Фармацевти
Контакт

<< Назад

BETTY магазин, ноември 2015

ноември 1, 2015

[vc_column width="1/2"][mk_image src="https://betty.mk//wp-content/uploads/2015/10/Cover_nov_2015.jpg" group="_general" margin_bottom="0" crop="false"][vc_column width="1/2"]

ДАНИ ДИМИТРОВСКА



СПОНТАНОСТА МИ Е СРЕДНО ИМЕ



Broj 21, ноември 2015

Бојана Симоновиќ

Македонската пејачка Дани Димитровска, препознатлива по своите оригинални музички проекти, ексклузивно за BETTY магазин открива како таа ги доживува сите признанија кои ги добила на музичката сцена, кои се нејзините предизвици и во што ужива во слободното време. Дамата за која успех е да пренесе емоција и која на своите песни, како што вели, им се радува како мало дете на сладолед, говори за своите перцепции за музичкиот свет во кој твориBETTY: Вие сте првата македонска пејачка која успеала да се запише на MTV ADRIA Top 20 листата, на која се наоѓаат најдобрите балкански изведувачи. Тоа е само еден од показателите на квалитетот на Вашата кариера. Во што го пронаоѓате клучот за успешен професионален живот?
Тоа беше пред 10 години, кога музичките канали во нашиот регион си имаа какво такво влијателно значење со тоа што промовираа фина музичка култура. Денес е сосема друга слика. Како и да е, никогаш не сум следела одреден „рецепт“, ниту сум трагала по клучеви за успех. Успехот е релативен. За секого различно поимлив. Ако за некого е успех да биде светски славен и богат, задоволувајќи лични чувства, за мене успех е да пренесам емоција, да бидам чувствено разбрана макар била разбрана од сосема мала скромна група на „несфатени“ луѓе. Веројатно „клучот“ е во вистината, вистинската цел ЗОШТО се занимавате со онаа професија со која се занимавате. Се следам и се слушам себеси. Имам верба и уште цел живот за трошење. Немам што да изгубам.

BETTY: Препознатлива сте по своите оргинални настапи, како и по уникатните спотови. Колку според Вас посебниот печат на музичките проекти отвора пат на музичката сцена?
Уникатноста и оригиналноста се нешта кои не се учат, не се стекнуваат, ако се копираат се фејк. Не се следат. Секој е оригинален во својата суштина, но кој колку е подготвен да се отвори, да се разоткрие без стравови од суд, без висока потреба од внимание со спремност на сè. Јас за некого сум дива и бесна, за некого квалитетна, за некого можеби и небитна. Сето тоа сум јас. Не глумам лудило, не драматизирам. Ова сум, што сум. Јас сум Вистина. Кој е подготвен и сака да ја прифати вистината за себе, ќе разбере, ќе го исклучи умот и ќе размислува со срце... кој не, наоѓа мани, критикува, интелектуално мрази, бега од себе. Не знам точно колку оригиналноста преку музика го отвора патот на музичката сцена, веројатно не многу, бидејќи се нема свест за вистина, но тоа што знам е дека тоа е единствениот начин преку кој се реализирам, единствениот пат во кој разменувам, се поврзувам, живеам...

BETTY: Вие сте еден од ретките изведувачи на овие простори кои се појавиле на црвениот тепих на доделувањето на MTV EMA наградите. Како го доживеавте ова искуство?
Признание, пофален збор, награда или што и да е што дава значење на трудот во работата си има свој филм. Ден-денес чувствувам благодарност до секој еден кој препознава, неважно дали е на национално, регионално, општинско или маалско ниво. МТВ ЕМА наградите сè уште важат за најрелевантни во музичкиот свет, ако збориме за светот. Тоа искуство за мене е едно големо Нешто. Да влезете во реалниот музички свет макар на 3 дена, да осетите филмски начин  на работа, а, сепак, вистински, да разговарате со музички новинари одговарајќи на прашања поврзани единствено за музиката и чувствата, за вокалот, за интерпретација, за целите и одговорностите и мал милион ситни и големи ствари е ретко и бесценето искуство вредно за сите проби во гаражи, пеење без финансиско материјализирање, снимање во студио на рати, живот на компензација, без поддршка од одговорните за поддршка. Е тоа значи за мене ова искуство. Вредност.

BETTY: За вашата работа надвор од границите во Македонија имате добиено повеќе признанија и награди. Kолку тие Ви се мотивација за тоа што го работите?
Како што веќе кажав, чувството е прекрасно. Но, ако навлезам подлабоко на темава, наградите мотивираат во почетните стадиуми кога сте нафурани на кариера и сè на што мислите е еден збор – врвот. Да се стигне до некоја точка која се нарекува – врв. Сите што стигнале таму, сигурна сум, сфатиле дека не постои такво нешто. И да постои, што после него?! Мојот став во врска со признанијата и наградите како мотивација е дека се супер мотивирачки доколку тие признанија се сведуваат на поврзување, чувства, доколку песните пренесуваат порака со висока вредност, доколку песните поттикнуваат на менување и отворање убави хоризонти. Љубам признанија од тој тип. Такви признанија мотивираат, ме охрабруваат дека секоја суета, секој ѕид се руши, секое НЕ може да биде ДА. Дека промените се волшебни. Дека осознавањето за себе е врвот. После кој, сè ти е јасно... И има каде, после него.

