Фармацевти
Контакт

<< Назад

BETTY магазин, септември 2015

септември 1, 2015

[vc_column width="1/2"][mk_image src="https://betty.mk//wp-content/uploads/2015/08/Cover_sep.jpg" group="_general" margin_bottom="0" crop="false"][vc_column width="1/2"]

САШКО КОЦЕВ



Се пронајдов во улогатa на македонската варијанта на Дон Кихот – Крсто од „До Балчак“



Broj 19, септември 2015

Уживам да возам и да патувам

Бојана Симоновиќ

Хумор и многу хумор во своите идни проекти најавува актерот Сашко Коцев во ексклузивното интервју за BETTY магазин. Говорејќи за своите инспирации и предизвици Сашко ни откри дека својата работа ја чувствува како задоволство и затоа го има целото слободно време на светот. Актерот ни откри и која улога е негов предизвик, станува збор за ролјата на Виктор од „Кула Вавилонска“, дело на Горан Стефановски. Како актерската сцена Коцев ја доживувал на почетокот на својата кариера а како сега, е само една од занимливостите кои актерот ги открива за BETTY магазинBETTY: Вашето име се поврзува со насмевки и оригиналност. Вие сте еден од ретките актери за кои може да се каже дека е подеднакво интересен за помладата и постарата публика. Се чини дека виновник за тоа е, пред сè, Вашата неспорна креативност... Од каде ја наоѓате инспирацијата за Вашата уметничка експресија?
Во време на нестабилни општествени прилики, чести политички превирања, изместени вредности и нарушени меѓучовечки односи, хуморот е најдобриот, најбезболен и конечно најприфатлив начин да се говори за болните теми. Истовремено, хуморот често знае да биде и лизгав терен за уметникот затоа што не можете да се сокриете зад разни форми на квази уметничка естетика. Едноставно е, или ви е смешно – или не ви е. Затоа, среќен сум што успешно пливам во овие води.

BETTY: Сте биле дел од многубројни театарски проекти, филмски остварувања, стенд-ап комедии, а познат сте и како водител на манифестацијата ,,Златна бубамара“, каде најмногу се пронаоѓате?
Во приватниот живот! Сите останати работи се катализатор за мојата среќа и задоволство.

BETTY: За Вашата појава на „Златна бубамара“ се зборува цела година сè додека не дојде ново издание на оваа манифестација. На кој начин се подготвувате за ова шоу кое македонската публика секогаш со нетрпение го очекува?
Сите девијантни појави и небулози кои се случуваат во текот на годината и на локално и на глобално ниво ги складирам во мојата потсвест. Во одреден момент им дозволувам да излезат по пат на струја на свеста, ги доработувам, моделирам и доаѓам до финалниот производ. Често, во зависност од моменталната инспирација, импровизирам.

BETTY: Иако сте млад актер имате солидно искуство на театарската сцена, се сеќавате ли како беше кога прв пат застанавте на штиците кои живот значат?
Сцената ми изгледаше голема колку фудбалско игралиште. Ниту дел од теоретското знаење и способноста за емотивна манипулација приучена во базените на ФДУ не можев да ги спроведам во пракса. Недостасуваше алката наречена занает. За среќа, денес сцената ми изгледа голема колку терен за сквош.

BETTY: Која театарска улога е Ваш најголем предизвик и би сакале да ја одиграте?
Можеби ќе ви звучи малку чудно но мислам дека е вистинско време на некоја наша сцена да се постави малку подзаборавеното дело на Горан Стефановски „Кула Вавилонска“. Постои еден епизоден лик кој од досегашните интерпретации ретко кој го памети а се вика Виктор. За мене тој е сублимат од параноик, приврзаник на теории на заговор и речиси аутистичен лик неразбран од околината, но истовремено тој е и синоним за борец по вистината и човековите права и слобода!

BETTY: Од досегашните Ваши театарски и филмски улоги, постои ли некоја во која најмногу сте се пронашле?
Крсто (До Балчак), сиров, суров, правдољубив борец за идеали фатен во коштец со ветерници...Македонска варијанта на Дон Кихот.

BETTY: Колку сте Вие задоволни од посетеноста на театарските претстави и заинтересираноста на публиката во Македонија?
Сосема задоволен. Продажбата на карти на касите е секогаш најдобриот индикатор за вредноста на претставите.

BETTY: Ја игравте главната улога во филмот „Трето полувреме“ заедно со една од најубавите Македонки, Катарина Ивановска. Какво искуство беше тоа за вас?
Вистински тест за мојот моментален актерски капацитет. Крупен залак. Релаксираната соработката со Кате и со Дарко го намали притисокот кај мене создаден, пред сè, од медиумите и големите очекувања од јавноста.

BETTY: Колку сте задоволни од филмската продукција во Македонија, се вложува ли доволно во македонскиот филм?
Мислам дека има одреден прогрес во македонската кинематографија. Се вложува пропорционално со економската состојба и капацитет на државата. За мене понекогаш се проблем темите кои се третираат. Ми се чини дека нашата кинематографија пати од претенциозност, потреба да се вметне сета светска мудрост, односно да се кажат повеќе работи од тоа што може еден филм да издржи.

BETTY: Може ли солидно да се живее од актерската професија во земјава?
Може. Понекогаш е потребна по-голема амбиција и повеќе работа. Тука, пред сè, мислам на приватни проекти, стенд-ап настапи и други side way проекти.

BETTY: Колку актерството остава простор да се посветите на Вашиот приватен живот?
Актерството е во целосна хармонија со мојот брак и потребата од социјализација.

BETTY: Колку имате време за слободни активности и како најмногу сакате да го поминете Вашето слободно време?
Кога работата ја чувствувате како задоволство а не како работа, тогаш
го имате целото слободно време на светот. Уживам да возам и да патувам.

BETTY: Што може да очекуваме од Вас на професионален план во иднина?
Еден куп нови претстави, филмови и хумор...многу хумор...затоа што хуморот е една од најпотребните работи што го осмислуваат вашиот живот.

BETTY: Колку актерската професија остава простор да можете да водите здрав начин на живот?
Алкохолизмот, наркоманијата и дружењето со девојки со сомнителен морал се само клишеа за сега веќе подзаборавената и речиси искоренета боемштина. Современите актери денес се модерни гладијатори.

BETTY: Колку сте физички активни и имате ли некое хоби со кое ја одржувате Вашата форма?
Не сум толку амбициозен како колегата Гораст Цветковски, но не сум ни со лажна волја за физичка активност како колегата Славиша Кајевски. Знам да направам пар стомачни, пар тегови, одвременавреме внимавам на исхраната, што ќе рече, наместо две знам да изедам само една шарска плескавица (се смее).[mk_image src="https://betty.mk//wp-content/uploads/2015/09/App_MK_cover_sep_2015.jpg" image_size="full"]

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>