Фармацевти
Контакт

<< Назад

BETTY магазин, февруари 2017

февруари 1, 2017

[vc_column width="1/2"][mk_image src="https://betty.mk//wp-content/uploads/2017/01/Cover_feb_2017.jpg" group="_general" margin_bottom="0" crop="false"][vc_column width="1/2"]

Викторија Лоба



Кариерата ми започна како детска бајка



Broj 36, февруари 2017

Младата Русинка која ја плени македонската публика, ексклузивно за BETTY магазин зборува за својата љубов кон уметноста, музиката  и глумата. Викторија открива детали за својата музичката кариера во Македонија и своите намери за развој на кариерата во Русија, каде е родена. Талентираната пејачка открива како ја одржува својата форма и со што ја храни својата насмевкаБојана Симоновиќ

BETTY: Македонската публика те памети уште од најмали нозе кога во 2003 ја претставуваше Македонија на детскиот Евросонг. Tвојот музички квалитет со години остава печат на музичката сцена, како беше откриен твојот талент за музика?
Мојот талент беше откриен на истата таа аудиција каде што сето тоа беше толку спонтано и несериозно. Јас отидов на аудиција мислејќи дека тоа е аудиција за хор во Македонската телевизија. Откако влегов веќе во потесниот круг сфатив дека тоа е за детска евровизија затоа што ние како деца тоа време не ни размислувавме дека има нешто такво како детска евровизија, тоа за прв пат се случуваше тогаш, бев пресреќна, влегов во најтесниот круг и ја претставував Македонија во Копенхаген,  2003 година за мене беше како детска бајка.

BETTY: Како ти го доживеа твојот прв јавен музички настап?Можеби доволно стресно, бидејќи не сум имала некое јавно појавување како дете, меѓутоа имав поттик и поддршка од моето семејство, од луѓето кои ме подготвуваа со кои вежбавме и бев доста сигурна. За Копенхаген, на пример, се подготвувавме 3 месеци интензивно и настапот покажа дека бевме доста подготвени и самоуверени на сцена.

BETTY: На детскиот Евросонг настапи во дует, потоа беше дел од бенд, за потоа да продолжиш со соло кариера, дали тоа значи дека најмногу се пронајде како соло пејачка?
Мислам дека повеќето пејачки, на пример, Бијонсе, почнуваат во дует, па бенд и така натаму. Многу е тешко да најдеш луѓе кои се премногу слични со твојот карактер, да сте пријатни  еден на друг и да се надополнувате, тука мислам на дуети или групи, тешко е дури и за бенд, да имаш сопствен бенд, секогаш можеш да дојдеш во конфликт на карактери. Доколку би имала јас некои колешки со кои би можела да направам проект заедно, јас секако би била и за во бенд и за дует, но со тек на времето и искуството се одлучив дека ќе бидам соло пејач.

BETTY: Ти си родена во Русија, но од својата 8 година живееш во Македонија. Колку често ја посетуваш и дали си размислувала својата кариера да ја развиеш и таму со оглед на тоа што се работи за огромен пазар?
Секако дека сум размислувала, тоа поднебје е малку тешко, можам да го споредам со американско поднебје, затоа што тоа се огромни држави кои имаат многу развиен шоу бизнис, ние сме буквално мала мравка во споредба со тој бизнис во Русија и Америка. Тука требаат многу поголеми врски и финансии, јас сум задоволна со мојата позиција на нашата сцена во Македонија, би сакала да имам некои проекти и на руската сцена, ако имам среќа да имам таму некоја соработка јас би се дала максимум. Да се надеваме дека тука нема да ни заостанува работата во Македонија и дека бизнисот малку ќе се поткрене и ќе добиеме некој елан за правење на многу подобри песни, за изработка на добри спотови и, исто така, ни треба поддршка, како и од спонзори така и од публиката.

BETTY: Добитник си на многубројни фестивалски награди во земјава и странство, колку тие имаат за тебе значење и колку ти даваат потврда за добро сработен проект?
После детската евровизија следната година настапував на „Розе Ветров“, тоа е фестивал за млади таленти до 20 години во Русија, јас тогаш имав неполни 15 години и  станав лауреат на тој фестивал претставувајќи ја Македонија. Имаше многу девојчиња и момчиња од целиот свет,  заедно со еден дечко од Италија и едно девојче од Бугарија ние бевме 3 лауреати од целиот свет, таа награда многу ми значеше  и после тој фестивал решив дека сакам да се занимавам сериозно со музика. Се запишав во средно музичко на соло пеење, но ми остана и љубовта кон удиралките, многу сакав да бидам женски тапанар, но засега таа желба ми е неостварена.

