Фармацевти
Контакт

<< Назад

BETTY магазин, jyни 2017

јуни 1, 2017

[vc_column width="1/2"][mk_image src="https://betty.mk//wp-content/uploads/2017/05/cover_jun2017.jpg" group="_general" margin_bottom="0" crop="false"][vc_column width="1/2"]

Оливер Драгојевиќ



Во животот треба да се биде упорен и трпелив



Broj 40, jyни 2017

Тој е еден од најголемите музичари на Медитеранот. Неодамна го прослави 70-тиот роденден, како и 50 години на естрада во текот на кои снимил дури 23 студиски албуми и ни сам не знае колку сингл-песни. Настапувал во најпознатите концертни сали, како њујоршкиот Карнеги Хол, лондонскиот Ројал Алберт Хол, париската Олимпија, Опера Хаус во Сиднеј. Му недостасуваат уште, како што вели, Токио и Москва, па да ја заокружи приказната. Минатата година се огласи со ЦД кое го сними со својот долгогодишен пријател и соработник Џибони. Ексклузивно за BETTY –Оливер Драгојевиќ...Далибор Мрдиќ

BETTY: Кој го наслови албумот „Фамилија“, и што треба да се случи за некој од страна да го сметате за фамилија?
Насловот се случи спонтано. Џибо дојде кај мене со своите нови песни, предложи некои од нив да ги снимиме заедно, потоа се вмеша мојот син кој нè фотографираше за обвивката, потоа ќерка му на Џибо која го направи дизајнот за обвивката, така што некако логично беше ЦД-то да има наслов „Фамилија“. Џибони и јас се знаеме многу долго, пред сè, сме пријатели, живееме во близина, се занимаваме со иста работа, соработувавме во повеќе наврати и навистина го сметам за дел од својата фамилија.

BETTY: Како, всушност, изгледаше Вашата прва средба и дали веднаш ја препознавте таа слична енергија?
Тој му ја донел песната „Цесарица“ на Зденко Рујниќ за Сплитски фестивал. Одам јас кај Зденко да ги слушнам песните и на прва велам „оваа е моја“, иако, всушност,  требало да ја пее Винко Цоце. Потоа се сретнав и со Џибо. Тоа морало да се случи без оглед на таа генерациска разлика. Сè да занемариме – интереси, сличности и разлики, патиштата некаде морале да ни се вкрстат. Мене ми е преокупација да свирам и пејам, нему да пишува и да свири. Не можевме да се промашиме, освен дека сме родени во различни епохи.

BETTY: А како изгледаше таа поделба на песните од албумот „Фамилија“?
Се договаравме. Јас искрено му реков што ми се допаѓа, всушност, сите ми се допаднаа, но ги избрав оние кои можам да ги донесам на вистински начин. Единствено не ми ја покажа песната „Ниси више моја бол“, која е и последна на  албумот. Да ми ја покажеше и неа ќе ја земев. Многу ми се допаѓа. Но сеедно, често ја пеам на своите концерти, како да е моја.

BETTY: Кога Оливер сфати дека музиката е негов животен пат?Целото мое семејство беше составено од музичари. Иако во Вела Лука, каде што сум роден, немаше музичко училиште, мене не ми беше проблем бидејќи набрзо се преселивме во град. Како дете сум покажувал желба за музика. Сакав да свирам  клавир, меѓутоа ми дадоа виолина, но мене виолината не ми се допадна и не сакав да вежбам. Така, сепак, се вратив на клавирот. Тргнав на детски фестивали, потоа дојде работа со група, потоа соло кариера, повторно група „Батали“, и после сè  самостојна приказна која ете трае веќе четириесет и некоја година.

BETTY: После толку албуми и песни, какво е чувството да се влезе повторно во студио? Што има повеќе, одговорност или желба на публиката да ѝ се понуди нешто поинакво?
Најважно ми е да ме допре песната. Ако во мене не се активира ниту еден сензор, ако не се наежам, ако окото не ми засолзи, тогаш тоа е изгубен момент. Значи, песната е основа за сè, само таа може да ме подигне да влезам во студио.

BETTY: Како ги бирате песните за концерт и знаете ли дека во публиката секогаш има некој чија омилена песна нема да се најде на репертоарот таа вечер?
Ах, знам, што можам тука. Сум снимил толку многу за овие педесет години. Кога би ги пеел сите песни кои публиката ги сака, тоа би траело десетина часа. Бидејќи не можам толку физички да издржам, тогаш ги избирам по принцип од сè по малку, за секого по нешто.

BETTY: Постои ли песна која ја издвојувате како најважна во Вашата кариера?
Не можам јас тоа да го издвојам затоа што не можам да кажам дека „Цесарица“ е полоша од „Кад ми доѓеш ти“. Станува збор за вкус, тоа е како со жените, од нив 10 која е најубава, сите се убави и што сега. Важни песни се „Галеб“, „Цесарица“, тоа некаде ми го промени музичкиот пат. Ако песната остане во луѓето и ако сите ја знаат, секако дека тоа му годи на секого, ама ако тоа те промени како човек, тогаш тоа не е добро. Ништо не ме променило, само ми е драго кога ќе се појави нешто толку убаво па луѓето пеат заедно со мене.

