Фармацевти
Контакт

<< Назад

BETTY МАГАЗИН, СЕПТЕМВРИ 2018

септември 1, 2018

[vc_column width="1/2"][mk_image src="https://betty.mk//wp-content/uploads/2018/09/betty-mkd-naslovna-septembar.jpg" group="_general" margin_bottom="0" crop="false"][vc_column width="1/2"]АЛЕН ИСЛАМОВИЌМоите долини на сеќавањата

Број 55, септември 2018.Иако веќе е во седмата деценија од животот, и понатаму е и тоа како активен на бината, пред микрофонот, но и на тенискиот терен и на скијалиштата, во насадите со лешници кои планира да ги подари на својот внук. Растргнат помеѓу „Бијело дугме“ и соло кариерата, помеѓу родниот Бихаќ и Загреб, каде живее со семејството, секогаш пронаоѓа време за дружење со пријателите, од кои повеќето се од школските денови. Најде време и да одговори на нашите прашања. Ексклузивно за BETTY – Ален Исламовиќ.

Далибор Мрдиќ

BETTY: Покрај бројните настапи со „Бијело дугме“, настапувате и со својот бенд. Колку се разликуваат тие две приказни?

АЛЕН: Можам да кажам дека многу се разликуваат. Со Горан го пеам „Дугме“ покрај „Оркестар за свадбе и сахране“, а со својот бенд ги изведувам тие песни изворно, онака како што ги работевме и ги снимавме во студио, оригинални интонации, во рок манир. Во тие мои верзии има малку повеќе пот и адреналин, но сè тоа е музика и сè тоа е добро, во двете варијанти. Луѓето уживаат на концертите, тоа е најважно. Ми се чини да им понудам само вокални верзии од песните, без инструменти, тие подеднакво би уживале. Искрено, јас покомотно се чувствувам кога „удира“ околу мене. Бенд е бенд, дури и кога малку ќе се распадне, тоа има своја магија. Премногу тантела и свила во рокенрол никогаш не е добро. Најбитна работа е таа вокалот да биде чист, сигурен и да „гази“, а останатите лесно ќе се „залепат“ покрај него. Како што еднаш рече Горан: „Кога ќе го научиш рокенролот, тогаш го возиш како велосипед“. Јас, ми се чини, го возам со леснотија.

BETTY: Подготвувате ли нешто ново за публиката? Сингл, албум?

АЛЕН: Секогаш пребарувам по некои песни, нешто запишувам, па го оставам во фиока да созрее. Ќе отсвирам на гитара неколку акорди, па ги оставам. Не си правам притисок дека морам нешто да создадам. Им давам шанса и на другите композитори нешто да ми понудат, да напишат. Не сум затворен тип. Некогаш од добра песна пејачот може да направи чудо, а таа песна на некому да му стои на страна и да не ја слуша во добра интерпетација. Би сакал да се пробам во тамбурашката музика, а уште не сум, можеби поради тоа што не сум наишол на нешто комотно што мене би ми се допаднало.Од година во година музиката се менува, продукцијата се бои на сосема некој друг начин. Од новите песни не слушам ништо. Ја обожувам тишината. Толку сум се наслушал музика, и светска и наша, што ми е доста за два живота. Немам простор во главата ни за еден тон од нечија песна. Некои песни поминуваат покрај мене од чиста љубопитност и ништо повеќе. Дури и кога возам, повеќе сакам да го слушам звукот на ветерот и гумите. Радио, главно, не вклучувам.

BETTY:  Ќе сними ли „Бијело дугме“ можеби некоја песна, со оглед на тоа дека доста настапувате? Нешто како подарок за публиката?

АЛЕН: „Дугме“ сè уште ќе одржува концерти, бидејќи има уште многу градови во светот каде не сме биле. Минатото лето свиревме во Русија, сега се спомнува Кина. Во Европа ќе свириме уште во десетина града во текот на оваа година. Нови песни засега не се во план, а можеби нешто ќе се изроди, ќе видиме.

BETTY:  За која песна од репертоарот на „Бијело дугме“ Ви е жал што Вие не сте ја испеале Вие?

АЛЕН: Жал ми е што не го имам испеано целиот албум од 1984 година, кога за прв пат добив покана за „Бијело дугме“. „Падају звијезде“ е песна родена за мене, а и тој цел албум е скроен по моја мерка.

BETTY: Како гледате на новите аранжмани во кои ги изведувате песните на „Дугме“ последниве години?

