BETTY е програма за лојалност на аптеките членки во маркетиншкиот концепт BETTY, преку која членовите на Програмата за лојалност се стекнуваат со поени согласно правилата и уловите за членство во Програмата за лојалност.
Во BETTY Програмата за лојалност учествуваат аптеките членки на маркетиншкиот концепт BETTY кои се видливо означени на влезната врата со ознака за BETTY ПРОГРАМА ЗА ЛОЈАЛНОСТ. Листата на аптеки кои учествуваат во програмата за лојалност може да ги видите на следниов линк.
Издавач и сопственик на картичката за лојалност е Аптеката учесничка во Програмата која ја издава картичката.
За да станете член на Програмата за лојалност, потребно е да се пополни пристапница која може да се подигне во АПТЕКАТА учесничка во BETTY програмата за лојалност. Со пополнување на пристапницата, АПТЕКАТА во која е пополнета истата, ќе ви издаде КАРТИЧКА за лојалност со единствен бар код која ќе може да ја користите за собирање на поени исклучиво само во аптеката во која ви е издадена. На самата картичка е наведено името на аптеката која е издавач и сопственик на картичката за лојалност.