Фармацевти
Контакт

<< Назад

BETTY магазин, jyли 2016

јули 1, 2016

[vc_column width="1/2"][mk_image src="https://betty.mk//wp-content/uploads/2016/06/Cover_july.jpg" group="_general" margin_bottom="0" crop="false"][vc_column width="1/2"]

Светлана Црнокрак



ОД МАЛА СОНУВАВ ДА БИДАМ ДОКТОРКА



Broj 29, jyли 2016

Бојана Симоновиќ

Со години важи за еден од најуспешните амбасадори на македонската убавина во светот, таа Светлана Црнокрак ексклузивно за BETTY магазин говори за својата страст кон  остварената кариера како манекен и презентер, но и за неостварените соништа како медицинско лице. Светлана ни открива и како успева да ги избалансира многубројните обврски со кои секојдневно се соочува. Црнокрак отворено зборува за модата кај нас, како и за тоа како таа успева со години да ја одржува својата одлична линијаBETTY: Манекенка, презентерка на вести, сопруга, мајка, како Светлана Црнокрак секојдневно се носи со сите овие обврски?

Токму така, многу улоги во мојот живот. Сè се постигнува кога се сака. Благодарение на моето семејство, мојот сопруг, успевам да ги извршувам сите обврски. Само треба добра организација. Имам максимална поддршка од сите во тоа што го работам, а тоа ми е најважно.

BETTY: Која професија за Вас беше најголем предизвик од почетоците на Вашата кариера?

Ќе бидам искрена и ќе кажам дека уште како мала сонував да бидам докторка. Токму поради тоа и избрав да се школувам во насока на медицината. По професија сум акушерка, но никогаш не сум го работела тоа. Како тинејџерка го засакав и манекенството, го прифатив тој предизвик и успешно пловам во тие води веќе 22 години. Сега веќе индиректно преку нашата модна агенција „Црнокрак“.

BETTY: Вие и Вашиот сопруг долги години сте сопственици на модното студио „Црнокрак “. Колку земјава отвора простор за развој на успешна манекенска кариера?

Модното студио „Црнокрак“ опстојува долги години и ќе бидам нескромна и ќе кажам дека сме една од најдобрите модни агенции во Македонија, сепак, долгогодишното искуство и успесите си го прават своето. Ние буквално живееме од нашата работа. Тоа значи дека  тоа ни е професија, иако за нашите членови тоа претставува хоби. Сè зависи со кого и како се работи. Простор за успешна манекенска кариера кај нас отсекогаш имало и ќе има, но со кого се соработува и дали се вистинските одбрани луѓе. Македонија е мала земја, веќе сите се знаеме кој и како работи. За разлика од тоа кога ние бевме манекени, сега е многу полесно, бидејќи ние кога работевме буквално сами се снаоѓавме, а сега е многу поинаку. Постојат модни агенции и тие стојат зад секоја работа, а моделот е должен само да си ја одработи својата работа професионално.

BETTY: Со Вашата работа често и патувате, кога ќе направите споредба до каде е земјава на полето на развој на модата?

Пак ќе кажам дека Македонија има развиено модна индустрија, не сме многу далеку од другите земји, но во однос на тоа колкава земја сме и колку сме, одлични сме во поглед на тоа поле.

BETTY: Според Вас колку е модерен народот во Македонија, се следат ли доволно светските трендови?

И тоа како сме модерни. Навистина ме радува тоа што Македонија има преубав народ, особено младите, ја следат модата, трендот и доволно е да излезете на улица половина час и ќе ви биде јасно. Ова го потврдувам особено кога ни доаѓаат гости од други земји и секогаш се воодушевени од нашиот народ, особено од преубавите девојки и жени.

BETTY: Кога сте дел од светот на уметноста секогаш се случуваат интересни работи. Можете ли да ни одвоите некоја ситуација од Вашите настапи на која секогаш со насмевка се сеќавате?

Па да... секогаш ќе се сеќавам на еден момент, на една ревија во Битола. Настапувавме заедно со мојот сопруг, тогаш ми беше тазе дечко. Бевме малку поткарани... и на самата проба пред ревијата стоевме еден до друг. На момент јас се сопнав, почнав да паѓам и го повлеков и него. Двајцата паднавме, сите почнаа да се смеат и тоа ни беше причина да се смириме.

