Фармацевти
Контакт

<< Назад

Бидермаер

јуни 23, 2015

[vc_column width="1/1"]Симбол на вечна љубовКатарина Вијатов

Обичај е цвеќето да се реди кружно, а ние избравме црвени ружи и зелени хортензии од градината, бидејќи заедно означуваат романтика, склад, свежина, срдечност и разбирање

Некогаш одамна младенците носеле мали и мирисни букети од полско цвеќе, за кое се верувало дека ги брка злите духови, како и пченица, која се сметала за симбол на плодноста. Во 15 век започнува кружно аранжирање на зачински билки со јак мирис, со идеја да ги штитат младенците од разни болести. Во цвеќето задолжително се ставани невен и мирудии, а по венчавката младенците букетот го јаделе.

Обичајот за кружно редење на цвеќето се задржал, како симбол на вечна љубов, само што зачинските билки се заменети со раскошни цветови со опоен мирис. Ни младенците веќе немаат обврска да го изедат букетот, туку невестата го фрла на немажените другарки, а се верува дека прва ќе се омажи токму онаа која ќе го фати.

Бидермаерот може да се купи, но и да се направи. Ние одлучивме свечениот букет да го направиме од мирисни црвени ружи набрани во градина (силната боја на цветовите е симбол на зрелост за мажење) и цветови од хортензија во облик на топка, кои симболизираат срдечност и разбирање.

Од материјал и алат користевме нож, ножички, лепило, сребрен прав, златен тил, свилени ленти и, се разбира, цвеќе и листови. Црвените ружи, кои симболизираат љубов и романтика, треба да се исчистат од трњето, зелените цветови од хортензија, кои симболизираат склад и свежина, од листовите, а дршките да им се скратат подеднакво.

9

Цвеќето го редевме во круг, па ги фиксиравме дршките да не се поместуваат додека ги украсуваме. По работ кружно ги поставивме широките листови од хортензија, потоа златниот тил. Дршките ги замотавме со свилена лента, а сребрениот прав по цвеќето го фиксиравме со лепило. Резултатот е елегантен бидермаер, стилски изедначен, со богата симболика.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>