Фармацевти
Контакт

<< Назад

BETTY магазин, март 2015

март 7, 2015

[vc_column width="1/2"][mk_image src="https://betty.mk//wp-content/uploads/2015/08/Cover-mart.jpg" group="_general" margin_bottom="0" crop="false"][vc_column width="1/2"]

Eye Cue бенд



Се стремиме да соз дадеме нешто што нас ќе нè изненади. Нашата оригиналност се крие во работата без цензура



Broj 13, март 2015

Бојана Симоновиќ

По својата оригиналност отскокнуваат на македонската музичка сцена. Бојан Трајковски од бендот Eye Cue во интервју за BETTY магазин објаснува со каков жар членовите на бендот ја работат својата музика. Откриваат дека во креирањето на нивната музика се стремат да има нов момент во секој звук кој го
создаваат.

Менувањето и еволуирањето, пак, ги потенцираат како столб во нивната работа. Говорат и за тоа зошто нивната музика е поприфатена на регионалните топ-листи во споредба со Македонија. Eye Cue објаснуваат и зошто е толку многу мал бројот на бендови во Македонија. Се откриваат и детали за нивниот нов албум.BETTY: Активно сте присутни на клупската сцена, а забележителни сте по Вашите оригинални настапи и текстови за песните. Кој е клучот што Еye Cue бенд ги прави поинакви од другите изведувачи на македонската музичка сцена?
Добро е ако некој мисли дека сме оригинални и различни. Клучот е во тоа што веќе 7 години работиме на начин кој нам ни одговара, без никаква цензура или дадена насока, туку онака почнато со искрена мисла која се развива во нешто поинтересно и посериозно и на крај прераснува во интересен текст и музика. За настапите неблагодарно
е да зборувам сам. Ние на настапите секогаш се трудиме да дадеме максимум енергија и се надеваме на добар фидбек.

BETTY: Рок музиката која Вие ја создавате има своја публика во Македонија. Колку Вие сте задоволни од бројноста на луѓето кои следат ваков жанр?
Освен рок, создаваме и музика со примеси на повеќе стилови, не сме заглавени во еден жанр. А би сакал луѓ ето да се поотворени во прифаќање на различни стилови на музика. Има мала разлика што е во светот поп музика а што е кај нас, кај нас е по тесен кругот. Нашата песна „Иста патека“ во светски рамки е еквивалент на музиката на Red Hot Chili Peppers, а кај нас на радио ја пуштаат како најагресивна песна од нас што би ја пуштиле. Во другите земји во светот рамките за популарна музика која се третира на радио и ТВ се многу пошироки.

BETTY: Вашите видеозаписи одлично котираат на музичкиот канал MTV Adria, Вашиот сингл „Not this time“ пред неколку години се најде и на првото место на овој канал. Како Вие го доживувате ова позитивно прифаќање на Вашиот звук на балканските простори?
Песната која беше на прво место на MTV Adria тука никогаш не ја пуштија, на ниту едно радио, бидејќи сметаа дека е малку поразличен и нетипичен саунд за наши услови, а таму си беше во рамките на останатите 20 песни од регионот. Се издвои и стигна на првото место. Тоа не е единствената песна. 5 песни до сега ни биле во топ пет на MTV Adria. На едноставен начин се разбираме со луѓето од MTV. Имаме сличен сензибилитет за модерна музика. Задоволни сме од тоа како поминуваат песните и од застапеноста на бендот на регионалните MTV и VH1 канали.

BETTY: Присутни сте на македонската музичка сцена од 2007 година. Колку сте задоволни од она што досега го постигнавте на професионален план?
Задоволни сме, во добра насока се движат работите, односно во нагорна линија. Задоволни сме затоа што од секоја нова песна се добива внимание и за претходните песни и вложениот труд доаѓа до израз. Мислам дека е добра база за сето она што во иднина ќе следува од нас.

BETTY: Што за Вас претставува најголем успех до сега? На што најмногу се гордеете?
Би ги издвоил песните кои го најдоа патот и надвор од границите на државата. Тоа ни значеше многу, бидејќи нашата мисија е да стигнеме што подалеку со музиката и да ја р аскажеме нашата приказна. Најголем успех е тоа што уште имаме желба да правиме музика со истиот жар како и претходно, барем за мене тоа е најголем успех. Ме радува што возбудата сè уште е на завидно ниво.

BETTY: Едно интересно обележје на Eye Cue e преработката на познатата детска песна „Боби баш ми е гајле“. Како дојдовте до таа интересна идеја?
За нас тоа е прва преработка на детска песна, тоа беше зафат кој многумина го сметаа за ноншарлантен и несериозен. Идејата дојде многу спонтано многу порано пред да се сними песната, пред многу години кога јас бев во средно школо. А низ процес на експериментирање стигнавме и до денешната верзија која ѝ го продолжи векот на оваа прекрасна песна. Тоа е интересно обележје на бендот, бидејќи е прва песна на Марија Ивановска која ја испеа на свои 15 години.

BETTY: Со оглед на тоа што бендот е составен од двајца
мажи и една девојка, има ли Марија повеќе привилегии со оглед на тоа што е единствена дама?
Сигурно дека има, иако не сме свесни за тоа. Повеќе би рекол грижа отколку привилегија. Во сите ситуации е така, дали е тоа снимање
спот на -15, како што ни се погодија последните три или, пак, вечерни настапи до доцна, долги сесии во студио. Се грижиме еден за друг, кој колку може (се смее).

