Фармацевти
Контакт

<< Назад

BETTY магазин, јануари 2016

јануари 4, 2016

[vc_column width="1/2"][mk_image src="https://betty.mk//wp-content/uploads/2016/01/Cover_jan_2016.jpg" group="_general" margin_bottom="0" crop="false"][vc_column width="1/2"]

Жељко Јоксимовиќ



Благодарен сум на она што го имам



Broj 23, jануари 2016

Далибор Мрдиќ

Еден од најпопуларните музичари од овие простори, зад себе има 6 албуми, многу хитови кои ги компонирал за други изведувачи, но и сјајни композиции, работени за филмови и серии. Благодарение на блескавиот настап на Евросонг, како пејач и како композитор, стекна слава ширум Европа. Признава дека е подеднакво среќен на бина како и во студио, но сепак, најсреќен е покрај сопругата Јована и синот Коста, кој неодамна наполни една година. Ексклузивно за BETTY – Жељко ЈоксимовиќBETTY: Албумот заживеа, спотовите за „Дама“, „Исто је“, „Звезда“, веќе се во етерот. Ќе има ли уште спотови за песни од новиот албум?

Има уште песни за кои сметам дека треба да доживеат своја екранизација, така што ќе има уште спотови, се разбира. Паралелно со тоа, тргна и концертната промоција во регионот, свиревме во Словенија, Хрватска, БиХ, во Белград...

BETTY: Каде е Жељко Јоксимовиќ во овој момент најпопуларен, каде имате најмногу аплаузи?

Ја обожавам нашата балканска публика која секогаш е така топла и полна со љубов. Секоја публика има свои специфичности... Не можам да го заборавам концертот во Скопје пред 60 000 луѓе, тоа беше спектакл за кој сонуваат музичарите. И во Тузла беше фантастично. Публиката ме прифати извонредно, салата „Мејдан“ беше полна. Велат дека никогаш немало повеќе луѓе, од мојот концерт. Тоа е навистина убаво да се слушне. Ми беше неверојатно и во Бања Лука. Околу 25 000 луѓе се собраа на градскиот стадион, пееја песни од новиот албум заедно со мене, што ме изненади бидејќи ЦД-то беше пуштено во продажба неколку дена пред концертот. Но, тоа ми покажа колку верна и добра публика имам. Добро сум прифатен и во Хрватска, добра беше енергијата каде и да пеев, а настапував цело лето. Го паметам и концертот во Сараево, потоа повторно во „Арена“ по 8 години. Привилегиран сум бидејќи имам таква публика.

BETTY: Многумина ова ЦД стилски ги потсетува на Вашиот прв албум...

Па, не сум баш сигурен дека е така, јас се трудам секој пат да бидам поинаков и сигурен сум дека овој албум е уникатен. Но, ако гледаме според звукот, тогаш може и така да се толкува. Овој албум звучи онака „pure“, чист поп звук е во прашање и е доста радиофоничен, како што беше и тој мој прв албум во издание на PGP RTS од деведесет и некоја, кој го споменавте.

BETTY: Долго се чекаше на овој Ваш албум. Да се надеваме дека помеѓу овој и наредниот албум паузата нема да биде толку долга.

Нема сигурно. Верувале или не, веќе имам некои песни кои се завршени за следниот албум. Некои од нив публиката ќе ги слушне и пред излегување на следниот албум, бидејќи планирам да издадам неколку синглови во меѓувреме.

BETTY: Автор сте на бројни хитови. Што е потешко, да се компонира за себе или за други?

За компонирање и уметничко творење, воопшто, најбитна е емоцијата. Сакам да израдувам и да изненадам со новата музика, а слушателот да почувствува и да слушне напредок во секоја смисла. Дали музиката и текстот ќе ги изведувам јас или некој друг пејач, зависи од многу фактори, битно е добрата музика да живее.

BETTY: Како на крајот ги избирате песните кои ќе се најдат на албум? Што е пресудно и чие мислење при тоа најмногу го уважувате?

За мене песните се мелодија. Музика. Не пристапувам јас како наратор кој рецитира текст со музика во заднина која едвај се наѕира. Таков сум творец. Сакам бескрајни ноти, инструменти, звук, шум, сакам да слушнам, да почувствувам енергија која ме заплиснува кога ќе тргне првиот такт. Секоја песна кога ќе ја завршам и измиксирам велам ова е А1. А магијата е, всушност, во демо верзиите. Тоа се нулта верзии. Сите ги чувам од првиот ден кога почнав да ги создавам. Стотина од тие мелодии сега само го чекаат моментот кога ќе ги објавам. Но, им пристапувам со големо внимание. За да бидат до крај автентични, сите песни на новиот албум ги снимав на стари vintage инструменти, дури купив и тапан од 1963, и микрофон Neumann U67 од 1964 година, вистински раритет. Некои песни ги снимав сакајќи, кога ќе ги слушнете, да бидете во осумдесеттите, со стариот пасош, во голема земја каде се слуша прекрасна музика.

