Фармацевти
Контакт

<< Назад

Болест на лудиот мед

јуни 23, 2015

[vc_column width="1/1"]Поради трансот во кој запаѓале консументите, римскиот историчар Плиниј го нарекувал т.н. луд мед (meli maenomenon) чудесен (miraculum melis) и меѓу првите утврдил дека потекнува од растението рододендрон (rhodos значи ружа, а dendron дрво). Денес во токсикологијата труењето предизвикано од овој пчелин производ се нарекува „болест на лудиот мед“ (mad honey disease). На турскиот брег на Црното Море расте особено отровен вид, Rhododendron ponticum, кој луѓето од тој крај го нарекуваат планинска ружа или црн отров, поради високата содржина на грејанотоксин во нектарот на растението. И покрај тоа што е познато дека консумирањето на „лудиот мед“ доведува до низа негативни последици, тој во народната турска медицина се препорачува за лекување на чир на дванаесетпалченото црево. Се верува и дека дејствува како афродизијак, па затоа многу жртви на труење се мажи.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>