonela Sakaiensis која ја разложува пластичната маса така што ја користи како извор на енергија. Оваа бактерија ја „јаде“ пластиката, користејќи два ензима со чија помош го хидролизира PET (полиетилен терфталат), материјалот кој најмногу се користи за производство на пластична амбалажа. Од тој процес бактеријата остава две, за природата не штетни супстанции. Ова откритие е значајно бидејќи претставува остварлив начин на уништување на пластичниот отпад ширум светот, чии количини се загрижувачки. Според податоците на Светскиот економски форум, третина од PET амбалажата завршува во природата и ако овој тренд продолжи до 2050 година во морињата и океаните ќе има повеќе пластичен отпад отколку риби.
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци