Фармацевти
Контакт

<< Назад

Бета-каротин

јуни 2, 2016

Извор на А-витамин

м-р инж. Немања Стојиљковиќ

Бета-каротинот е еден од најпознатите антиоксиданти кој нè штити од затнувања на крвните садови и штетното УВ-зрачење, го јакне имунитетот, ја намалува опасноста од малигни тумори и помага во борбата против акутни и хронични инфекции

Бета-каротинот е растителен пигмент од групата каротеноиди, а нашиот организам од него го произведува витаминот А. Најголеми количини на бета-каротин има во жолтото и портокаловото овошје и зеленчук, како и во темнозелениот зеленчук со листови, па затоа треба да се консумира морков, авокадо, киви, диња, круша, портокал, тиква, јаболко, спанаќ, сладок компир, зелена салата, зелка, брокули и кељ.

Нутриционистите препорачуваат морковот термички да се обработува, бидејќи кога се јаде сиров само 3% од бета-каротинот се ослободува при варењето, а кога се јаде варен процентот расте дури на 33-39%.

Бета-каротинот е заслужен за многубројни важни улоги поврзани со нашето здравје. Тој има заштитна улога во процесот на затнување на крвните садови, па затоа се вели дека е чувар на здравјето на нашите крвни садови и срцето. Значаен е во борбата против акутни и хронични инфекции, а се смета дека ја намалува опасноста од развој на малигни тумори. Бета-каротинот ја штити нашата кожа од штетното влијание на УВ-зраците, па затоа го има во препарати за сончање. Еден е од најпознатите антиоксиданти и дејствува во борба против слободните радикали. Покрај тоа, неопходен е за создавање на пигменот меланин, смирување тегоби и лекување на дегенерацијата на жолтата дамка.

Високи дози на бета-каротин не предизвикуваат нуспојави, освен што кожата може да добие жолтопортокалова боја (ксантоза), што се надминува со намалување на дозата. Меѓутоа, иако бета-каротинот е повеќекратно корисен за многу болести и зачувување на нашето здравје, се смета дека денешниот човек преку исхраната зема само околу 2 мг бета-каротин на ден, што е недоволно. Епидемиолошките податоци говорат дека во многу земји, дури околу 45 % од населението не внесува доволна количина на витамин А, што посредно зборува дека е недоволен и внесот на бета-каротин. Затоа, да се свртиме кон здравата исхрана со многу овошје и зеленчук.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>