Фармацевти
Контакт

<< Назад

Болки во коските

јуни 23, 2015

[vc_column width="1/1"]Причини, превенција и терапијаВесна Кнежевиќ Ќосиќ

Раната дијагностика и лекување се клучни за спречување на болката и отстранување на причините, а редовната физичка активност, здравата исхрана, контрола на телесната тежина, вежбите за истегнување и одржување на подвижноста се препорачуваат во превенција на дегенеративните промени во коските и зглобовите

Болките во колената, колковите, скочните зглобови, рамената, грбот, рацете, нозете, вратот и слабинскиот дел од ’рбетот го намалуваат квалитетот на животот, а тегобите, иако најчесто не го загрозуваат животот, го принудуваат пациентот да отсуствува од работа и му го отежнуваат извршувањето на секојдневните активности. Уште старите Римјани рекле дека „ослободувањето од болка е божествено дело“ (Sedare dolorem opus divinum est), па затоа е важно побргу да се постави дијагнозата и да се започне со лекување, бидејќи причините се различни, а со тоа и терапијата.

ДЕГЕНЕРАТИВНИ ПРОМЕНИ: Кај голем број луѓе од обата пола, дури во 70 насто од случаите, се јавуваат лумбален синдром и остеоартроза, односно ревма. Болестите од групата на дегенеративниот ревматизам не се трајно излечиви, но состојбата се подобрува со физикална терапија и аналгетици. Непријатната болка во грбот, односно крстот, која секое движење го прави неподносливо, и може да биде проследена со вкочанетост, барем еднаш во животот ја почувствувале околу 90 насто од лица од различна возраст, а кај половината овој проблем се повторил повеќе пати.

Лумбалниот синдром, за кој често зборуваат како за „болест на цивилизацијата“, го предизвикува прекумерно оптоварен ’рбет, вклештување на нервите (кога болката се шири до стапалата), зголемена минерална густина на коските, остеопороза, слабост на мускулите на грбот, големи физички напори. Ризикот за предизвикување на оваа состојба може да биде кревање предмети, наведнување, нагло свртување. Почесто се јавува кај дебели и физички неактивни луѓе, па треба да се води сметка за телесната тежина, за здравиот начин на живот и редовни физички активности.

Се дијагностицира со компјутеризирана томографија (CT) и магнетна резонанца (MR), а лекувањето е насочено кон намалување на болката и отстранување на причините. Во акутната фаза се препорачува затоплување и мирување, кое не треба долго да трае поради слабеење на заштитните мускули на грбот. Болката се спречува со аналгетици (ибупрофен , парацетамол). Корисни се физички вежби за размрдување и одржување на подвижноста на слабинскиот дел од ’рбетот и јакнење на мускулите (кинезитерапија), а се учат под надзор на физиотерапевт.

Остеоартроза или „ревма“ е „болест која шета“, бидејќи симптомите на „клукање“, топлина и болка наизменично се јавуваат на различни зглобови, во почетна фаза кога некој зглоб е подолго оптоварен, а подоцна дури и ноќе кога се мирува. Проблемот се јавува поради ’рскавицата која ја губи еластичноста, а со годините, помеѓу 50 и 60, се менува нејзината структура, се намалува содржината на вода и се јавуваат промени на молекуларно ниво. Во превенција помага правилно држење на телото, корекција на рамни табани, физичка активност, правилна исхрана и избегнување вишок килограми. Тегобите се олеснуваат со физиотерапија, со регулирање на телесната тежина и препарати против воспаление на зглобовите. Влажноста и студот ја влошуваат состојбата.

РЕВМАТСКИ БОЛЕСТИ: Во ревматски болести се вбројуваат дегенеративни ревматски заболувања, воспалителни болести и вонзглобен ревматизам, кој по правило ги зафаќа рамената и лактовите, а заболените се жалат на болки при движења на зглобот во одреден правец (подигање на раката во рамото).

Воспалителните ревматизми (ревматоиден артритис, системски еритемски лупус, полимиозитис, различни васкулитисни синдроми) се ретки, опфаќаат 3-4 насто од заболените од ревматски болести и може да доведат до оштетување на другите витални органи и да го загрозат животот на пациентот, па бараат континуирано лекување и контрола. Со појавата на воспалителни заболувања имаат врска и наследните фактори, лекувањето се спроведува во специјализирани установи, а лековите се земаат доживотно.

РЕВМАТОИДЕН АРТРИТИС: Од ова прогресивно заболување на зглобовите страда околу 1 насто од возрасните, а во Европа повеќе од 3 милиони ги чувствуваат тегобите. Причината е непозната и засега само се претпоставува дека до појава на хронично воспаление на зглобовите, трајна болка и инвалидитет доаѓа со комбинација на инфекција и генетска предиспозиција.

ЗАТОПЛУВАЊЕ: Промените на атмосферскиот притисок, влажноста на воздухот и  ниските температури влијаат на влошување на ревматските состојби и болни симптоми. Во многу случаи корисно е да се затоплуваат зглобовите, потопла облека, да се стави волнен завој на болното место и да се користат купки со млака вода. Меѓутоа, топлината не прави секогаш добро, кај некои воспаленија важи правилото „колку поладно толку подобро“, па треба да се консултира лекар. Помага и блага масажа на околните мускули и полека размрдување на болниот зглоб. Се препорачува престој во бањи и природни лекувалишта, со препорака и консултации со лекар.

Во Аптекарскиот музеј во Дортмунд, Германија, може да се видат изложени крзна од мачки, бидејќи некогаш се верувало дека топлината од крзното од мачки ја ублажува болката од ревма, па овој „лек“ можел да се купи во аптека. Во една енциклопедија од 1814 пишува: „Крзната од диви мачки му користат на човекот против болки во зглобовите“. Меѓутоа, пред 8 години ЕУ го забранила увозот на крзна од кучиња и мачки.

Билки против ревма

Некои намирници го забрзуваат исфрлањето на калциум од коските, а други помагаат зглобовите подобро да работат. Треба да се избегнува месо и преработки од месо и масни сирења. Секој зеленчук, а особено зелката и мешунките, помагаат за подобра работа на зглобовите.

Уште старите Египќани ја ублажувале болката со масирање на болното место со смеса направена од две лажички сусамово масло и по лажичка иситнет ѓумбир и сок од лимон. Еве неколку рецепти како да се ублажат болките по природен пат:

– Чај од семки од чичак: лажица ситно исечкан корен и листови од чичак се варат во пола литар вода пет минути, се остава поклопено 15 минути и се цеди, па се пие по 2 лажици, наутро и навечер.
– Маслото за масажа на болните места се прави од литар маслиново масло и 10 лажици иситнет лист од орев, се чува на топло еден месец и секојдневно се проматува три пати.
– Облогите од зелка се делотворен лек против ревматски болки. Листовите се ставаат на болното место три пати на ден, се замотуваат со памучна ткаенина и се прицврстуваат со завој.
– Чајот од целер треба да се пие млак три пати на ден, шест недели. Се подготвува така што во литар вода се варат 40 г од листовите пет минути, па се покрива, лади и цеди.
– Маслото од јоргован е добро за масирање на болните места. Се прави така што тегла од литар се полни со цветови од јоргован без да се набијат, се прелива со маслиново масло до врвот и се чува на сонце 15 дена.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>