BETTY: Албумот „Фамилија“ Ви донесе низа музички награди. Колку тие награди денес Ви значат?
Наградите се прекрасна работа, ама не водам сметка за тоа, посебно не сакам кога некој ми се додворува со награди. Се сеќавам дека со години учествував на сараевскиот „Шлагер сезоне“ и секогаш бев втор. Една година ја пеев „Моје прво пијанство“ и добив награда од публиката, награда од жирито, награда за текст и аранжман. Кога организаторот на Фестивалот ме праша дали сум задоволен, му реков: „Сум. И никогаш повеќе нема да ти дојдам затоа што ова го намести (се смее)“.

BETTY: Зад Вас се безброј дуети. Со кој не сте оствариле соработка, а имате желба?
Имав план без разлика како, на кој било начин да дојдам до Реј Чарлс и Стиви Вондер. Не успеав со Чарлс, очигледно нема ни со Вондер, ама затоа остварив низа соработки со врвни музичари и пејачи од сите страни на светот и тоа ме прави среќен. Многумина ми биле гости на концертите, свиреа и пееја со мене.

BETTY: Имате ли уште некои неостварени желби?
Па, да речеме да настапам во сите шест големи концертни сали во светот. На тој список ми останаа уште само Москва и Токио, и верувам дека тоа ќе се оствари во блиска иднина.

BETTY: Често сте настапувале и во некои помали простори, но и пред помалку публика...
Секако. Не е целиот живот собран во четири концерти. Се сеќавам дека еднаш покојниот Кемал Монтено и јас во Марибор пеевме за пет луѓе. Толку дојдоа на концерт. Ги зедовме гитарите, седнавме покрај нив и им го отпеавме репертоарот, па на крајот им ги вративме парите кои ги дале за влезница. Едноставно на пошироката публика тогаш не сме ѝ биле симпатични.

BETTY: Како го поминувате слободното време и во што најмногу уживате?
Во риболов. Порано, додека синовите не беа женети, играв со нив често фудбал и тенис. Сега тие имаат свои семејства, свои обврски, така што сум принуден да смислувам како да го поминувам слободното време. Признавам дека сум изгубил кондиција, но често шетам, тоа ми годи.

BETTY: Дали Сплит некогаш Ви станал тесен, дали сте имале желба да одите подалеку?
Не ми е тесен, но ми е премногу бучен. Ми смета голема врева, па тогаш често бегам на остров, во изолација. Го сакам шумот на морето, тоа ми е спас. Најубаво ми е кога на чамецот ќе ми се придружи мојата сопруга Весна, а ако се тука уште и внуците Дује, Луција, Тони и Маргита, тогаш тоа е целосно доживување.

BETTY: Претпоставувам дека и менито е медитеранско...
Повеќе е незадолжително, јас така тоа би го нарекол. Не сум некој гурман, јадам лесна храна, иако не сум ни нешто претерано пребирлив.

BETTY: Подготвувате ли Вие понекогаш нешто во кујната?
Ретко. Главно кога сум сам, па тогаш морам (се смее). Признавам дека не сум некој мајстор за тоа.

BETTY: Што популарноста Ви даде, а што Ви зеде од животот?Популарноста на нашите простори е смешна наспроти она што го проживуваат големите светски ѕвезди. Тоа е еден целосен терор, таму познатите немаат приватност ни еден миг. Овде сè уште може најнормално да се помине низ град, да се поздравиш со познаниците, некој ќе ви побара автограм или да се фотографира со вас, ама сето тоа е во ред.

BETTY: Користите ли мобилен телефон, компјутер, друштвени мрежи?
Минимално. Малку сум престар за тоа. На човек денес ќе му го земат мобилниот телефон и тој веднаш мисли дека е изгубен. Толку станавме зависни. Јас не сум вмрежен и за разлика од луѓето кои почнуваат нешто денес, јас кога ми требаше пријател, одев кај него. Сега сите на Фејсбук имаат по илјада, па и две илјади пријатели, а во вистинскиот живот се така осамени.

BETTY: Да сте повторно на почеток, дали денес би направиле нешто поинаку?
Се надевам дека нема да звучам препотентно, но можеби би отишол во некој центар на музички збиднувања и би се обидел да направам нешто.

BETTY: Што Ве движи кога работите не одат онака како што сте планирале?
За сè во животот треба да се биде многу упорен и трпелив. Трпението е една од најголемите човечки доблести. Кога не си трпелив имаш чувство дека сè ќе ти избега и на крај тоа така навистина и ќе се случи.[mk_image src="https://betty.mk//wp-content/uploads/2017/05/app_cover_jun2017.jpg" image_size="full" align="center"]

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>