BETTY: Се имаш испробано и во актерските води, тука, пред сè, мислам на улогата на Лолита. Колку актерството за тебе е предизвик?
Актерството е голем предизвик и јас сум буквално заљубена во глумата. Од мои најмали години одам во детско драмско студио, кај Магдалена Ризова Черних, до 18 години додека не ме избркаа затоа што веќе бев возрасна за детско драмско студио, ми беше многу жал да си одам, за среќа токму таа година откако си отидов ја добив улогата на Лолита, режисерот токму таму ме виде. Ја игравме Лолита беше и на репертоар, тоа морам да кажам дека ми беа едни од најисполнетите месеци во мојот живот, бидејќи глумата ме храни културно, ја храни мојата креативност, но, секако, одзема многу време. Ако би можела да бирам помеѓу музиката и глумата секако би ја одбрала музиката. Сепак, кога би имала можности би сакала да се појавам како актерка во некој филм, претстава или мјузикл каде би можел да дојде до израз мојот потенцијал и креативност.

BETTY: На почетокот на оваа Нова година што за тебе е предизвик на музички план?
Следи изработка на мојот албум, веќе имам подготвено две песни кои ќе ги изведам околу март заедно со видеозапис и ќе бидат малку поразлични од тоа што се очекува од мене, се надевам дека ќе ве изненадам, нема понатаму да ги откривам тајните, сакам да бидете изненадени.

BETTY: Во кои случаи популарноста ти пречи, а во кои ти годи?Популарноста не можам да речам дека ми пречи, ми годи, никогаш не ми е досадно и никогаш не застанувам, секогаш сум во акција. Единствено ми пречи што не можам да им посветам време на своите најблиски за празниците кога работам.

BETTY: Дали постои некој изведувач од странската музичка сцена кој е твоја инспирација и чии стапки ги следиш?
Го обожавам Стинг, ја обожавам неговата музика, многу ми се допаѓа неговото размислување за животот и го следам буквално во приватниот живот како се однесува и на сцена, човекот е максимално искрен, прави навистина квалитетна и многу блиска музика до моето срце.

BETTY: Колку слободно време имаш и како најмногу сакаш да го поминуваш?
Слободното време порано го поминував во шопинг и другарување,  но во последно време сакам да сум дома и да одморам.  Можеби ми се смени карактерот, сакам едноставно гледање телевизија, ме усреќува, не размислувам многу, сакам да си посветувам време на себеси, сакам да одам во спа и на масажи, да се качам на планина, да уживам во чист  воздух, да ги шетам животинчињата,  моето кученце, тоа ме усреќува, тие најобични човечки работи.

BETTY: Освен по твоите гласовни способности, позната си и по одличната форма и визуелна појава која секогаш зрачи позитивност. На кој начин ја одржуваш физичката и духовната кондиција?
Духовната кондиција ја одржувам со правилен избор на книги, со чашка муабет со луѓе кои многу ги сакам, меѓусебно си се поддржуваме и ми влеваат доверба и љубов. Физичката форма во денешно време каде што ние пејачите не застануваме многу е лесно да ја одржуваме затоа што не јадеме толку редовно. Сепак, вежбам, се посветувам и на фитнесот кога сум послободна, затоа најмногу го сакам летното време зашто можам доста да пливам, да вежбам на отворено.

BETTY: Колку твојата професија ти дозволува да живееш здрав живот?
Редовните оброци ги немаме, освен тоа јас одржувам некој начин на здрав живот, знам да си дозволам и брза храна, но не многу често, тоа не се одразува толку на мене зошто не е толку често. Најмногу сакам да ручам здраво, сè поретко јадам навечер, меѓутоа една единствена работа од која не можам да се откажам е црното чоколадо, тоа го консумирам нонстоп.

BETTY: Што ти мислиш дека е клуч за здрав живот?
Балансот е клуч за здрав живот, позитивното размислување, непреувеличување на несреќите кои ни се случуваат секојдневно, позитивно гледање на животот, тоа е клучното нешто, ако сите дадеме позитивност може да биде подобар овој свет и нашиот живот.

BETTY: Порака до читателите на BETTY магазин?
Мојата порака е многу едноставна, да внимаваат на себеси, на својот духовен свет, на духовното здравје, на физичкото здравје, да си посветуваат време себеси и потоа на другите. Можеби звучи егоистично, но сè поттикнува од нас, од нашето внатрешно чувство и тоа го пренесуваме на другите луѓе. Бидете среќни и здрави и сите околу вас ќе се чувствуваат убаво.[mk_image src="https://betty.mk//wp-content/uploads/2017/01/App_cover_feb2017.jpg" image_size="full" align="center"]

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>