Фармацевти
Контакт

<< Назад

BETTY МАГАЗИН, АВГУСТ 2018

август 1, 2018

[vc_column width="1/2"][mk_image src="https://betty.mk//wp-content/uploads/2018/07/betty-mkd-avgust-naslovna.jpg" group="_general" margin_bottom="0" crop="false"][vc_column width="1/2"]ДРИТОН ВЕЈСЕЛИПоминувајте ги деновите со насмевка

Број 54, август 2018.Дритон Вејсели, младиот актер кој публиката најмногу го препознава како Талат од телевизиската серија „Преспав“, ексклузивно за BETTY магазин открива како ја добил улогата која отвори простор до израз да дојдат неговите актерски способности кои ги освоија симпатиите на гледачите. Низ разговор Дритон раскажува за искуството да биде дел од проект каде учествуваат врвни и искусни актерски имиња и колку тоа значи за неговата кариера. Младиот глумец открива кој актер за него е пример за беспрекорна трансформација и глума. Дознавме и кои се предизвиците на Дритон на актерската сцена. Актерот препознатлив по успешноста да изнуди насмевка на гледачите зборува и за тоа каде ќе го помине ова лето и во кои убавини што летото ги нуди најмногу ужива...

 

Бојана Стевческа

 

BETTY: Млад актер кој остава печат со својот уникатен хумор и со самодоверба ги лови симпатиите на публиката. Како актерството стана Ваша професија?

 

Дритон: Уште од мал правев етиди и скечови за другарите и за гостите кои  ми доаѓаа дома. Сакам да ги насмеам другите зашто тоа ме прави среќен, така се роди љубовта кон глумата. Сериозната одлука, да го посветам животот на оваа професија, ја донесов кога завршив средно уметничко училиште и сосема случајно го променив текот на мојот развој во уметноста.

 

BETTY: Препознатлив сте по улоги во ТВ-серии кои се емитуваат на националните телевизии во Македонија, а особено внимание привлече Вашата улога на рецепционерот Талат од серијата „Преспав“. Како дојдовте до оваа улога која засега е највпечатлива во Вашата кариера?

 

Дритон: Улогата ја добив на кастинг каде директорката Биљана Драгичевиќ Пројковска ме повика за улогата на Талат. Таа гледала испит по актерска игра на мојата класа додека студирав и мислела дека ќе бидам добар во улогата.

 

BETTY: Колкав предизвик за Вас беше толкувањето на ликот на Талат?

 

Дритон: Не беше тоа страшен предизвик, туку напротив ми беше задоволство, бидејќи ликот на Талат сам по себе е забавен и тоа ми дозволи да бидам опуштен и да уживам.

 

BETTY: Дали може да најдете некои допирни точки помеѓу Вашиот карактер и ликот на Талат?

 

Дритон: Ќе кажам дека 54% сум сличен со Талат (се смее)... Биографиите ни се поклопуваат,  јас  исто така сум по потекло од Тетово, се занимавам со угостителство и многу често не знам ништо.

 

BETTY: Вие сте млад актер, а во серијата „Преспав“ играат искусни докажани актери, беше ли тоа можност за Вас да црпите искуство за сопствено надградување?

 

Дритон: Кога станува збор за докажани актери како што се моите колеги во ,,Преспав“, работата тече на начин на кој придобивките од неа се и лични и професионални. Првата сезона се трудев да извлечам лекции за себе и научив како е да си дел од професионална продукција. А,  во втората сезона веќе имав искуство и го применував сето она што го научив претходно.

 

BETTY: Ликот на Талат има специфичен стајлинг во серијата со кој измамува насмевки дури и без да прозбори, кој е задолжен за тоа?

 

Дритон: За стајлингот на Талат е задолжен прекрасен тим од стилисти кој се грижи изгледот во секој кадар да биде совршено смешен.

 

BETTY: Со оглед на екипата која игра во ТВ-серијата „Преспав“ сигурно за време на снимањето има многу интересни ситуации, можете да ни издвоите некоја од нив која посебно Ве насмеала?

 

Дритон: Кога ја снимавме епизодата  ,,Романтичен викенд“, џакузито го доживуваме како да е личност. Цел сет се посветивме на џакузито, се однесувавме со него како да е дел од актерската екипа. Имаше многу смешни ситуации кога го преместувавме, бидејќи требаше да се преснимува сцената неколку пати.

 

BETTY: Каде се крие најголемиот предизвик за Вас како актер, која улога би сакале да ја донесете пред публиката, а не сте имале можност?

 

Дритон: Би ми било предизвик да го играм Ричард Трети во театарска претстава, затоа што е антихерој кој е монструозен, бескрупулозен и жеден за моќ, а тоа се особини кои се спротивни од мојата природа.

 

BETTY: Дали имате пример од светските познати актери кој претставува инспирација за Вас?

 

Дритон: Тој актер би бил Дениел Деј Луис, за кого без грам сомнеж можам да кажам дека е најдобриот жив актер. Ме инспирира неговата способност да се преобразува во улогите и почитта која тој ја има кон методот на глума.  Се трудам и јас да го применувам неговиот начин на работа, затоа сакам  да го живеам животот на Талат за време на снимање, многу често и кога не снимаат камерите да се однесувам како Талат, за да добијам автентичност.

 

BETTY: Што работите во моментов, што можеме да очекуваме од Вас на професионален план?

 

Дритон: Во моментов работам на себе, на проектот Јас, кој секогаш е недоработен, за во иднина да бидам подобар Јас во секое поле на животот. А, во меѓувреме чекам со нетрпение  да почнеме да ја снимаме третата сезона од ,,Преспав“ која ќе биде уште подобра од претходните.

 

BETTY: Колку слободно време имате и како го поминувате?

 

Дритон: Слободно време немам многу, а кога имам сакам да готвам, да се запознавам со кујните на светот. Уживам во гледање фудбал со пријатели, ладно пиво и кикиритки во лушпа. Гледам филмови и серии.

 

BETTY: Летото е во полн ек, верувам дека имате избрано место за одмор. Дали сте љубител на сонце и плажа или, сепак, ќе се одлучите за прошетка на дестинација која е атрактивна за Вас?

 

Дритон: Анталија е мојата дестинација за ова лето. Го сакам морето, сакам сонце, плажи, сакам да се релаксирам. Ја сакам турската храна, музиката, пијалаците.

 

BETTY: Колку внимавате да живеете здраво?

Дритон: Се трудам колку можам  да избегнувам храна која е штетна за мене и во летниве горештини се трудам да бидам хидриран. Практикувам да јадам овошје и зеленчук. А што се однесува до мојот став кон здравиот живот се трудам да си ги променам лошите навики.

 

BETTY: Колку сте физички активен?

 

Дритон: Не сум спортски тип, но вежбам три пати неделно. Повеќе од пола ден го поминувам на нозе, се трудам да одам пеш и сега периодов пливам.

 

BETTY: Порака до читателите на BETTY магазин?

 

Дритон: Имајте позитивни и убави мисли. Сакајте се  себеси, сакајте ги другите. Однесувајте се кон другите како што сакате да се однесуваат со вас и поминувајте ги деновите со насмевка.

[mk_image src="https://betty.mk//wp-content/uploads/2018/07/betty-mkd-avgust-naslovna-app.jpg" image_size="full" align="center"]

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>