1. Салата од јаболка, калинка и бадеми
Состојки:
• 6 шолји зелена салата • 1 шолја бадеми • 2 јаболка • ½ шолја фета-сирење • ¾ шолја семки од калинка
Подготовка:
Исечете ги јаболката на коцки, помешајте ги со зелената салата, бадемите, фета-сирењето исто така исечено на коцки и семките од калинка. На крајот, пропрскајте со лимонов сок или оцет, а по желба може да ставите и малку афион. Промешајте и на здравје!
2. Сендвич од наут, авокадо и брусници
Состојки:
• 420 g конзервиран или варен наут • 1 големо зрело авокадо • 2 лажици сок од лимон • ½ шолја сува брусница • 6 парчиња леб • малку свежа рукола • сол и бибер
Подготовка:
Изгмечете го конзервираниот или варен наут, па потоа додајте го авокадото и мешајте додека не добиете густа паста. Додајте ги брусницата, сокот од лимон, солта и биберот по вкус и добро измешајте. Потпечете го лебот и намачкајте со смесата. Наредете неколку ливчиња рукола и покријте со второ парче леб.
3. Лосос со сенф и јаворов сируп
Состојки:
• 2 филети лосос • 1 лажица сенф • 1 лажица јаворов сируп • 1 лажица маслиново масло • сол и бибер
Подготовка:
Извадете го лососот 30 минути на собна температура пред да го печете. Загрејте ја рерната на 200 степени. Во тава ставете ги филетите и пропрскајте со малку масло. Изматете го сенфот со маслиновото масло и јаворовиот сируп, па прелијте ги филетите. Печете 10 минути и уживајте.
За детално читање на овој текст, погледнете на 30 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Декември 2022).