[vc_column width="1/2"][mk_image src="https://betty.mk//wp-content/uploads/2017/02/Cover_mart2017.jpg" group="_general" margin_bottom="0" crop="false"][vc_column width="1/2"]
Фолтин
Семејство со заедничка музичка фантазија
Broj 37, март 2017
Музичкиот состав кој две децении внесува свежина, уникатност и експлозија од енергија на музичката сцена, „Фолтин“, ексклузивно за BETTY магазин открива како овој бенд функционира. Членовите на „Фолтин“ говорат за својата страст кон музиката која ја работат, за уникатните настапи на брод на Сена и за авантурите кои тие ги доживуваат преку нивната музика. „Фолтин“ велат дека преку својата публика се чувствуваат како избрани помеѓу избраните, а откриваат кој афинитет е главна движечка сила во нивната група...Бојана Симоновиќ
BETTY: „Фолтин“ веќе 20 години ја изненадува македонската публика со квалитетен, интересен, уникатен звук кој за Вас е препознатлив од самите почетоци. Како дојдовте до идеја за формирање на ваков музички состав?
Бранислав Николов (вокал): Тоа не тргна од идеја или некаков мастер-план. Како и повеќето работи во животот и оваа се случуваше неоптоварена од преголеми претпоставки и очекувања. На почеток, ние не правевме оркестар туку фамилија на луѓе што ќе можат да сонуваат една заедничка музичка фантазија. Ако сме толку различни како што сме и ако доволно се почитуваме тогаш она што го правиме ќе биде нешто навистина посебно и подобро од сите нас одделно.
BETTY: Ве нарекуваат битолските мајстори на добрата музика, очекувавте ли дека Вашата музика ќе биде олку добро прифатена од публиката?
Бранислав Николов (вокал): Видете, човек не треба да си придава преголемо значење во овој кревок и непредвидлив живот. Ако сте искрени и имате љубов за тоа што го работите, љубовта сигурно ќе ви се врати. Толку е едноставно. Кога ќе излезеш на сцена со доволно занес и желба, ги забораваш очекувањата. Кога си пред твојата публика тогаш си избран меѓу избраните. Нездраво е ако не е така.
BETTY: Вашата музика не може да се дефинира во еден жанр и е мешавина од повеќе музички правци, но затоа, пак, може да се доживее како жива, страсна необична, како Вие би ја дефинирале?
Бранислав Николов (вокал): Во „Фолтин“ тоа изгледа вака: колку глави, толку музички правци впрегнати во една заедничка насока. Но ете, некако немам потреба да зборувам за музиката. Таа треба да се свири и да се слуша, а не за неа да се чита и пишува, барем не премногу и непотребно. Во една реченица, нашиот жанр е Авантура со изобилство на љубовни и еротски сцени.
BETTY: „Фолтин“ има забележано многубројни настапи во странство, колку сте задоволни од тоа како таму сте прифатени?Пеце Николовски (усна хармоника, кларинет): Да бидам искрен во бившите југословенски простори и не сме гостувале многу ако ја исклучиме Словенија. Обично турнеите надвор од Македонија ги започнуваме и завршуваме со Словенија. Што се однесува на публиката од Словенија, неа ѝ е најважно добро да си помине. Најчесто нашите концерти се претвораат во жестоки журки и после првите петнаесет минути публиката е со кренати раце. Во Холандија на еден фестивал на отворено добивме интересен коментар од организаторот... „има некоја магија во вашата музика што ги тера луѓето да играат“.
BETTY: Кој настап од досегашните најмногу Ве исполнил со емоции и може да го издвоите како настап за кого најчесто говорите и се присетувате?
Пеце Николовски (усна хармоника, кларинет): Имаме многу концерти за кои имаме многу за кажување. Сме свиреле на брод на Сена, два пати во затвор во Франција, од кои едниот беше за животно осудени. Во сеќавање исто ми е еден концерт во еден многу убав клуб на Пигал каде имаше наредено столчиња за седење на публиката и после првите неколку песни ги исфрлија столчињата надвор, се создаде фантастична атмосфера и не нè оставаа да го завршиме концертот. На една журка во Охридско Езеро малку фалеше да го превртиме бродот, во тој момент не му верувавме на капетанот на забелешките. Не знам, сме поминале низ многу интересни места за кои не можеш да се одлучиш кое е поинтересно.
BETTY: Имате ли некоја локација каде не сте настапувале, а би сакале да одржите концерт?
Пеце Николовски (усна хармоника, кларинет): Да, има многу такви места, Данска е едно од нив.
BETTY: Карактеристично и интересно за Вас е тоа што правите соработки со квалитетни музички имиња, какви искуства овие соработки Ви носат?
Гоце Јованоски (бас): Мoментaлнaтa пoстaвa нa групaтa е непрoменетa веќе 13 гoдини. Тоа зa бенд штo сoздaвa aвтoрскa музикa и редoвнo тoј мaтеријaл гo изведувa вo живo е мнoгу вaжнo, вo пoглед нa уигрaнoст, кoмуникaцијa, дoвербa. Нaшиoт принцип нa рaбoтa и твoрење уште oд сaмите пoчетoци не е клaсичен и еднoличен. Oсвен сo музички имињa, мнoгу честo имaме сoрaбoтки сo сценски и видеoуметници, сме твoреле зaеднo и сo ликoвни уметници, дизaјнери итн. Тoкму oвoј нaш aфинитет е и глaвнaтa движечкa силa вo групaтa, преку нив се внесувa нoвa свежa енергијa и нaјвaжнo oд сè кoнтинуитет вo креaтивнaтa рaбoтa.
BETTY: Со оглед на тоа што „Фолтин“ е состав со шест члена, на кој начин се договарате за проектите кои ги работите, се јавуваат ли често спротивставени мислења за тоа како да изведете некое ново музичко дело?
Гоце Јованоски (бас): Бидејќи сите вo групaтa не сме „врaбoтени“ вo Фoлтин, туку oвa гo прaвиме сaмo порaди тоа штo сoздaвaњетo музикa е нaш зaеднички сoн. Желбa, иницијaтивa и рaбoтa секoгaш имa. Вo прoцесoт нa рaбoтa спoред мене клучнa вo секoј бенд е oтвoренaтa кoмуникaцијa меѓу членoвите и пoдгoтвенoст дa се прифaќaaт и кoмпрoмиси пoнекoгaш. Кoгa сaм сoздaвaш делo ти си oнoј штo гo oдредувa нaчинoт пo кoј тоа делo ќе се изгрaди, вo бенд тоа се сите членoви, бaрем вo нaшaтa прaксa. Спрoтивстaвените мислењa се сoстaвен и неминoвен дел oд прoцесoт. Пред дa oбјaвиме еднa песнa, aлбум или пaрче тоа врви низ шест ситa и шест решетa.
BETTY: На што работи „Фолтин“ во моментов?
Гоце Јованоски (бас): Минaтaтa 2016 гoдинa oсвен 40-тинa кoнцерти вo Мaкедoнијa и дел вo стрaнствo ќе јa oбележиме и пo прaвењетo музикa зa некoлку дoкументaрни филмoви и еден дoлгoметрaжен филм, сите oд мaкедoнски aвтoри, вo мoментoт се вo пoстпрoдукцискa фaзa, дa се нaдевaме декa oвaa гoдинa ќе ги зaвршaт и ќе имaте мoжнoст дa ги пoгледнете вo кинo или нa некoј oд филмските фестивaли низ Мaкедoнијa. Слични aнгaжмaни претстoјaт и вo 2017 гoдинa.
BETTY: Кои се Вашите идни предизвици на музички план?
Пеце Трајковски – Брада (хармоника, клавијатури, гитара, перкусии): Секој наш следен албум за нас си има свој „рок на траење“, во чии рамки ги цедиме свежите сокови од музиката на тој албум, изведувајќи ја во живо на сцена, но и на сите други можни начини. На нашиот последен албум „Пијан Славеј“, „рокот“ веќе му се ближи, така што наш следен предизвик би бил да засадиме нова идеја во нашата музичка градина, па да почнеме да ја култивираме сè додека не порасне во еден нов сочен плод, од кој во иднина ќе го консумираме нектарот за да ја задоволиме нашата музичка жед.