BETTY: Колку сте задоволни од просторот кој го добивате во македонските медиуми и општо од третманот на македонската музика во земјава?
Македонска музика има. Има и љубов. И морал. И етика. И пари. Но како да нема, иако верувам и слушам дека има, но нема. Тоа ви е исто, кога дечкото поетично ви искажува љубов, со солзи во очи и отворени раце за прегратка и во следната минута дур сте отишле по пијачка, он флертува со вашите другарки дојдени од странство. Смешно и тажно истовремено. Зборам за изместени вредности. Но ако самите не си дадеме поддршка, турбо-фолк и поп-дивите од регионов кои настапуваат кај нас сигурно нема да донираат финансии од нивните настапи овде, за развој, на пример,  на македонската музика (се смее). Затоа преземам одговорност за своето место под ова небо и ги поддржувам останатите.

BETTY: Како сте Вие задоволни од моменталниот развој на македонската музичка сцена?
За сцената и за развојот не знам. Тоа што знам е дека јас работам континуирано. Скоро никогаш во центарот на вниманието, никогаш помпезно – со маркетиншки игри и трикови. Снимам и пуштам песни без посебно трошење на мисловна енергија кога и како да се најави песна. Ако не ја пуштаат доволно на радио, јас, секако, ќе ја доближам до народот преку настапи во живо. Не знам да смислувам начини како да ја пуштаат често песната, знам да верувам во себе. Се ослонувам на себе, секогаш. Не знам за поинаку. Не сакам поинаку.

BETTY: Што би одвоиле како најголем Ваш успех на музички план?
Успеси ми се настапите, секоја ново снимена песна кога £ се радувам ко мало дете на сладолед... Не дека не се радувам и јас на сладолед, но, сепак... Во недостиг на шеќер не ми текнува на друга споредба (се смее).
Секој ден егзистирајќи како музичар без друга дополнителна работа поради приход е, исто така, успех. Успех е многу што, зависи од апетитите.

BETTY: Кој е Ваш најголем предизвик во музичката кариера?
Во моментов предизвик ми е новиот албум и директно поврзување со публиката преку него. Тоа се нови реални приказни, со нова енергија отпеани, во позрела боја обоени.

BETTY: Со која од светските ѕвезди би сакале да снимите дует?
Со Foo Fighters.

BETTY: Што е најново од Дани во моментов на музички план?
Новиот албум е завршен и спремен за помножување со публиката. Конечно со полна уста можам официјално да го најавам. Следи шлагот од процесот спремање албум.

BETTY: Како го поминувате слободното време кога немате обврски поврзани со музиката?
Правам сè што ќе ми падне на памет. Играм пред ТВ, пеам со пешкир на глава и чешел како микрофон пред огледало, љубам прошетки во и надвор од земјава, другарски собиранки со пиво, кино и пуканки, започнати книги, трчање на кеј и сè  што е во моментот поволно и возможно. Бидејќи спонтаноста ми е средно име (се смее).

BETTY: Од каде ја црпите енергијата за работа, во што наоѓате инспирација?
Не ми треба посебен извор за црпење. Секое утро, нов ден, нова енергија. Животна енергија. Башка што надворешните појави, предмети, материи, состојби и форми поттикнуваат некакво чувство со кое откривам милион нови светови во себе. Зборувам со себе во молк, се смеам и зјапам во точки, а не сум луда (се смее).  Инспирацијата доаѓа од себе.

BETTY: Кога ќе се спомене Вашето име Ве поврзуваат со кампањата против СИДА и синглот My life. Колку мислите дека ваквите кампањи ја подигаат свеста кај младите во борбата со ова опасно заболување?
Конкретно, оваа кампања ја чувствувам за своја. После 8 години регионален амбасадор на y-peer мрежата, после илјадници поминати километри со активно учество и работа на поле, велам дека поместени сме од мртва точка. Му life е добар потсетник или складиште на куп спомени, настапи, директни отворања, емотивни комуникации, уривање табуа, со деца од различни култури.

BETTY: Колку сте физички активни и се занимавате ли со некој спорт?
Тие активности ми се периодични и секогаш зависни од расположението, колку и да е тоа погрешно. Не сум голем поборник за фитнес сали и тоа само поради потребата од витка става. Повеќе сакам трчање на кеј, возење ролери, бордање во зима, пливање, играње танци...

BETTY: Како Вие се грижите за Вашето здравје и колку внимавате на исхраната?
Се грижам за своето здравје онолку колку во одреден момент имам свесност за тоа. Некогаш не му придавам големо значење, но после цмиздрење и црвен нос секогаш повторувам иста лекција повторно и повторно. Дани, здравјето, пред сè! Љубам храна. Знам да претерам, но знам и да застанам. Гурман сум за животот и за дишење во слобода![mk_image src="https://betty.mk//wp-content/uploads/2016/05/App_MK_cover_nov_2015.jpg" image_size="full"]

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>