Фармацевти
Контакт

<< Назад

Betty Рецепта: Здраво пржено пилешко

декември 1, 2023



СОСТОЈКИ:
• 65гр кафеав басмати ориз • 2 лажички масло од репка • 15гр ѓумбир, излупен и исечен на тенки стапчиња • 2 мали црвени главици кромид (160гр), исечкани на коцки • 160гр брокула искршена на цветчиња, стеблата ситно сецкани • 2 моркови (160гр), преполовени по должина, а потоа исечени на дијагонални парчиња • 1 црвено чили, ситно сечкано (по избор) • 200гр пилешки гради исечкани на тенки ленти • ½ лажичка мелен ким • 1 лажица путер од кикирики • 1 лажица тамари или соја сос • 1 лажица кафеав оризов оцет

ПОДГОТОВКА:
ЧЕКОР 1: Сварете го оризот следејќи ги упатствата на пакувањето, а потоа исцедете го. Загрејте го маслото во нелеплива вок тава на силен оган и пропржете го ѓумбирот и црвениот кромид 2 минути. Додадете го стеблото од брокула, морковите и чилито, доколку користите, и варете 1 мин.

ЧЕКОР 2: Додадете го пилешкото и кимот, кратко промешајте, па додадете ги цветчињата брокула и 3 лажици вода. Покријте и оставете да се вари на пареа 3-4 минути или додека цветчињата брокула не станат меки и пилешкото не се свари.

ЧЕКОР 3: Во меѓувреме измешајте го путерот од кикирики со тамари или соја сос и оцетот. Измешајте го сосот во зеленчукот и пилешкото, а потоа послужете го врз сварениот ориз.

За детално читање на овој текст, погледнете на 30 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Декември 2023).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>