BETTY: Колку Вашата професија Ви дозволува да живеете здраво?
Пеце Трајковски – Брада (хармоника, клавијатури, гитара, перкусии): Динамична е оваа работа и изложена на многу пороци, што не е баш некоја добра почетна позиција за редовна и здрава исхрана, утврден биоритам, добар сон, редовен тренинг итн. Рутината како основа на секој модел на здраво живеење исто изостанува во нашиот начин на живот. Голема упорност и дисциплина треба за да се постигне хармонија помеѓу духот и физикусот кога се живее овој рокенрол начин на живот. За да се издржи ова темпо, секој од нас си има свој ритуал кој го одржува витален, но нашиот најголем тренинг е кога настапуваме на сцена во живо, а посебно кога ќе се случи хемија со публиката, па горат калории како да го качуваме врвот Пелистер на 2601 метри надморска височина, патека по камењар, зимски (се смее).
BETTY: Кој од „Фолтин“ најмногу внимава на исхраната и здравиот животен стил?
Пеце Трајковски – Брада (хармоника, клавијатури, гитара, перкусии): Па, јасно е од нашата појава на сцена дека најмногу на исхраната внимава нашиот кларинетист, кој поради техниката на свирење на неговиот инструмент, мора да има специфична исхрана, на која тој многу професионално и доследно се придржува (се смее). Јас сум исто голем вљубеник во здравиот хедонистички стил на живот, уживам во вистински комбинации на храна и пијачка (се смее). Но исто многу ја сакам природата и повеќето outdoor активности, па секој слободен момент гледам да избегам во планина на пешачење или со мојот велосипед, а за море да не почнувам (се смее). Спокојот кој го наоѓам во природата повеќе го сфаќам како мелем после динамичноста на музичарскиот живот, отколку како здрав животен стил, тоа ми звучи некако шаблонски. Нашиот надворешен член – перкусионистот од Љубљана со потекло од Битола, Марјан Станич, е најактивен во спортот, односно во националниот спорт на Словенија – планинарството, а во последниве години е одличен и во планинското трчање. Тапанарот Славчо, пак, е љубител на urban road biking и е најверојатно најдобриот офанзивен играч на фудбал со рачки помеѓу тапанарите. Басистот и вокалистот ни се големи вљубеници во танцувањето, како помлади тие имаа заеднички спаринг танцувачки сесии по ноќните клубови, па искуството кое го собраа сега го пласираат на сцена, на нашите концерти. Но спортот за кој имаме заедничка страст е пинг-понгот, секогаш кога во текот на патувањата ќе наидеме на маса за пинг-понг, тешко се разделуваме со неа.
BETTY: Дали можеби практикувате рекреативно заедно да спортувате?
Славчо Јовев (тапани): Да, секако, сите членови од групата сме љубители на спортот, но секој од нас има различни рекреативни навики и затоа ретко практикуваме заедно да спортуваме. Некои од нaс се љубители на планинарењето, некои на возење велосипед, а некои на пешачењето. Се разбира, некогаш се договараме и планинариме или пешачиме заедно.
BETTY: Во што според Вас се крие клучот на здравиот животен стил?
Славчо Јовев (тапани): Според мене клучот на здравиот животен стил се крие во умерениот редовен тренинг, консумирањето здрава храна во разумни количини и постојана рехидратација на организмот. Исто така, многу важна работа е дружењето, размената на мислења и креативната работа.
BETTY: Порака од „Фолтин“ до читателите на BETTY магазин?Славчо Јовев (тапани): Одржувањето на психофизичката кондиција има директно влијание врз јакнењето на имунолошкиот систем, затоа правилно организирајте го денот и одвојте време за спорт и рекреација. Исто така, сакам да истакнам да не се зема здраво за готово сè што ќе се прочита или види како препорака за здраво живеење, затоа што секој од нас е различен и за сите важат различни работи. Наместо тоа пробајте почесто да ги наслушувате потребите на својот организам и дејствувајте соодветно на нив.[mk_image src="https://betty.mk//wp-content/uploads/2017/02/App_cover_mart2017.jpg" image_size="full" align="center"]