Фармацевти
Контакт

<< Назад

BETTY магазин, ноември 2016

ноември 1, 2016

[vc_column width="1/2"][mk_image src="https://betty.mk//wp-content/uploads/2016/10/Cover_nov2016.jpg" group="_general" margin_bottom="0" crop="false"][vc_column width="1/2"]

Индира Кастратовиќ



Седмиот и клучен играч е публиката



Broj 33, ноември 2016

Ракометарката која ја испиша историјата во женскиот ракомет и ги постави темелите на успехот на овој спорт во земјава, Индира Кастратовиќ, ексклузивно за BETTY магазин говори за почетокот и развојот на љубовта кон својата професија. Почетоците со ракометот Индира ги има во мал клуб во Босна од каде и потекнува, за потоа да прерасне во играч кој е освојувач на трофејот во Лигата на шампиони. Откако доби признание како играч, Индира својот следен предизвик го гледа во освојување на истиот тој трофеј, но како тренер. Со насмевка на лицето и позитивна енергија која владее околу неа, Индира чекори кон нови победи...Бојана Симоновиќ

BETТY: Кога ќе се спомене името на Индира Кастратовиќ првата асоцијација кај повеќето македонски граѓани е успех во ракометот. Кога за прв пат беше забележан Вашиот талент за ракомет?
Mojoт талент беше подоцна забележан отколку што се забележуваат сега некои таленти. Кога почнав да одам во средно школо се играа сите спортови, па професорот по физичко ми кажа да дојдам, да играм ракомет. Јас бев океј со тоа и немаше проблем особено што сум левучар, а нема многу левучари во светот. Почнав да играм во ракометниот клуб „Мира Цикота“ во Републичка лига, а потоа после две години од моето играње во Приједор ме забележаа во Војводина во Југословенската прва супер лига и така во 1988 отидов за Војводина и уште одам... (се смее)

BETТY: Во 1994 година дојдовте во екипата на „Кометал Ѓорче Петров“ и од тогаш испишавте една историја која со задоволство се памети. Заедно со тимот на Кометал во 2002 година ја освоивте европската Лига на шампиони, што за Вас значеше оваа титула тогаш и што сега значи?
На секој спортист мислам дека му е сон да освои клупска титула, а тоа е Лига на шампиони и нормално со репрезентација да направи големи успеси. Ние со клубот направивме стварно голем успех. Со Кометал три пати бевме во финалето и еднаш го освоивме, така што мислам дека секој спортист посакува таква кариера каква што ја имавме ние. Сега е малку поразлично затоа што мислам дека е друго доживување кога го играш финалето дома, за разлика од сега кога се игра  фајнал фор во една држава. Таму ја нема таа еуфорија и тоа чувство кога победуваш, кога си тука со своите луѓе, но мислам дека за мене Лигата на шампиони е нешто најголемо во мојата кариера.

BETТY: Настапувавте за македонската женска ракометна репрезентација со која на светското првенство во Германија во 1997 го освоивте седмото место, а Вие бевте најдобар стрелец на првенството. Што мислите за формата во која сега се наоѓа македонската женска репрезентација во ракомет?
Јас почнав да играм за македонска репрезентација во 1996 година. Тогаш ние прв пат се пласиравме на Светското првенство како независна Република Македонија, никој не знаеше за нас, требаше време да постигнеме и да направиме некој успех. Мислам дека луѓето сега бараат многу повеќе од што тогаш бараа од нас, затоа што тогаш се градеше и „Кометал Ѓорче Петров“ и како што се градеше клубот се градеше и репрезентацијата. Не може да бараме репрезентација, ако нема квалитетно македонско првенство. Ние кога игравме беа и Битола и Кичево и Гевгелија, конкуренцијата беше поинаква и поголема од тоа што е сега.

BETТY: Ракометот е еден од најпопуларните спортови во земјава. Колку Ви значеше поддршката од публиката во сите добиени натпревари?
Мислам дека тоа е најважно за еден тим, да има зад себе публика како што ја имаме ние, мислам дека ретко каде има таква публика како што е нашата во Македонија, тоа многу значи за секого. Кога игравме со Кометал немаше толку квалитетни машки екипи и мислам дека гледачите се пофокусирани на мажите. Мислам дека седмиот и клучен играч е публиката без која не се може.

