Фармацевти
Контакт

<< Назад

BETTY магазин, jули 2015

јули 23, 2015

[vc_column width="1/2"][mk_image src="https://betty.mk//wp-content/uploads/2015/06/Cover_july2015.jpg" group="_general" margin_bottom="0" crop="false"][vc_column width="1/2"]

Катарина Ивановска



Сон ми е ревија на Викторија Сикрет



Broj 17, јули 2015

Се чувствувам најудобно во спортска и лежерна облека

Бојана Симоновиќ

Најуспешната Македонка во светот на модата која е дел од најпрестижните модни случувања во светски рамки, Катарина Ивановска, ексклузивно за BETTY магазин говори за љубовта кон својата професија. Катарина открива кои се најголемите модни, но и филмски предизвици за неа, кои се нејзините најважни лични достигнувања... Убавата Македонка ни открива детали за својата хуманитарна работа, како и за својата посветеност на спортот и физичката активност...Ексклузивно дознаваме и за идните професионални ангажмани на Катарина Ивановска.BETTY: Дали манекенството отсекогаш беше Ваш сон и дали некогаш помислувавте дека можете да бидете дел од најпрестижните модни случувања во светот и да се појавите на насловните страници на најпознатите светски модни магазини?
Искрено не, но кога започна мојата кариера на 15 години, јас бев дете со многу соништа и речиси секојдневни желби за различна професија. Сакав да бидам актерка, па професионален тенисер, па потоа велев дека ќе студирам дипломатија. Но, ете, кариерата ми се одвива во светот на модата. Кога гледам наназад, и кога би требало да сменам нешто, не би сменила апсолутно ништо, затоа што оваа професија е дефинитивно нешто во што уживам.

BETTY: Која ревија од која сте биле дел Ви претставува најголемо лично достигнување?
Не знам дали постои една или некоја посебна ревија која би можела да ја издвојам како ревија за мое најголемо достигнување. На почетокот на мојата кариера бев многу поактивна на ревиите, и учествував на ревиите на речиси сите светски познати модни дизајнери, како Валентино, Армани, Кавали, Долче и Габана, Ели Сааб, Ралф Лорен, бев и ексклузивно лице за брендот Гучи. Сега повеќе работам на кампањи, фотографирање за модни едиторијали, каталози. Секој дел е различен и посебно интересен. За време на ревиите, во самата организација учествуваат многу повеќе луѓе, има повеќе динамика, но сето тоа трае кратко, особено за нас манекенките, додека за време на снимање кампања, едиторијал, екипата која работи е помалубројна, но поминуваме повеќе време заедно. Во секој случај, јас и двете работи ги работам со љубов, и подеднакво ми се драги, како учеството на ревија, што секако би го направила и денес доколку мојата агенција ми обезбеди таков ангажман, а истовремено продолжувам со снимање на модни кампањи.

BETTY: Во кој од светските модни брендови најмногу се препознавате?
Во секој кој има удобна и едноставна облека. Не сум фан на облека која вклучува дополнителни детали, затоа користам аксесоари, сакам облека која е комфорна и квалитетна.

BETTY: Од кој светски моден настан сакате да бидете дел, а досега не сте имале можност?
Сон на секоја манекенка е да биде дел од шоуто на Викторија Сикрет, па секако и мој сон. После неколку години напорна работа и одење на кастинзи, им здосади на одговорните луѓе на Викторија Сикрет да ме одбиваат, па конечно ме ангажираа да сликам за нив (се смее). Но, освен снимањето каталози за овој бренд, никогаш не бев еден дел од нивна ревија, па ете би сакала и тоа да се случи.

BETTY: Во каква облека се чувствувате најпријатно и најдобро во сопствената кожа?
Мојот татко е ракометар, мојата мајка своевремено првак во карате во Македонија, сестра ми долго време тренираше ракомет, што значи потекнувам од спортско семејство, така што спортската облека (тренерки, патики) ми беше задолжителен дел од гардеробата. А така и остана, јас и денес се чувствувам најудобно во спортска облека. Бидејќи често патувам, долго време поминувам во авиони и на аеродроми, па секако многу е важно да се чувствувам удобно, а тоа е секако во спортска и лежерна облека. Денес многу често светски познати дизајнери соработуваат со светски познати брендови на спортска облека, и можете да најдете истовремено удобни и најмодерни парчиња на спортска облека.

BETTY: Се испробавте и во актерските води откако ја одигравте главната улога на Еврејката Ребека во филмот „Трето полувреме“. Се пронајдовте ли во актерството и колку е тоа предизвик за Вас?
Кога ја добив понудата за филм и тоа понуда за главна женска улога, улогата на Ребека во еден од најдобрите македонски филмови „Трето полувреме“, веднаш знаев дека актерството ќе биде мојата нова љубов. Секако дека би сакала во иднина и малку попрофесионално да се занимавам со актерство, но во овој момент модата е на прво место.

