Фармацевти
Контакт

<< Назад

BETTY магазин, април 2015

април 7, 2015

[vc_column width="1/2"][mk_image src="https://betty.mk//wp-content/uploads/2015/08/Cover_april.jpg" group="_general" margin_bottom="0" crop="false"][vc_column width="1/2"]

Симона Попоска



Медицината и музиката одат заедно!



Broj 14, април 2015

Ми недостига Охридското Езеро наутро

Бојана Симоновиќ

Млада, надежна музичарка, но и докторка, Симона Попоска, е една од новите лица за кои македонската музичка сцена допрва ќе слуша. Во ексклузивното интервју за BETTY магазин говори за својата љубов кон музиката и медицината. Објаснува како таа ги споила овие различни интереси. Охриѓанката која сега живее во Скопје открива што ја инспирирало и како таа станала дел од македонската музичка сцена, а говори и за своите идни планови. Пред неа стојат предизвици на многу полиња, дознајте кои се најважните за неаBETTY: Студентка на Mедицински факултет која се занимава со музика. Како Симона успеа да ги спои овие две толку различни интереси?
Желбата и љубовта кон двете професии. Едноставно кога не можете да се одлучите, а имате преголема желба и знаете дека тоа е дел од вас, чувствувате дека без едно од нив ќе сте како птица без едно крило, тогаш ништо не ви застанува на патот и со труд полека остварувате на двете полиња.

BETTY: Тешко ли е да се студира медицина и во исто време да се гради музичка кариера?
Секако дека е тешко, двете работи бараат да си посветен, некогаш ќе наидете и на критики и предрасуди дека овие две работи не одат заедно, но не се согласувам, ако нешто се сака колку и да е тешко ќе го организирате вашето време, ќе скратите од други задоволства кои не ви се приоритет и ќе се трудите максимално.

BETTY: Родена сте во Охрид а сега живеете во Скопје, колку Ви се разликува животот во овие два града?
Ако зборуваме за мојот брз и динамичен живот, од малечка ми бил таков...Не знаев за доста, сакав да бидам активна на многу полиња, во еден ден одев на училиште, нижо музичко, оркестар, хор итн.. Така што во тој поглед ништо не ми се разликува... Но, доколку зборуваме за општеството тука се разликуваат... Дефинитивно различни општества и различни навики.

BETTY: Дали имате страст кон пливањето и Ви недостига ли езерото во Скопје?
Како малечка имав повеќ е, како што растам страста се намалува. Но ми недостига езерото наутро, особено прошетката по кејот, мирисот на езерото и чистиот воздух.

BETTY: Како Симона се реши да започне музичка кариера, што Ве мотивираше?
Немаше некоја посебна мотивација, откако знам за себе знам дека музиката е дел од мене. Мајками ми раскажува дека уште на 4 години сум ги земала сит е мои кук лички и мечиња, сум ги мест ела да бидат моја публика и сум пеела пред нив цел ден. И така на 6 г одини прв пат настапив на фестивалче и о д тогаш сè започна.

BETTY: Лани на Макфест ја добивте наградата за најдобар дебитант, колку Ви значат наградите?
Ми значат, убаво е чувство то кога вашиот труд е забележан и награден, ви дава повеќе мотив за работа. Но, уште повеќе ми значи песната да остане и да се пее, т оа ми е пог олема награда.

BETTY: Едно од обележјата за Вас е Вашиот сингл „До крај“, очекувавте ли дека ќе биде толку добро прифатен од публиката?
Верував, затоа што прв пат кога ја слушав песната ме наежи и кажав ова е моја песна, буди нешто во мене и луѓето ќе го осетат тоа.

BETTY: Соработувате со Ерик Фокс со кого работите на хитови на англиски јазик. Ви претставува ли предизвик да пеете на англиски и со тоа да отворите пат на светската музичка сцена?
Да, предизвик е особено зашто е различен јазик, песните звучат многу поинаку кога не пеете на мајчин јазик, потешко е и интересно е. Запознавате еден поинаков дел од вас кога се слушате. И се разбира овој проект е започнат и со цел да се прошириме надвор од границите на нашата земја. Имаме сериозни понуди, но сакаме да го избереме најдоброто.

BETTY: Имате ли некој пример од светската музичка сцена на кој се восхитувате?
Да, на нивните успеси, Мараја Кери, Мадона, Ријана.

BETTY: Кон што се стремите, кои се Вашите предизвици во полето на музиката?
Албуми и концерти, песни кои ќе останат да се пеат.

BETTY: Сметате ли дека во Македонија можете да се реализирате како музички изведувач на начин на кој Вие сакате?
Па сега, не само за мене, за сит е музички артисти е лошо време, лошо време за македонската музика, сè помалку ја поддржуваат и сè повеќе ни се наметнува музика од надвор а не си го цениме нашето што го имаме, но, сепак, не се откажуваме и се надеваме на подобри времиња. Ние работиме со љубов за вас и така и ќе остане.

BETTY: Што може да очекуваме од Вас во блиска иднина на професионален план, на што работите?
Две нови песни со видеозапис, на македонски јазик, тоа од соло кариерата. А, исто така, нова песна како Саунд Месенџерс, се разбира, на англиски јазик.

BETTY: Колку и како се грижите за своето здравје?
Онолку колку што можам, здрава исхрана во преден план, мана ми е што сонот не секогаш ми е долг колку што е потребно.

BETTY: Колку сте физички активна, практикувате ли спорт?
Да, редовно, во фитнес центар Титаниум, имам личен тренер Славе Јаневски. Четири тренинзи задолжително во неделата.

BETTY: Што според Вас е клучот за здрав живот?
Мирен и доволен сон, здрава исхрана, физичка активност и релаксација.[mk_image src="https://betty.mk//wp-content/uploads/2015/04/App_MK_cover_maj_2015.jpg" image_size="full"]

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>