Фармацевти
Контакт

<< Назад

БЕЗГЛУТЕНСКА ИСХРАНА

ноември 1, 2019

Како да се победи интолеранцијата

 

Секоја болест покрај медикаментозната терапија бара правилна исхрана, па така и појавата на интолеранција на глутен.

 

Автор: Лејла Мујовиќ

м-р по фармација

 

Во маркетите сигурно сте имале прилика на некои производи да прочитате натпис: не содржи глутен, и сте се запрашале зошто е важно дали во некоја намирница го има или не. Во овој текст накратко ќе објасниме за својствата на глутенот и безглутенската исхрана.

 

Несакани ефекти

Глутенот е протеин кој се наоѓа во житните растенија како што се јачмен, ’рж и пченица. Поради својата леплива текстура тој помага во одржување на обликот и подигање на тестото. Тој е тешко сварлив протеин, па прехраната која изобилува со него го оптоварува системот за варење што води до појава на алергија, го поттикнува развојот на бактеријата Candida albicans, тегоби во желудникот, проблеми со варењето, изнемоштеност, главоболки и некои дерматолошки проблеми.

 

Интолеранција на глутен

Интолеранцијата на глутен не е едноставно да се препознае, а доколку имате некои од наведените симптоми, дијагнозата многу лесно се утврдува со анализа на крв. Интолеранцијата на глутен се лекува со една метода ‒ целосно елиминирање од исхраната на намирници кои го содржат.

Дисциплинирано и стриктно придржување кон правилата за безглутенска исхрана е единствен пат кон подобрување на општата состојба на организмот, а за тоа колку е  делотворно, зборува фактот дека лекарите го препишуваат и на пациенти заболени од автоимуни болести. Секоја промена, а посебно промена во исхраната, не е нешто едноставно, затоа запознавањето со основните факти е многу важно. Лицата кои се на безглутенски режим на исхрана мора да почитуваат неколку основни начела.

 

Домашна исхрана

Тестенините и лебот мора да се подготват со житни растенија кои не содржат глутен. Создавањето на оваа навика може да звучи тешко, но ќе се зачудите колку свеста за глутенот денес е присутна. Секоја продавница за здрава исхрана нуди многубројни продукти без глутен, што ја олеснува секојдневната рутина. Пченкарното, брашното од хелда, од кокос и од ориз се најпристапни брашна кои не содржат глутен. Исто така, на интернет се наоѓаат многубројни рецепти за подготовка на безглутенски теста кои не одземаат премногу време.

 

Дозволени и недозволени намирници

Намирници кои е дозволено да се користат во овој режим на исхрана се: сите овошја и зеленчуци, млечни производи, јаткасти плодови, јајца, сокови, месо и риба.

Намирници кои мора да се избегнуваат во овој режим на исхрана се: индустриски тестенини, сите производи кои содржат житни растенија како јачмен, ’рж, овес, пченица, камут и спелта, соја, кечап и разни сосови и зачини.

Прехранбената индустрија јасно ги обележува производите кои не содржат глутен, така што не мора да правите големи отстапувања од омилените вкусови. Сè што е потребно е внимателно да ги бирате намирниците.

Доколку се сомневате дека, сепак, сте интолерантни на глутен, нека еден месец  исхраната ви биде според овие начела и тестирајте го својот организам. Губењето на несаканите килограми често се јавува како позитивен придружен ефект на овој начин на исхрана.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>