Фармацевти
Контакт

<< Назад

BETTY магазин, маj 2016

мај 9, 2016

[vc_column width="1/2"][mk_image src="https://betty.mk//wp-content/uploads/2016/05/Cover_may2016.jpg" group="_general" margin_bottom="0" crop="false"][vc_column width="1/2"]

ВЛАТКО ЛОЗАНОСКИ



Никогаш доста од музика



Broj 27, маj 2016

Бојана Симоновиќ

Момчето кое плени со својот глас и насмевка и кое полека и сигурно ја зацврстува својата позиција на македонската музичка сцена, Влатко Лозаноски, ексклузивно за BETTY магазин говори за тоа како бил откриен неговиот талент и кон кој правец тој се стреми да се развива неговата кариера. Младиот и талентиран пејач Влатко Лозаноски е роден во Кичево, каде и завршил основно училиште. Средно музичко училиште завршува во Битола, а факулетски се образува во Скопје на Факулетот за музичка уметност. Од дете знаел дека музиката ќе биде неговиот живот и свирел на пијано, хармоника и гитара. Јавноста го запозна во учеството на ТВ-шоуто „Мак ѕвезди“. Неговата слава доживеа кулминација со хитот „Сонце не ме грее“ по кој е и најпрепознатлив и го освои првото место на македонскиот радиски фестивал во 2008 година. Лозано го запозна и публиката од бившите југословенски простори по извонредната интерпретација на песната „Душо варљива“ на фестивалот „Пјесме Медитерана“ во Будва, Црна Гора. Тој се јавува и како автор на некои свои песни, како што е хитот „Очи што тајни кријат“. Лозано во 2013 заедно со Есма беше претставник на Македонија на Евровизија со песната „Империја“. Во своето ексклузивно интервју за BETTY магазин овој млад пејач открива дека сака својата кариера да ја прошири надвор од границите на Македонија. Ведриот и перспективен пејач објаснува што би работел доколку пеењето не била негова професија. Тој говори и за своите најголеми успеси. Специјално за нашите читатели, Влатко ги открива и неговите приватни омилени активности. Во моментов тој е актуелен со хитот „Жена ко ти“. Лозано е познат и по извонредната изведба на стари македонски изворни песни. BETTY: Вие сте еден од ретките машки изведувачи во Македонија за кој може со сигурност да се каже дека поседува квалитетен вокал. Кој го откри талентот за пеење на Влатко Лозаноски?

Од кога знам за себе се занимавам со музика, уште од мали нозе. Ми требаше многу време за да почнам да пеам јавно. Пеењето ми е дарба од мојот татко и мислам дека тој беше тој што можеби ми го откри талентот. Потоа следува моите учители, наставници од Кичево. Секој на некој начин имаше голем удел за тоа со што се занимавам сега.

BETTY: Дел сте од македонската музичка сцена со години, колку сте задоволни од Вашиот пласман и тоа што го имате постигнато во земјава?

Задоволен сум секако, но секогаш може и повеќе, нормално. Само треба многу работа, квалитетно да се работи и континуирано.

BETTY: Дали гледате предизвик во градењето  кариера надвор од границите на Македонија?

Секогаш да. Музиката не е само за одредено подрачје или народ, музиката е за секого и за секаде. Никогаш доста од музика.

BETTY: Вашата популарност доживеа пораст после хитот „Сонце не ме грее“ и за многу луѓе сè уште Вашето име е асоцијација за оваа песна. Со која песна Вие лично најмногу се идентификувате?

Можам да се согласам дека таа песна ми стана како еден вид на моја лична карта. Со „Душо варљива“, пак, ме запозна дел од публиката од екс-ју просторите, со „Пред да се раздени“ дел од европската јавност, додека „Мандарина“,  „Нема ден,  нема ноќ“  публиката ги поврзува со летото, со убавите, позитивни сончеви денови. Можеби стилот со кој што се пронаоѓам се песните како „Жена ’ко ти“, „Како тебе нема друга“, „Кoга мене ќе ме немаш“, „Ако не сум тој“...

BETTY: Која песна што ја испеал некој македонски изведувач би сакале Вие да сте ја отпеале?

Има многу убави македонски песни, многу е тешко да се одбере баш една... Ако љубиш дукати, Осамен, Муза, Лебедот бел, Море од солзи, Тајно моја, Црно Тиквешко... и многу други.

BETTY: Дали до сега сте се покајале што не сте прифатиле некоја песна која Ви била понудена?

Досега ми биле многу песни понудени, од различни квалитетни автори, повеќето од нив веќе се испеани од други изведувачи, но поради сплет на околности не сум можел да ги отпеам. Одвреме-навреме си ги преслушувам, но ете, сепак, не биле пишани да бидат за мене.

BETTY: Кој жанр на музика Ви е омилен, дали освен поп-музиката уживате и во други жанрови?

Слушам најразлични жанрови, не е само поп-музиката. Зависи од расположение или потреба. Во тек сум со најновите случувања како во Македонија, така и од светската сцена.

BETTY: Што за Вас претставува најголем успех во Вашата кариера?

Публиката е најголемиот успех и нивната долгогодишна доверба. Другото е, секако, пропратно со неа, од песни, концерти, турнеи, албуми...

BETTY: Доколку Вашиот живот не го посветивте на музиката, во што друго би се пронашле?

Можеби нешто поврзано со географијата или историјата. Од секогаш ме фасцинирале овие две гранки. Јавноста можеби не е запознаена, со географијата освоив трето место на републичко натпреварување.

BETTY: Како најмногу уживате да го поминувате Вашето слободно време?

Дружба со пријателите, често играме фудбал, преферирам да го поминам со што повеќе активности.

BETTY: Колку Вашата професија Ви дозволува да живеете здрав животен стил?

Мислам дека во секоја професија може да се најде време за здрав животен стил. Последно време сè почесто се трудам да бидам спортски активен.

BETTY: Практикувате ли здраво да се храните и што е најчесто дел од Вашата трпеза?

Колку можам се трудам да се хранам здраво. Обожавам салати, наши традиционални јадења, не сум многу љубител на месо, на брза храна, секојдневно консумирам шејкови со зеленчук или овошје, воопшто не пијам газирани пијалаци.

BETTY: Препорака до читателите на BETTY магазин?

Слушајте македонска музика, читајте BETTY магазин, бидете позитивни и секојдневно спортувајте.

Неговиот најголем хит

Сонце не ме грее

Знам за сè ти не си крива,
што сега те немам, што надолу гледам,
тешко е да, љубиш па бегаш,
да сакаш а немаш, и раце да креваш.


Сонце не ме грее, каде замина ти,
од очи ветeни врнат стари спомени,
сонце не ме грее, сонце каде си ти,
сам ме остави, небо ти ми затвори.


На постела од снегови спијам,
и топлина барам, но топлина немам,
тешко е да, љубиш па бегаш,
да сакаш а немаш, и раце да креваш.[mk_image src="https://betty.mk//wp-content/uploads/2016/05/App_cover.jpg" image_size="full" align="center"]

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>