АЛЕН: „Дугме“ секогаш се менувало. Треба да се погледне во минатото и ќе видите дека таму секогаш нешто се случувало, зборувам за промените во авторска и музичка смисла. И оваа промена на некој начин ги освежи тие стари песни, ги облече во ново руво, што се покажа добро, бидејќи луѓето тоа го сакаат. Можеби за неколку години ќе има некоја нова идеја, па повторно тие песни ќе се облечат во нешто ново. Горан е фантастичен автор и тое одамна е докажано.

BETTY: Често во музиката кокетирате со фолк звук. Не ви е туѓ тој мелос.

АЛЕН: Јас сум таков тип, сакам сè да пробам. Песните некој ги дели на поп, фолк, рок, а јас ги делам само на добри и лоши. Ние живееме во поднебје каде животот ни го кројат звуците на шупелките, хармониката, трубите, тамбурите, чалгиите. Ако некој удри по гитара малку појако, тогаш тоа е веднаш светски тренд, не наш. Да се спои риф со нашето поднебје, тоа му успеа на Горан Бреговиќ. „Дивље јагоде“ со „Мотори“ направија револуција во осумдесеттите години, но потоа немавме таков хит. Блесна и „Шејла“, како песна, но не колку „Мотори“. Три инструменти тешко може да преживеат долга низа години. За таква свирка треба да се има европски и светски пазар. Балканот е богат и непресушен извор, уште има тука сè и сешто, само малку кој се занимава со тоа, сите би сакале светска слава.

BETTY: Вашата кариера беше прилично бурна. Доживеавте нешто што некој нема да го доживее ни за пет животи. Дали сте размислувале, како некои од колегите, да напишете книга?

АЛЕН: Да, размислувам за тоа. Веќе доста напишав и мојата биографија стои во фиока. Ќе се вика „Моите долини на сеќавањата“. Има околу 460 страници, ќе биде богата со до сега необјавени фотографии, полна со анег-доти и приказни зад завесите. Многу тука има завист и љубомора, интриги, измами, крадења, лаги.  Има сè. Луѓето кои ќе влезат во кругот на славните и популарните, се расфрлаат, стануваат егоисти. Мислат дека цел свет е нивни. Јас се сочував себеси, иако пливав во води каде имаше многу ајкули. Некој ќе рече, кога ќе ја прочита, дека нешто сум мател, а јас им порачувам и тие да ја напишат својата вистина. Книгата на Душан Весиќ за „Бијело дугме“ и мојата фаза во таа група е бесмислица и нема врска во вистината. Сето тоа беше многу поинаку и сакам луѓето да ја слушнат мојата страна од приказната.

BETTY: Покрај „Дугме“, бевте во „Дивље јагоде“. Дали е полесно да се пее во бенд или да се гради соло кариера?

АЛЕН: Кога не работиш во бенд, ако сакаш да одиш понатаму, тогаш работиш на својата кариера онака како што знаеш. Повеќе пари имам заработено сам отколку во двата бенда заедно, тука е разликата и се надевам ме разбирате. Работам онолку колку што сакам, ако треба 365 дена во годината. Со бенд тоа е неизводливо.

BETTY: Како ја избирате песната која ќе ја снимите? Што е најважно: текстот, мелодијата, енергијата?

АЛЕН: Песната ја прави некоја атмосфера, текст, мелодија. Мораш за тоа нешто да се закачиш и да се фатиш. Јас сум текстописец на целиот албум „Мотори“. Имам напишано околу 150 текста кои официјално се заштитени во агенции. Песната мора да мириса на нешто. Не сакам да слушам песни кои на нешто ме потсетуваат, или личат на нешто, бидејќи премногу имам слушано за да знам каде се крадело или се направил обид да се украде туѓо дело.

BETTY: „Бијело дугме“ беше најпопуларна музичка група на овие простори. Како се носевте со популарноста, како излегувавте на крај со обожавателите, девојките?

АЛЕН: Тоа време ме научи како да опстојам сите овие години. Ќе ја фатиш славата, а таа се урнува за еден месец. На патот до славата треба да си подготвен и на подеми и на падови. Сфатив што значи да паднеш и да се скршиш. Додека тоа не го поминеш, никогаш нема да знаеш да се вратиш. Доста нешта мораш да ги сложиш во главата: животот, семејството, другарството и многу други. Многумина мислат дека вечно може да се лета. Не може! Организмот се троши, мора малку и да е приземји, да се одмори, па повторно понатаму. Среќата, исто така, е клучна за оваа работа. Многумина се занимаваат со оваа работа бидејќи тоа го сакаат, а немаат врска со пеење или свирење. Денес има многу кои продаваат магла и ќе продаваат и понатаму, бидејќи растат генерации кои не знаат што е добро, а што не.

