Фармацевти
Контакт

<< Назад

БОЛКИ ВО ЗГЛОБОВИТЕ

јануари 26, 2016

[vc_column width="1/1"]

Како да ги лекуваме?

Мајда Штимац

Терапијата се заснова на ублажување на болките, намалување на телесната тежина, умерено физичко вежбање, одржување подвижност на зглобовите и избегнување заситени масти, транс масти, маргарин и рафинирани масла, кои можат да бидат предизвикувачи и на воспалитетни процеси во зглобовите

Болка и оток на еден или на повеќе зглобови на рацете и нозете се поизразени по студено време и погодуваат голем број луѓе. Најчеста причина е артритисот, кој се јавува во повеќе стотина облици, најмногу во облик на ревматоиден артритис, остеоартритис и гихт. Посетата на лекар е задолжителна, како поради адекватно лекување и ублажување тегоби, така и поради можноста симптомите да се сигнал за некоја сериозна болест. Главни ризик-фактори за болки во зглобовите се постара возраст и повреди.

Терапијата кај болки во зглобовите се заснова на ублажување на болките, корекција на лошо држење, намалување на телесната тежина, како и на умерено физичко вежбање и јакнење на мускулите за да се намали опторавувањето на зглобовите и да се одржи нивната подвижност. Многу е важна и промена на навиките во исхраната, бидејќи предизвикувачите на воспалителни процеси во зглобовите може да бидат заситени масти, транс масти кои ги има во пржената храна, маргарин и рафинирани масла. Поради тоа правилната исхрана е од огромна важност.

Добар избор се ладно цедените масла, маслиново, сусамово и ленено, како и масла од маслена репка и семки од грозје. Исто така, се препорачува и зголемен внес на омега 3- масни киселини, односно консумирање риба, јаткасти плодови, ленено семе, бидејќи ги намалуваат тегобите кај воспалителни процеси во зглобовите. Се препорачува и внес на каротеноиди, кои ги има во морковот, пиперките, тиквата, портокалите и друг зеленчук и овошје со јаки бои. Свежото овошје треба да се јаде барем два пати дневно, а зеленчукот да се консумира сиров или варен на пареа.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>