Фармацевти
Контакт

<< Назад

BETTY лик – Валентин Петрески (Тиноски)

јануари 1, 2022

 

  1. Како се создаде брендот „Тиноски“? 


Тиноски немаше никаква намера да стане Тиноски J. Вака накратко можам да ја објаснам мојата приказна. Се случи во момент кога ми беше неопходно да се вратам на нешто креативно паралелно со сите работни обврски, за одмор и мерак на душа. Но, по објавата на првата моја шолја, која беше и сè уште е единствената жолта шолја нацртана до сега, следеа коментари од најблиските, а за некој ден и побарувања за да им направам и ним. И така, од еден на друг започна да се раскажува приказната на ТиноСки која постојано се надградува и се збогатува со нови идеи, производи, а најново и со креативни дизајнерски решенија за различни намени. Се радувам што многу луѓе ја препознаа уникатноста на дизајните, нивното минимизирање и сосема ненаметливо стана препознатливо креативно катче кое секојдневно има сè повеќе фанови и поддржувачи. Таа приказна се надоврза со одлуката за отворање и на физички простор и арт студио и тоа минатата година на сред пандемија. Веројатно некои работи треба да се случат кога ќе им дојде време. Сакам предизвици, а овој чекор е уште еден од нив.



  1. Од каде црпите инспирација за Вашата креативност?


Она што го гледате во дизајните на Тиноски сум целосно јас. Несовршено, едноставно, а истовремено и шарено, прифатливо за сите... Драго ми е што Тиноски наметна стил кој се прифати од публиката и само заеднички се надградува. Препознатливост се гради кога со сета енергија ќе се дадете себеси. Сè останато што се надоврзува е само плус на тоа.  Ме инспирира сето она до што визуелно и емотивно сум во контакт. Вие кои ме контактиравте за овој супермуабет, корисниците кои ќе ти пишат порака како успешно сме ја завршиле работата и сме предизвикале насмевки, луѓето околу мене, семејството, секојдневните шеги и муабети на околината, многу успешни приказни низ светот... Ме инспирираат приказните на луѓето, желбата на поединци да подарат и да изненадат.  Има многу луѓе кои внимаваат на малите нешта кои премногу значат, секоја нивна желба ми е посебна инспирација за заеднички да успееме во целта некому да му го направат  денот  поубав. И да, веројатно најмногу, детето во мене... кое сè уште е активно и не запира.
3. Кои се предизвиците со кои се соочувавте за истакнување на Вашиот труд и што би сакале да им препорачате на сите оние кои сакаат да создадат свој бренд?

Неодамна имав еден статус на инстаграм профилите кој гласи вака:

„Да се креира нешто свое не е само да се црта, не е само да се копира, не е само да се стави реклама, не е само да се објави нешто и да се случи магија... има многу повеќе oд тоа. Време и енергија, труд, нервози, читање мисли, реферати, неспиени ноќи, барање решение, истрајност, пречки и проблеми за кои треба време, месеци и години работа да се надминат и пак да излегуваат нови. Верувам дека се учи од сопствените грешки, верувам дека за секого има место и се радувам кога гледам вложување труд и иновативност. Затоа, бидете свои и заедно да ја подигнеме свеста за препознатливите дела кај нас.“

Мислам дека е кажано и повеќе од доволно. Ништо не е лесно, но кога ќе бидете препознаени и тие моменти се слатки. Секој ден е нов предизвик, не сте само цртач, туку сте водач на приказната која зависи од вас и од вашата визија. Важно е да се прави она што вистински се сака, со многу посветеност, истрајност,  неоткажување и во моменти кога ви прелетуваат такви мисли. Најкреативните работи лично се случиле во период кога истовремено се соочувате со куп проблеми, но сè се надминува... Има една мисла која вели дека и најхрабрите знаат да се скршат, но важно е да продолжат понатаму. Да сме само здрави, сè друго ќе си креираме и ќе си реализираме со сите сили.

За детално читање на овој текст, погледнете на 28 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ЈАНУАРИ 2022).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>