BETТY: Вие ја завршивте Вашата професионална кариера во 2006 година. Колку во улогата на тренер гледате предизвик?Нормално дека е голем предизвик и голема е разликата. Секој кога ќе ме праша која е разликата кога си играч и кога си тренер велам дека тие две работи не може да се споредат. Кога си играч ти размислуваш само за својата позиција и за тоа како ќе изиграш тимот да биде подобар, а кога си тренер ти мораш да направиш многу за сите ракометарки. Треба да направиш анализа и за противничката екипа и за твоите ракометарки, да видиш дали тие се подготвени и како ќе бидат физички и ментално подготвени. Тоа се работи кои се различни, а нормално е за секој човек во секоја професија да има предизвик да направи нешто големо. Јас се покажав како ракометарка успешна и нормално е дека најголем предизвик ми е сега да се покажам како тренер.

BETТY: Секојдневно на тренинзите се соочувате со интересни ситуации, дали може да одвоите некоја која искрено Ве насмеала?
Секогаш во спортот има смеење, но сега јас малку помалку имам такви ситуации. Кога бев играч беше поинаку, имаше повеќе смешки. Спортот е за таа работа многу убав, пред сè, има дружба и пријателства и мислам дека тоа ретко каде го има.

BETТY: Вие сте дел од ракометно семејство, со оглед на тоа што и Вашиот сопруг е ракометар, дали љубовта кон овој спорт се преслика и на Вашето дете?
Не, со големо НЕ (се смее)... Кога се роди мојата ќерка, после тоа јас имав повреди и операции и отсуство од дома и мислам дека тоа е нешто што ја оддалечи од самиот спорт, тие повреди и операции што ги имав мислам дека се врежани кај неа затоа и не може да замисли спорт. Таа се занимаваше со модерен балет кога беше помала, сега со хип хоп, тоа нема никакви допирни точки со спортот, што јас во секој случај го поддржувам и не сакам да ја форсирам затоа што сме ние ракометари да мора и таа да биде. Нејзин е изборот. Во моето семејство никој не беше спортист, па ете јас станав.

BETТY: Како најмногу сакате да го поминувате Вашето слободно време?
Моето семејство ме релаксира, сакаме да се дружиме, ние сме спортско семејство, секогаш некој е надвор од дома и кога ќе бидеме заедно тоа е супер за сите нас. Убаво е кога ќе се прошетаме низ парк, ќе одиме на семеен ручек, па потоа ќе изгледаме некој натпревар. Тоа последното мојата ќерка ја нервира и вика пак ли ракомет, (се смее)... за викенд секогаш има некој натпревар, тоа нè влече. Јас како тренер и мојот сопруг секогаш можеме да излечеме поука од некој натпревар. Сепак, тоа е нешто што најмногу ме исполнува, моето семејство.

BETТY: Колку внимавате на исхраната и што најчесто консумирате?
Внимавам, не во толкави граници како што некои луѓе водат сметка, но се трудам да не вечерам или да јадам салата или овошје, претежно консумирам пилешко. Кога одиме по натпревари со нас имаме и доктори, нутриционисти за девојките и јас се трудам истото тоа да го пренесам и дома. Сепак, не е нешто строго, но нема ни опуштање и хранење нездраво.

BETТY: Со оглед на тоа што целиот живот спортувате, како според Вас спортот влијае на здравјето?
Јас како професионален спортист можам да кажам дека е многу тешко да бидеш професионален спортист, сите мислат дека е тоа многу лесно, дека трчаме по топка и дека е тоа тоа. Проблеми кои се јавуваат кај спортистите се секогаш тие операции и мислам дека секој професионален спортист кој има тешки натпревари има најмалку по една операција. Тоа е нешто кое е малку полошо, но сепак, мислам дека спортот влијае многу добро на здравјето. Пред сè, во здраво тело, здрав дух, мислам дека ние спортистите имаме, пред сè, добар дух, весели сме, а самото тоа ти дава можност и енергија здравјето да ти биде супер.

BETТY: Освен ракометот, која е Ваша друга омилена спортска активност?
Јас многу сакам одбојка, тука кај нас нема толку, но многу сакам одбојка, мислам дека е тоа навистина убав спорт, особено за женски дека е женствен спорт за разлика од ракометот. Но јас не би можела да се снајдам во одбојка веројатно, бидејќи сакам дуели и сакам  цврста игра. Многу сакам да гледам и атлетика, кога беше Олимпијадата следев атлетика и мислам дека тоа е еден од поубавите спортови.

BETТY: Порака до читателите на BETТY магазин?
Сакајте ги своите најблиски дома, бидете позитивни и мислам дека самата позитивна енергија која ќе излегува од нас и  ќе се пренесува на луѓето  околу нас ќе нè направи сите посреќни.[mk_image src="https://betty.mk//wp-content/uploads/2016/11/App_cover_nov2016.jpg" image_size="full" align="center"]

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>