BETTY: Кој го има главниот збор во Еye Cue, кој ја сноси одговорноста кога треба да донесете некоја важна одлука за бендот?
За сите ситуации сакам да продискутирам со останатите членови, ме интересира што мислат тие за да се добие некоја објективност, но на крај, сепак, ја сносам одговорноста да донесам одлука. Мислам дека повеќе се работи за иницијатива и давање насока во важни моменти.

BETTY: Може ли солидно да се живее во Македонија само од рок музика?
Има неколку аспекти. Радоста да можеш да го работиш тоа што го сакаш e бесценета. Голема привилегија е поголемиот дел од денот да ти е исполнет со музика. Тоа е прекрасна пасија. Но, ако зборуваме за финансиски аспект, тогаш равенката е малку поинаква. Како што е за сите работи во државава низок стандардот, така е и во музиката и во која било уметност. Сепак, уметниците секогаш биле движечка сила и иницијатори за позитивни општествени промени и мора да ја оправдаат својата улога во општеството. Мора да пркосат на сите небулози и дубиози кои нè снаоѓаат во денешницава. Ние сме активни и на други полиња кои се поврзани со музиката и успеваме да си го најдеме патот и во овие услови.

BETTY: Зошто мислите дека има толку малку рок бендови кои творат во Македонија, на што се должи тоа?
Во Македонија има многу малку бендови од која било музика кои опстојуваат повеќе години, бидејќи луѓето не се истрајни, лесно се повлекуваат, менуваат цел, имаат некој жар и на првата пречка се о ткажуваат, кај нас таква е сит уацијата. Во Eye Cue поминале многу членови, дел од нив се повлекле кога ги фатила паника дали ќе има резултат од вложениот труд (се смее). А и ок олностите се такви што придонесуваат за таа појава. Пазарот е мал, лесно се заситува, а ние само увезуваме реги - онални изведувачи, слабо ни оди со извозот (се смее). Брзо се замор ува желбата и луѓето се откажуваат. На крај се сведува на оние манијакално посветени, опсесивни типови на луѓе кои не можат без музика и влегуваат безрезервно и бескомпромисно без оптоварување за очекуван резултат. Без разлика на формата, дали е тоа соло изведувач или бенд, во кои било услови пресудна е истрајноста и посветеноста.

BETTY: Кој е најголемиот предизвик за Еye Cue, кон што се
стремите? Имате ли некоја зацртана цел која Ви е движечка сила за Вашето работење?
Секогаш се стремиме да создадеме нешто што нас ќе нè изненади. За
себе барем можам да кажам дека сакам да пишувам кога сум во некое посебно расположение и уживам да создавам нешто ново, несигурно,
непробано. И гравитирам околу некој, за мене нов звук, додека не го присвојам како свој. Потоа да го пренесеме сето тоа на публиката и да се надеваме дека ќе предизвика некаква провокација, интрига и ново доживување. Мислам дека тоа е главната движечка сила, да се освои некој несовладан терен. Се стремиме да има нов момент во звукот кој го создаваме. Менувањето и еволуирањето да ни бидат континуитет.

BETTY: Што можеме да очекуваме од Вас во блиска иднина? Кои се Вашите планови?
За некој ден треба да ни излезе нов спот и песна. Песната се вика „Колку пати“ и е доста различна од сите претходни. Баш ме интересира какви ќе бидат реакциите, во секој случај е убава песна и се надевам ќ е си го најде патот до публиката. Оваа песна треба да го најави нашиот втор албум кој е плод на нашата работа во последните неколку години. Ќе има вкупно 12 песни од кои 7 синглови кои се претходно извадени и 5 сосема нови композиции. Тоа е краткорочен план за полусезоната, а во рамки на промоцијата на албумот, секако, ќе следуваат и настапи низ државата и надвор од неа.

BETTY: Колку членовите на Еye Cue сe грижат за своето здравје, со оглед на тоа што треба да сте здрави и во форма за Вашите чести клупски настапи?
Секој од членовите си води грижа за здравјето, но тоа не е од некој страв или тренд. Фаќаме ритам. Секој кој се занимава со одредена активност си бара начин да фати ритам и да остане во форма. Од нас тројца јас сум најак - тивниот, не можам да му одолеам на спортот. Наклонет сум кон секаков вид на спортски активност.

BETTY: Колку внимавате на исхраната?
Јадам сè што се смета за храна. Нема храна на светот што не ја јадам. Јадам тивко, полека, долго, хедонистички. Уживам. Единствената причина што во моментов немам 169 кг е тоа што многу џвакам (се смее). Од друга страна, не можам да седам, мора да сум активен, па тука се компензира енергијата. Не пијам дури ни кафе. Не знам дали се забележува, но нема некој од бендот што се воздржува од јадење (се смее).

BETTY: Што според Бојан е најважно за добро здравје, каде го гледате успехот за здрав живот?
За добро здравје клучно е да се има добри животни навики. Да се внесува разновидна храна, редовно спиење, спорт, рекреација и останати активности кои ги веселат телото и умот (се смее). Важно е да не се занемари и менталното здравје и хигиена, бидејќи и тоа е во тесна корелација со физичкото здравје. Според мене, вистинската формула е човек да си го најде својот баланс и редовно да си ги задоволува своите физиолошки, но и емотивни потреби.[mk_image src="https://betty.mk//wp-content/uploads/2015/03/App_MK_cover_mar_2015.jpg" image_size="full"]

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>