Фармацевти
Контакт

<< Назад

BETTY магазин, Oктомври 2017

септември 1, 2017

[vc_column width="1/2"][mk_image src="https://betty.mk//wp-content/uploads/2017/09/betty_mk_oktobar_no44-web-1.jpg" group="_general" margin_bottom="0" crop="false"][vc_column width="1/2"]Златан Стипишиќ ЏибониПрави онака како што чувствувашBroj 43, октомври 2017Музичката кариера ја започнал во средината на осумдесеттите години од минатиот век во родниот Сплит, како фронтмен на групата „Осми путник“, продолжил во „Дивље јагоде“, а потоа во почетокот на деведесеттите запловил во соло кариера, со нешто помирни тонови и многу поемотивни текстови. Од тогаш до денес има издадено десет студиски албуми, од кои последниот, наречен „Фамилија“, го снимил заедно со својот долгогодишен пријател Оливер Драгојевиќ. Ексклузивно за BETTY –  Златан Стипишиќ ЏибониBETTY: Дали е храброст во ова време, кога дискографијата изумира, да се сними тематски албум како што е „Фамилија“?

Џибони: Јас секогаш сум сметал дека треба да правиш онака како што чувствуваш. Како прво – не смееш да ги лажеш луѓето. Не можеш ти сам дома за себе да свариш риба шкарпин, а на другите да им кажеш да јадат не знам што, да речеме пуканки. Она во што ти уживаш, треба да го поделиш со луѓето. Луѓето тоа едноставно ќе го почувствуваат, дали нешто е искрено или не. Јас знаев дека е ЦД како формат е мртов, дека албумот е мртов, дека тоа не постои повеќе...

BETTY: Но Вие и Оливер тоа со овој албум го демантиравте...

Џибони: Тоа е шок, верувајте ми. Јас 2012 и 2013 престојував во Лондон една година и бев таму она утро кога е затворен последниот голем ЦД шоп во тој град. Тие престанаа да веруваат во ЦД. Денес тоа е продавница за играчки. Значи, ЦД-то  умре. Но, ете ние направивме ЦД, бидејќи јас сакам албум, Оливер сака албум, не можеш со една песна да објасниш сè што сакаш во даден момент, некоја песна е љубовна, друга, пак, има поинаква тематика, има песни каде јас сум негативец, има и такви каде таа е ужасна. Многу различни приказни. Не знам како тоа да го објаснам, едноставно животот не е еднонасочен, па сè да собере во една песна. На некои тоа им успеало, па се генијални, но јас не знам поинаку туку вака. Направивме албум за себе и тогаш се случи во него, барем засега, да се пронајдат 40 000 луѓе.

BETTY: Како Вие и Оливер ги делевте песните на албумот? Како тоа изгледа кога одлучувате?

Џибони: Јас кога пишувам, пишувам за себе, така што јас од песните потешко се одрекувам, која било да е во прашање. Така беше и овој пат. Дојдов кај Оливер да му покажам што напишав во последно време и тогаш додека му свирев, тој се препозна во некои од песните. Колку и да сум врзан за тие песни, за некои знам дека тој со својот глас може да ги донесе на еден поинаков начин, затоа не се бунев кога предложи некои да ги снимиме заедно, а некои дури и да ги задржи за себе. Некои од тие песни тој ги направи поемотивни, помеки, прозрачни, тоа е таа негова дарба. Ние двајца не припаѓаме на исти школи, тој растел со музиката од Реј Чарлс, јас со  R'n'R така што ја немаме истата енергија во песните, што е многу добро. Еве, на пример, песната „Гдје то пише“... Јас да ја испеав тоа би била една јака рок балада, речиси како од албумот на Бело Дугме „Битанга и принцеза“ од 1979 година, со тапани, гитари, многу врева, а кај Оливер тоа е донесено на сосема поинаков начин. Како би рекол, јас во момент препознавам дека е подобро некоја песна да ја препуштам, или, пак, да ја задржам за себе и ако тогаш пресечам, тоа е тоа.

BETTY: Кога го запознавте Оливер, можевте ли да претпоставите дека толку долго ќе трае Вашето пријателство?