BETTY: Со кој светски актер кој Вие го цените би сакале да играте во филм?
Ох, па ги има повеќе (се смее). Навистина не би можела да изберам еден, ми се допаѓа Клајв Овен, Џад Лоу, кој го гледав како маестрално ја одигра улогата на Хамлет на Бродвеј, потоа Жоакин Феникс. Битно ми е да се инспирирам и да учам од тие кои се професионалци во својата работа.

BETTY: Оформивте и своја добротоворна фондација и се посветивте на хуманата работа. Колку сте засега задоволни од работата на „Катарина Ивановска Фондација“?
Желбата да помогнам, и да ги поттикнам и другите да помагаат, се реализираше со основањето на „Катарина Ивановска Фондација“ која работи и дејствува за поддршка во процесот на лекување деца од социјално загрозени семејства во Република Македонија. Целта на Фондацијата е да придонесе во морална и материјална смисла кон една ранлива категорија граѓани, директно и индиректно да се помогне во решавањето на нивните проблеми, како и да се поттикне еден поголем општествен слој во напорите да се спасат што повеќе детски животи.
Фондацијата работи врз основа на план и утврдена годишна програма за работа, вклучувајќи повеќе активности како: организирање конкретни програмски активности, спроведување проекти, организирање хуманитарни акции и слично.

BETTY: Кое мото ја води Катарина Ивановска низ животот, што знаете да си кажете себеси кога не оди сè според планираното?
Секогаш изгледа невозможно, додека не е направено – Нелсон Мендела. Секој може да се возвиши над своите околности и да постигне успех ако е посветен и страствен за тоа што го работи – Нелсон Мендела.

BETTY: Што следно може да очекуваме од Вас на професионален план?
Во моментов сум во Њујорк, каде што имам состаноци со мојата агенција и ги договараме следните активности. Она што знам дека сигурно ќе следува се снимања за моите долгогодишни пријатели од Петар Хан, и наскоро треба да заминам за Шпанија да го снимам новиот каталог за нив. Она што го работам во Македонија е мојот бренд „Парго“, за кој наскоро ќе се појават маички со нов дизајн, и секако активностите со Фондацијата.

BETTY: Забележлива е Вашата посветеност на спортската активност, колку време од денот одделувате за да бидете физички активна и која е Вашата омилена физичка активност?
Како што веќе споменав, израсната сум во спортско семејство, па спортот беше секојдневие за мене. Јас никогаш професионално не играв ниеден спорт, но рекреативно играв одбојка, тенис, во кој и денес уживам, одев на пливање. Не е тешко да се биде во форма, посебно кога тоа е најважно за мојата кариера, а кога тоа е кариерата која ја сакате. Јас многу вежбам, кога сум во Скопје одам на кеј, трчам, одам и во теретана, се качувам на Водно. Кога сум, пак, во Њујорк секојдневно трчам, а кога сум на некоја друга дестинација, секогаш одам да вежбам во теретаната која ја има хотелот, но, сепак, најмногу уживам кога вежбам на отворено, и тоа особено кога трчам.
Трчањето има предност во однос на другите аеробни вежби, затоа што, пред сè, е потребно минимална употреба на реквизити, можете да трчате кога и каде сакате, и во кое било време, што значи не зависи од работното време. Трчањето го намалува стресот, и нема негативни појави, освен можеби малку воспалени мускули (се смее).

BETTY: Со оглед на тоа што Вашата професија бара постојано да сте во форма, колку тука улога игра здравата исхрана, настојувате ли да се храните здраво?
Никогаш не сум држела некоја ригорозна диета. Секако дека внимавам на исхраната, јадам здраво, многу овошје и зеленчук, риба, и пијам многу вода. Секако дека имало ангажман за кој требало да ослабам два, три или пет килограми, и во тој одреден период намалувам со храната и вежбам малку повеќе. Одредени креатори бараат манекенки токму како мене, одредени бараат преслаби девојки, но затоа е тука агенцијата која знае на каков кастинг да испрати каква манекенка.

BETTY: Колку физичката активност и исхраната влијаат на Вашето расположение?
Јас сум ранобудник. Кога и да легнам навечер, секогаш станувам во 7, а некогаш и порано. Рано одам на трчање, и тоа ми дава енергија за цел ден, а секако влијае позитивно и на моето расположение. За исхраната имам малку проблем (се смее), јас сум гурман, сакам домашно подготвена храна, и тоа посебно подготвена од мојата мајка. За среќа и јас уживам во готвењето, па тогаш подготвувам здрави оброци, кои секако влијаат и на расположението.

BETTY: Што би им порачале на читателите да практикуваат и да консумираат со цел да си обезбедат себеси подобро здравје?
Да вежбаат, да се хранат здраво, да јадат многу овошје и зеленчук, а особено кога во Македонија го имаме највкусниот и најсочен избор на овошки и зеленчук.[mk_image src="https://betty.mk//wp-content/uploads/2015/06/App_MK_cover_jul_2015.jpg" image_size="full"]

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>