Фармацевти
Контакт

<< Назад

БИОНИЧКА РАКА СО ЧУВСТВО ЗА ДОПИР!

ноември 1, 2019

Научниците од Универзитетот во Јута конструирале бионичка рака која пациентот ја контролира со помош на импулси испратени од мозокот. Раката со нервите е поврзана со помош на сноп од повеќе од сто ситни електроди. Командата од мозокот оди до компјутер со кој раката е поврзана, каде се преведува во сигнали врз основа на кои се движат механичките делови. Информациите кои сензорите, вградени во раката, ги примаат, исто така, преку компјутер се преведуваат во импулси кои преку нервите стигнуваат до мозокот. Кевин Валгамот, пациент на кој пробно му е вградена оваа направа, останал без рака пред седумнаесет години. Тој сега може да извршува бројни сложени движења, а прва работа која посакал да ја направи била самостојно ставање на венчалниот прстен. Кевин со помош на раката ја чувствува големината и текстурата на предметите што ги допира. Станува збор за протопип, а пред научниците стојат бројни предизвици кои треба да ги совладаат за вештачката рака да биде совршено функционална.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>