Џибони: Кога човек е помлад знае понекогаш да биде прилично суров, па така и јас со 24 години мислев дека оние со 34 треба да одат во пензија, дека се науживале до тогаш.  Да бидам искрен, кога го запознав Оливер ни на крај на памет не ми беше дека ќе станеме така блиски пријатели, дека таа разлика во годините нема да биде некој јаз помеѓу нас, дури спротивно. Дури ни за себе не можев да претпоставам дека публиката толку долго ќе ме поддржува. Мислев дека сето тоа ќе биде со многу пократко траење отколку што навистина е.

BETTY: Соработката ја започнавте уште пред четврт век со прочуената „Цесарица“, потоа дојде дуетот „У љубав вјере немам“, па ете и албумот „Фамилија“. Дали ќе има продолжение на заедничката приказна?

Џибони: Нас нè спои музиката, само таа е таа која може да направи евентуална „Фамилија 2“. Не може сега некој да дојде и да ни рече „ова добро се продава, ајде да направите уште еден таков албум“. Тоа не доаѓа предвид бидејќи не би можел да напишам песни во кои не верувам, ниту Оливер би можел да пее песни кои не ги чувствува.

BETTY: На албумите соработувате со некои од најпознатите музичари од речиси сите меридијани. Како успевате да ги соберете на таа мисија?

Џибони: Уф, тешко е да се објасни, бидејќи јас работам за многу мал пазар. Мислам дека тоа е разбирање  и некој вид поддршка на мојот труд од нивна страна. Тоа чувство го препознав кај Тони Левин, Ману Каче, многу други... Тие секогаш се чудеа, знаејќи дека работам за мали тиражи, а инсистирам на продукција како да работам за Америка, Британија, Австралија, Канада или Јапонија. Тие секогаш кон мене имале заштитнички однос, како: еве еден кој не е баш нормален, но заслужува да му подадеме рака. Знам дека финансиски не можам да ги стимулирам на таква жртва, туку единствено уметнички.

BETTY: Што од рокенролот Ве одвлече кон поп-музиката, но и кон медитеранскиот звук, каде беше тој пресуден момент?

Џибони: Јас сметам дека рок-музиката не ја сочинуваат децибели, дека тоа не е бучава, туку дека е енергија и порака. Тоа е мое мислење. Како што, на пример, мислам дека Оливер Драгојевиќ не е пејач на шлагери, туку блуз или соул пејач, поради таа негова енергија која ја внесува во песните. Навистина, тој доаѓа од Далмација, па со самото тоа се слуша и звукот од тоа поднебје, тие хармонии, теми, тие архаични далматински изрази, но по својата вокација тој е многу поблиску до Реј Чарлс или Стиви Вондер, отколку на некои пејачи од Сплитски фестивал.   Сличен е и мојот случај. Овде луѓето ме познаваат од различни фази и секој има свој суд. Но, кога за мене и за мојата музика судат луѓе кои не ме знаат, кои не знаат ништо за мене, освен она што го работам во овој момент, тие ме доживуваат како рок-изведувач. Рецензиите од моите албуми излегувале во „Rollingstone”, „Metal Hammer”, „Rock Hard”, најлудите рок-магазини, каде коментарите беа „ова е нешто од Медитеранот, како Цукеро, но многу повеќе рокерски“. Тоа е доста неутрален став  на еден Англичанец или еден Германец.

BETTY: На албумот на англиски јазик, кој го објавивте пред неколку години, зазвучевте повеќе рокерски, потврдо...

Џибони: Не е толку тајната во звукот, колку во содржината. Не ми е важно колку гласно нешто сме отсвиреле и какви фризури сме имале, мене најважна ми е пораката. Одев таму да свирам, по најприроден пат, медиумите не можеа да прават приказна од мене, бидејќи јас не сум Ријана ни Бијонсе, туку рок-музичар, а приказната се прави така што одиш на концерти. Имав турнеја во неколку градови во Германија, Холандија, Австрија и некој би рекол дека тоа е супер, како што е,  супер е, но тоа се толку големи земји што ти не би смеел да застанеш на осум концерти, туку на 808, за да би дошол до сите луѓе до кои треба да дојдеш. Тоа е огромен простор, а за на него нешто да направиш, би требало да се преселиш таму, за што, исто така, имав понуда. Меѓутоа, некои работи мораш да ги направиш на 21, а не на 41 година. Мислам дека малку задоцнив за таа приказна.

BETTY: Како настануваат песните на Џибони, од каде ја црпите инспирацијата?

