Фармацевти
Контакт

<< Назад

Бел слез

септември 28, 2016

Чувар на дишните патиштапроф. д-р Радиша Јанчиќ
Althaea officinalis L. (Malvaceae)

Белиот слез е повеќегодишно растение, со дебел, долг и разгранет корен, густо покриено со сиви меки, ѕвездести влакна. Стебленцето е високо помеѓу 50 и 120 см, обично неразгрането. Листовите се наизменично поставени, со дршки, триаголно јајцевидни, зашилени, по работ назабени, сивозелени со свиленикав сјај.

Цветовите се со кратки дршки, групирани во терминални или пазувни цутови. При основата на цветот се наоѓа надворешна чашка која ја сочинуваат 8-10 линеарни, влакнести листови. Листовите на цветното венче се светлорозеви или бели. Плодот е со облик на диск и се распаѓа на бројни тркалезни, плочести плодови. Цвета од јуни до септември.

Белиот слез расте покрај брегови на реки, бари, во влажни густи делови од шуми и на влажни ливади ширум Европа. За добивање растителна суровина главно се користат одгледувани растенија.

Се употребува коренот од бел слез, богат со слуз. Листот и коренот од бел слез содржат слуз, комплексни полисахариди, кои ја обложуваат слузницата на дишните патишта, создаваат заштитен слој, намалувајќи ја на тој начин нејзината иритација и надразнување со кашлање. Ладниот напиток кој се подготвува од излупен и исечкан корен се користи против сува кашлица. Листот содржи помалку слуз и поретко се користи. Сирупот од бел слез, коренот и листот, го пропишува фармакопејата.

Напитоците од бел слез кои содржат слуз се користат и за испирање на слузокожата на носот и грлото и кај разни воспаленија на слузницата на органите за варење. Надворешно се користи кај повреди и инфекции на кожа.

Освен бел слез, за добивање слузни препарати може да се користи и црн слез – Malva sylvestris и црвен слез – Althaea rosea, од истата фамилија.

Белиот слез се смета за чувар на дишните патишта. Од неговиот корен се прави чај кој лекува настинка, бронхитис, астма, туберкулоза и катар на белите дробови. Многу е корисен и за смирување на тегобите со мокрење и проблеми на дигестивните органи. Неговата способност да лекува воспаленија се користи и кај проблеми со кожата.

Исклучително добра особина на белиот слез е дека е безбеден и нештетен за деца. Дури и за мали бебиња, на кои им е затнат носот и воспалена слузницата, се препорачува чај од бел слез, но пред употреба, сепак, треба да се посоветувате со педијатар. Ако се подготвува за бебе, треба да се користи превриена, па изладена вода.[vc_column width="1/2"][vc_column width="1/2"]ПрепоракаBETTY MARSHMALLOW TEA е билен чај од коренот на бел слез кој ќе ви помогне да ја смирите иритацијата на слузницата на усната празнина или ждрелото, или да ја смирите сувата, надразнителна кашлица. Слузта од коренот од без слез ги намалува иритациите, така што ги обложува слузниците и создава заштитен слој.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>