BETTY: Дали Balkan Bazar Project сега, поради излегувањето на албумот, ќе биде ставен „на пауза“ и имате ли нови идеи поврзани за таа музичко-сценска приказна?

Balkan bazar е замислен како долгорочен проект кој живее. Вложив многу енергија и љубов, па драго ми е што има многу публика која со нетрпение го исчекува следниот чекор и случување. На концертот на 11 декември во Арена во Белград некои песни се изведени во аранжман на Balkan bazar. Тоа беше прв пат пред публиката во мојот град да ја изведувам оваа музика и многу сум горд на тоа. По Истанбул, Софија, Атина, Загреб ние ќе продолжиме со концертите на Balkan bazar и тоа многу брзо.

BETTY: Неколку пати учествувавте на Евросонг. Минатата година работевте на песната на Црна Гора на овој фестивал, која ја изведе Ненад Кнежевиќ-Кнез. Дали имате желба повторно да настапите на Евросонг и како изведувач?

Мислам дека повеќе нема да се натпреварувам како пејач. Како автор е можно, ама како изведувач не.

BETTY: Работевте на музиката за неколку сериски и филмски проекти. Колку е тоа поинаков и потежок начин на авторска работа и има ли нови ангажмани на тоа поле?

Уживам во удобноста и мирот кој е дел од процесот на создавање музика за филм или серија. Прекрасно е кога ќе се вселиш во некоја необична приказна, или некое потполно поинакво време. Наскоро ќе чуете нешто ново од мојата филмска работилница, ветувам.

BETTY: Кога е во прашање вашето семејство, како се одморате, како ги бирате дестинациите и дали сте повеќе за зимски или за летен одмор?

Сакаме море и сонце, уживаме во егзотични дестинации, одиме понекогаш и на скијање. Што и да планираме, Коста е во прв план и одморот е подреден на неговите потреби. Тогаш сите заедно уживаме. Конкретно, овие денови Јована и јас бевме на краток одмор во Дубаи, на неколку дена, за да ги наполнам батериите пред концертот во Белград. Сакаме одвреме-навреме да си дозволиме такви работи, на кои сме заедно како семејство, а за разлика од поголемиот број туристи кои таму патуваат за да пазарат, ние се трудиме што подобро да се одмориме, наспиеме и уживаме.

BETTY: Дамите го фалат вашиот изглед, линијата... Како се грижите за тоа и дали се занимавате со спортски активности?

Благодарам на комплиментот, ако тоа е вистина. Меѓутоа, вистината е дека немам многу време за тренинзи, а кога ќе ми се укаже прилика се занимавам рекреативно со фитнес, трчам, а навечер рано легнувам. Некогаш рано наутро станувам, па џогирам, доста шетам. Генерално, поради природата на мојата работа, честите патувања, концерти, проби и снимања, потребно е да останам во форма. Сепак, клучно е да се биде задоволен со својот живот и да се биде благодарен на она што го имаш.

BETTY: За што попрво наоѓате време: книга или филм? Може препорака од некој наслов за нашите читатели?

Па, бидејќи на крајот на годината беше актуелен Саемот на книги, бирам книга. Би препорачал биографија од познати музичари, на пример, Fragile од Стинг. Мислам дека кај нас е преведена како „Расштимана музика“ и зборува за деталите од неговиот живот и кариерата за што порано малку се знаело. Од друга страна, слободното време, кога го имам, се трудам да го искористам да бидам со синот, или со сопругата. Кога сум сам, тогаш музиката ми проаѓа низ мислите и енергијата ја насочувам кон нотите, компонирањето, песните...

BETTY: Колку добро се снаоѓате во кујната и каква храна преферирате?

Не готвам, ама уживам во совршена храна и гурман сум. Медитеранската кујна е мој фаворит, сакам риба, морски плодови и вкусни салати од зеленчук. Тоа е нешто што ми дава енергија, а истовремено е и здраво. Сакам и паста pesto genoveze, како и целата италијанска кујна.

BETTY: Кое е Вашето мото, односно животна филозофија, која Ве мотивира и како гласи?

Just forward... Гледајте на животот на позитивен начин и само одете напред![mk_image src="https://betty.mk//wp-content/uploads/2016/01/App_MK_cover_jan_2016.jpg" image_size="full"]

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>