BETTY: На манекенската писта не е секогаш сè розово, сте доживеале ли Вие некој непријатен настан, како што е сопнување поради високи потпетици или слично  и како сте се соочиле со него?

Тоа е многу нормално. Сум имала неколку пати такви ситуации. Во тој момент е најважно да не се паничи и да се изведе во смеа. Ми се има заглавено потпетицата за фустанот и не можев да направам ништо друго освен да се наведнам да ја извадам од нога и нормално да се насмеам... и тогаш следува аплауз од публиката. Мораш во тие моменти да се снаоѓаш...не е едноставно во секој случај.

BETTY: Кое Ваше професионално остварување го сметате за Ваше најголемо достигнување до сега?

Има повеќе, но ќе издвојам едно. Мојата титула Мис на Балкан 1996 година. И моето патување во Италија веднаш потоа. Во Италија, како носител на овој избор за убавина, краток период работев и снимав реклами за тогашниот актуелен бренд „Пармалат“. И навистина тоа ми беше отскочна штица во мојата кариера, а потоа следуваа и повеќе интернационални избори за убавина и титули кои ги освојував како амбасадор на македонската убавина.

BETTY: Кој е Вашиот најголем предизвик на професионален план?

Па сè она досега што сум сакала да го работам ми се остварило...освен едно нешто. Да работам како акушерка. И навистина многу ја сакам таа професија, но никогаш не се знае...

BETTY: На што работите во моментов?

Во моментов освен секојдневните обврски како презентер и работата во нашата модна агенција, од неодамна сум заштитно лице на брендот „Пробаланс“. Како жена со повеќе улоги во животот се пронајдов и ја прифатив понудата да работам со нив, бидејќи тоа е бренд со повеќе функции одговорен за нашето здравје. Содржи производи кои ги користам јас, моето семејство, а и професионално и нашите модели. Често патуваме, нашата работа е таква, а сите тие промени кои настануваат во организмот си го прават своето. Затоа тука се „Пробаланс капсулите“ кои го регулираат метаболизмот, потоа Пробаланс имуно кои се грижат за имунитетот, и а бејби капките кои мојата ќеркичка ги консумира веќе две години. Со тоа сме сите заштитени од сите надворешни влијанија кои можат да создадат промени во нашиот организам.

BETTY: Како успевате на направите баланс помеѓу Вашите професионални и приватни обврски?

Како што кажав претходно сè е во добрата организација. Се трудам максимално да најдам време за сè. Пак ќе кажам кога се сака сè се може, но, сепак, без поддршката на моето семејство верувам дека во тоа не би успеала.

BETTY: Како ја одржувате Вашата фигура со оглед на тоа што Вашата професија е поврзана со физичкиот изглед? Колку сте физички активни?

Првенствено позитивната енергија, луѓето околу мене што ме прават среќна, а тоа е моето семејство, родителите, пријателите. Зависно од обврските се трудам максимално да живеам здрав живот. Се хранам здраво, со многу свежо овошје и зеленчук, немасна храна, многу вода, нормално тука е физичката активност, возење велосипед, фитнес, пливање, скијање во зима. Посетувам и салони за убавина, се разбира, тие се неизбежни за дополнителна нега на една жена.

BETTY: Љубител ли сте на спортот? Дали активно се сте занимавате или сте се заминавале со спорт?

Спортот е секогаш присутен во мојот живот. Од мала скијам, пливам, играм кошарка, гимнастика...а и сега како што кажав претходно се трудам да не го изоставам. Без физичка активност не би можела да функционирам. Тоа ми дава енергија.

BETTY: Колку внимавате на исхраната и што најчесто е дел од Вашата трпеза?

Внимавам на тоа што го консумирам и обично избегнувам да мешам различни видови на храна. Протеини јадам со салата, не ги мешам со јаглехидрати. Јадам овошје, салати. Но има и некогаш исклучоци кога си дозволувам да си каснам, но, сепак, потоа го чистам организмот со физичка активност, со помош на мојот верен пријател „Пробаланс“ и со водени денови.

BETTY: Порака до читателите на BETTY магазин?

Верувајте во себе, бидете позитивни и смејте се. Живејте го животот здраво, бидејќи здравјето е најважно, сè друго само си доаѓа.[mk_image src="https://betty.mk//wp-content/uploads/2016/06/App_cover_july.jpg" image_size="full" align="center"]

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>