Фармацевти
Контакт

<< Назад

BETTY лик – Интервју со Ксенија Николова

февруари 1, 2022

Ксенија Николова е автор на дури шест книги, меѓу кои и последната „Емотивен манипулатор“, која се смета за еден од најчитаните романи во нашата држава. Нејзините книги неодамна беа преведени на англиски и бугарски јазик, што направи оригиналниот стил на младата писателка да допре до читателската публика и надвор од нашите граници.

фев-2022

  1. Ако би требало да направиш една поврзаност помеѓу здравјето и читањето книги, тоа би го опишала како..?


За мене здравјето е склоп на повеќе нешта, здраво тело, чисти мисли и стабилно ментално здравје, негувана кожа и богат дух. Мислите се чистат со читањето, се смирува и се храни душата, а човекот станува побогат. Сето тоа треба да оди заедно, во пакет.

  1. Како творењето го промени твојот живот?


Ми го спаси животот, ајде ќе тргнам оттаму. Да не беше творењето во најтешките мои години, навистина не знам како ќе ја вадев енергијата што ја имав во себе. Но, таа фаза е завршена, сега творењето е нешто друго, вештина, предизвик, работа на себе, дисциплина и постојано надградување.

  1. Кои се твоите здрави навики што би сакала да им ги препорачаш на читателите?


Редовна психотерапија и разговор со стручно лице, спорт, доволно консумирање  вода, нега на кожата и телото, чистење на мислите и медитација, прошетки во природа и хранење на душата со уметност.

  1. Која е твојата најголема инспирација?


Една Ксенија која сакам да бидам за 10 години и потоа една друга Ксенија, која повторно ќе сакам да бидам кога ќе поминат тие 10 години. Како што рече Метју Меконахи во својот говор на Оскарите: „Јас никогаш нема да бидам својот херој, но тоа е во ред, бидејќи така се мотивирам да продолжам да постигнувам нови цели.“

За детално читање на овој текст, погледнете на 25 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ФЕВРУАРИ 2022).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>