BETTY: Колку се дружите со колегите од светот на музиката?

АЛЕН: Многу малку. Моите пијатели се мои школски другари, спортисти, бизнисмени, доктори. Најмногу, кога станува збор за колегите, се имам дружено со Владо Калембер, Рајко Дујмиќ и Јурица Паѓен, кога го имавме заедничкиот бенд „4 аса“ кој во 2003 го основавме во Загреб. Денес со искрените пријатели играм тенис, патувам, се дружиме со скара и вино. Главно тоа се семејни дружења, ги канам на  гости во Бихаќ.

BETTY: Познат сте како вљубеник во скијањето.

АЛЕН: Ја обожувам зимата и снегот. Последните 20 години семејно ги имаме посетено најубавите скијачки центри во Европа. Но го сакам и летото. Лете одморам со семејството на Вир. Таму имаме викендица, па ги каниме пријателите на дружење. Главно, нашите ќерки, сопругата и јас никогаш не сме сами. Секогаш има некој од драгите пријатели.

BETTY: Некогаш активно игравте фудбал. Има ли денес време за физичка активност и како ја одржувате формата?

АЛЕН: Денес обожувам тенис и го играм редовно и во Загреб и во Бихаќ, каде имам свој клуб „Уна-гем“. Моите гени се спортски. Играв добро фудбал, пинг-понг, кошарка. Остана тенисот кој ми одговара, бидејќи нема контакт со противници, а и физичката активност доста ми значи за да можам со леснотија да пеам и да патувам од град во град.

BETTY: Кружат приказни дека сте биле најголем поборник на здрав живот во „Бијело дугме“. Како денес стојат работите по тоа прашање?

АЛЕН: Исто. И денес на концертите пијам исклучиво вода. Порано пушев, денес не. Полесно дишам, пеам, уживам во вкусовите кои животот ми ги нуди. Цигарите се зло кое разорува. Откога престанав со пушењето, заборавив што значи нервоза.

BETTY: Како се снаоѓате во кујната и која храна најмногу ја сакате?

АЛЕН: Одличен готвач сум, а посебно сум добар во правење скара. Моите јадења од фурна кои ги правам со зеленчук, јагнешко и телешко месо, се вистински хит.  Верувајте, кога сум во Бихаќ, својата фурна не ја гасам. Дури и пријателите, Словенци, доаѓаат во Бихаќ на месо од фурна или вршник, преспиваат и се враќаат дома. Сакам да готвам и чорби од дивеч. Се замислувам во еден мал ресторан, чиј сопственик сум, и каде им подготвувам на најавените гости ручеци и вечери. Би уживал во тоа. Моето мени би било составено од седум, осум јадења, ништо повеќе.

BETTY: Значи, готвењето е алтернативно занимање. Што уште од работите Ве привлекува?

АЛЕН: Мислам дека имам талент за столарство. Околу својата куќа во Бихаќ направив многу работи од дрво, клупи. Имам и доста машини за обработка на дрво. Едноставно, го сакам мирисот на дрвото. Кога го отворив првото кафуле во Бихаќ во 1987 година, мислев дека завршив со музиката. Тогаш покренав и диско клуб. Работата одеше одлично, па семејно имавме и подрум со пијалаци. Кога нешто работиш мора да одиш до крај. Половично нешто да се работи, тоа не се исплаќа. Денес сум во земјоделството. Имам околу 24000 квадрати обработливо земјиште, на кои засадив околу 1500 стебла лешници. Сето тоа е во близина на реката Уна. Тој насад ми значи многу, сакам да го оставам на својот внук. Лешниците по својата природа раѓаат до 80 години. Бихаќката земја е плодна за лешници. Дури правев и нејзина анализа, која покажа дека тоа е една од најплодните ораници во БиХ.  Некогаш одамна Уна го поплавувала Бихаќкото поле, така што земјата е полна со хумус и бигор. Ете, си најдов работа за кога ќе престанам да пеам.

BETTY: Како ја избирате гардеробата за појавување во јавност, за настапи?

АЛЕН: Моето семејство тука доста ми помага. Без нив не купувам ништо.

BETTY: Мото кое Ве движи?

АЛЕН: Работа, работа и само работа.[mk_image src="https://betty.mk//wp-content/uploads/2018/09/betty-mkd-naslovna-septembar-app.jpg" image_size="full" align="center"]

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>