Џибони: Дел е она што го доживувам, дел што гледам. Понекогаш влегувам во туѓа кожа, го гледам светот со други очи и тогаш тоа го преточувам во песна. Едноставно, не можете сè да доживеете, но можете да разберете. Се трудам во своите песни да не бидам судија, да не носам некои судбински заклучоци.

BETTY: А што им советувате на Вашите деца?

Џибони: Најважно во животот е да ги изведеш децата на вистински пат. Полесно е пеш да се стигне до Кина и назад, отколку да се всадат некои вредности на дете во пубертет! Се трудам и давам сè од себе на тоа поле, многу сум задоволен со нив, мислам дека излегоа добри луѓе и тоа ми е најважно. Секогаш велам дека најважна амбиција во животот треба да им  биде – не да успеат во животот, туку животот да им успее. Тоа е голема разлика. Да бидеш со луѓе кои те сакаат, те почитуваат, да ги почитуваш, да носат емпатија во себе, а не да бидат предатори, да не одат низ животот и да земаат сè што ќе им се допадне и да ги повредуваат луѓето околу себе. Тоа секоја будала го може.

BETTY: И оваа година во Вашите раце завршија неколку награди „Порин“. Колку Ви значат музичките признанија денес?

Џибони: На почеток тоа ми беше некој ветер во гроб, а сега некако ми е драго дека не ме заборавиле. Ако човек е малку благодарен, треба да ја искористи приликата и да се заблагодари на публиката што те држи таму каде си, бидејќи сето тоа можело да трае многу пократко.

BETTY: Запросувањата се многу честа појава на Вашите концерти. Не ретко има и покани да бидете кум...

Џибони: Мислам дека тоа и почна на моите концерти. Имаше сешто таму. Еднаш момче сакаше да запроси девојка, таа му рекла дека ќе размисли, а утредента го оставила. Пред 7000 луѓе тој плаче и вели: „Сакаш да се омажиш за мене“, а таа одговара: „Не знам“. Што не знаеш, мислам јас. Имаше и со среќен крај, имаше сешто.

BETTY: Ви се обраќа ли некој по Вашето вистинско име?

Џибони: Ретко, навистина ретко. Главно ме викаат Џибо, понекој и Злаја, поради името, Златан доста ретко. Дури и дома се изненадувам кога некој така ќе ме ослови, бидејќи таму сите ме ословуваат по роднинска основа.

BETTY: Што би бил Џибо да не  е музичар, дали постоела некоја алтернатива и дали некогаш сте биле на чекор од откажување од музиката?

Џибони: Како во кој момент од животот. Јас мислам дека секогаш би бил музичар, без оглед на тоа со што би се занимавал. Би свирел, макар сам за себе во својата соба. Тоа е едноставно во мене, од тоа не може да се избега. Мене тоа ми е предодредено. Татко ми беше музичар, дедото и прадедото кои ете не ги запознав, исто така, биле  музичари. Тоа е љубов, не е тоа некоја работа на избор. Тоа едноставно ќе те обземе, опседнат си. Да не успеев во ова, би живеел од нешто друго, но за себе би бил музичар, тоа го знам сигурно. Одев во уметничко училиште, учев да бидам вајар бидејќи тоа ми е некако блиско до музиката, уметност е, но во животот не се занимавав во тоа.

BETTY: Омилен писател...

Џибони: Габриел Гарсија Маркес, книгите „Сто години самотија“, „Есен на патријархот“. Исто така, ме одушевува Орхан Памук, Борхес, од овие простори Данило Киш. Тоа се писатели чии дела ме менувале.

BETTY: Кое мото Ве движи?

Џибони: Не знам, тоа уште не успеав да го најдам...

BETTY: А толку ги има во Вашите песни, често луѓето ги цитираат...

Џибони: Се наоѓа тука по нешто, но не како максима на животот. Јас често во песните пеам за себе каков што не сум. Некои песни ги живееш, иако не си ги доживеал. Ако веќе извлекуваме нешто од моите песни, нека биде она „могло би бит да је лакше умрит, него људима реч – опрости“. Јас се учам да простувам и  мислам дека добро ми оди за сега.[mk_image src="https://betty.mk//wp-content/uploads/2017/09/betty_mk_oktobar_no44-web-1app.jpg" image_size="full" align="center"]

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>