Фармацевти
Контакт

<< Назад

БЕТА-КАРОТИН

јуни 1, 2018

Природен сојузник на убавиот тен

 

Еден од најпознатите природни пигменти, битна состојка на овошјето и зеленчукот кои имаат боја, има повеќекратно позитивно дејство на нашиот организам.

 

Автор Билјана Божовиќ

 

Досега се индентификувани над 500 различни растителни пигменти кои припаѓаат на групата каротеноиди. Одговорни се за интензивната обоеност на овошјето и зеленчукот, во природата ги има во изобилство, а нивен најпознат претставник е бета-каротинот. Своето име го добил од латинскиот назив за морковот, од кој прв пат е изолиран во почетокот на 19 век.

 

Кои се здравствените придобивки од исхрана богата со бета-каротин?

Со уште некои каротини, овој пигмент е прекурсор на синтезата на витамин А, кој е од исклучителна важност за здравјето на кожата, а дејствува и како антиоксидант кој ги штити клетките од штетното дејство на слободните радикали. Едно од изразените позитивни дејства на бета-каротинот е тоа што ја намалува чувствителноста на кожата на дејството на сончевите зраци. Ова, секако, не значи дека можеме да го занемариме користењето на заштитни средства и придржување кон останатите препорачани мерки, како што се носење адекватна облека, шешир и заштитни очила во периодот кога сончевото зрачење е најизразено. Во синергија со витаминот Е бета-каротинот влијае на оксидацијата на LDL холестеролот, со што се намалува ризикот од појава на кардиоваскуларни болести.

 

Неговото антиоксидативно дејство има улога и во превенција на канцерогени заболувања. Со своето дејство на нервните клетки го забавува процесот на когнитивно стареење, го подобрува имунолошкиот одговор, капацитетот на белите дробови, го намалува ризикот од респираторни проблеми, вклучувајќи астма и бронхитис. Бета-каротинот го намалува ризикот од макуларна дегенерација на окото, катаракт и останати очни проблеми кои се јавуваат со стареењето. Забележано е дека недостиг од овој пигмент во комбинација со недостиг од витамин Ц претставува ризик-фактор за појава на ревматоиден артритис.

 

Природни извори на бета-каротин

Морков, тиква, сладок компир – батат, кајсија, круша, пиперка, диња, домат, спанаќ, кељ, блитва, рдокви, мандо, папаја, портокал... листата е долга, но она што е битно е фактот дека бета-каротинот е липосолубилен. Тоа значи дека се раствора во масти, па нашиот организам полесно го усвојува доколку во текот на подготовката на зеленчукот му додадеме масло. Интересно е дека овој пигмент станува полесно достапен ако зеленчукот термички го обработиме. Како и кај сите останати начини на подготовка на храна, би требало да се посвети внимание на тоа секогаш да ја  користиме само онаа количина на топлина која е потребна за таа намирница. Така ќе сочуваме повеќе хранливи состојки. Доколку сакате да консумирате свежи извори на бета-каротин, тогаш ви препорачуваме тоа да го направите комбинирајќи различни намирници. Пример за ова се вкусни парови како сирење и морков, диња и пршута или свежо подготвен овошен јогурт од кајсии.

 

Бета-каротин како суплемент неопходно е внимание

Пред земање на суплементи, секако, би требало да го консултирате својот лекар и фармацевт. На декларацијата на производот е назначено дали бета-каротинот во него е добиен преку синтетски пат или е изолиран од природни извори. Прекумерен внес може да доведе до каротенодермија – карактеристична обоеност на кожата, како и до проблеми со варењето на храната.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>